Не пушам но немам ништо против пушачите ..секој за себе одлучува .. а и немам намера да почнам да пушам
Не сум пушач, не дека немам пробано, ама ете така не сакам да пушам, инаку воопшто не ми сметаат пушачи, мајка ми и татко ми пушат, многу мои пријатели се пушачи.
И јас сум против пушењето , го сметам како губење време и фрлање пари за ништо. Кога ќе видам некој како пуши ваква сум
Не сум пушач и не ми сметаат таквите. Од кога знам за родителите и во друштво голем дел пушат, школскиве на одмор се со цигари, така да сум се навикнала и немам гајле. Многу ретко да земам од некого и да запалам, и тоа не што имам потреба, туку ми е интересно ете да се позафркавам.
Не, не пушам. Не, немам ништо против пушачите, туку имам против пушење во мое присуство бидејќи чадот ме загушува и ме тера на кашлање. Преосетлива сум на цигари, можеби поради тоа што никој од моите не пуши и сум порасната во непушачка средина. Како и да е, ако некој сака да си го загрозува своето здравје, нека го прави тоа на место каде што нема да загрозува ничие друго. Не - за пушење на јавни места. Последиците од пушењето се енормни, само што кога ќе се појават ќе биде прекасно за да ги спречите. Чудно е навистина како толку многу луѓе знаат за ова и одбиваат да се откажат од тоа „задоволство“. Сепак, не осудувам никого. Нивен живот - нивни правила.
Не пушам и никогаш нема. Не поради фактот што се штетни туку неможам да ги мирисам. Многу лошо ми мирисаат (а сум многу гадлива на лоши мириси) и ми се лоши од нив. Затоа и избегнувам пушачи. Ми сметаат.
Не и нема. Од моево семејство пуши мајка ми, мислам во куќата јас каде што живеам со баба ми , тетка ми, мајка ми, татко ми, брат ми, и јас. Другите баба и тетка пушат, и тетин ми . Многу мразам кога мајка ми пуши до мене, ми се гади од тоа чадот, и секад бегам.Ама си имам правило не смее ни најмало димче (дим од цигара да не помислите некое име) да влезе во мојава соба и на брат ми, иначе колам по дома
Не пушам, но не сум ни против. Секој за себе одлучува, јас не сакам и готово. Не ми пречи димот затоа што татко ми пуши многу така што навикната сум, а имам и пријатели пушачи. Штетно е, ама што е тука е.
мене лично не ми смета ако некој пуши, тој си пуши-тој си го губи здравјето, ама многу имам против кога некој ќе почни во кола да пуши мајка ми, татко ми, браќата, никој не пуши ама кога одам некаде со другарка ми и кога се враќаме со колата на татко и, и тој кога ќе почни да пуши многу се нервирам.. мислам аман бе, во задните седишта има две девојчиња од 12 години, ај што ја труеш другарката на ќерка ти ама ја труеш и ќерка ти !!! сум пробала цигара ама одма штом вдишав, ја изгаснав, ја фрлив преку оградата и после 3-4 пати заби миев, ама уште ми остануваше здивот навистина незнам зошто има некој потреба од цигари, океј знам, депресии, нервози ама мислам дека нервозата можи многу побрзо да ти помини и со маченце или кученце, например јас кога и да сум изнервирана, си ги галам мачињата и на се заборавам како и да е, не ги осудувам пушачите бидејќи тие веројатно имаат причина зошто пушат а и плус тоа, му станува во навика, само мислам дека треба да пазат и да не пушат во близина на други луѓе, а никако во близина на деца !!
Јас сум голем антипушач. Не сум пробала и нема ни да пробам. И ми смета кога некој пуши во мое присуство. А другите нека пушат, немам мишто против. Ама дечко ми ако почне да пуши тешко него ќе го скршам
Јас пушев цигари цело средно , значи 4 години. Кога дојдов на факултет при крај на првата година ги откажав и сеуште не пушам. Цели три год. Иначе ми сметаат, а и се нервирам оти дечко ми пуши цигари
средно палев онака со кафе а сега не ми смееетаа неможев да пешачам ке поодев малку и веднач се заморував вака поарно е без цигари ем пари не давач ем здрав живот си водиш
јас сум голем антипушач и за гревче све сум со пушачи што пушат по 2 кутии на ден ама еве веќе не сум фала богу се елиминирав од димната зона
едно неможам да сфатам, јас разбирам некој да не пуши и да му пречи димот, ама да се буни кога некој пуши во негово присуствож, пример на кафе, е тоа не можам! моја одлука е дали ќе пушам или не, ако сум кај тебе на кафе кажи кај мене не се пуши, нема проблем ама кога сме на кафе или било каде некој мене да ми каже неможе да пушиш зашто мене ми смета. или не пуши ! ај глеј си за себе јас можам да кажам дека пушам од втора година, значи година и нешто... да не го испуштам моментот дека моите не ни претпоставуваат,а пушам и дома, во друштво повеќето се непушачи и ги обожавам затоа што никогаш не рекле ни збор, макар и да им пречи
така е. сосема се согласувам не можеш на никој да му забраниш да прави што сака! и јас кога пушев најмногу се нервирав и се терав упм кога ќе ми речеа ајде бе батали ги цигарите немој да пушиш, гледаш дека ми смета, ќе се умирисам, леле косата ми ја умириса и сл.. катастрофа!! а сега да ги видиш ги јадат цигарите.. што се шета по нашава ни мила Земја хаххааа
Ги мразам, поголем анти-пушач од мене нема, неможам да ги поднесам едноставно. Секој си има право на избор да. Ниту друштвото ниту било кој друг неможе да влијае и да натера да поченеш да пушиш доколку ти самиот не одлучиш.
Што знам.. оваа година почнав така од време на време да палам по една цигара, кога имам друштво и слично. Сепак не планирам да станам активен пушач, не дека сум против цигарите нешто ептен, туку онака, не сакам.. Ете мајка ми е цел живот пушач па подобар организам, здравје Едноставно, мора да се умре од нешто Па дали тое ќе биде од цигарите, алкохолот.. или пак од нешто друго не е многу важно, секако животниот век кога тогаш ќе заврши. Па така мислам дека немате потреба толку многу да бегате од цигарите, од пушачите.. Не се толку страшни!