Милион пати против,особено ми смета цад од цигари во затворен простор.Не можам да ја поднесам миризбата
10 дена без цигари мило ми е што успеав да не запалам ни една цигара овие денови решив да ги откажам конечно , иако пред тоа реков дека ќе ги оставам не ги оставив пак почнав да пушам но сега и поради и здраствени причини решив да ги оставам и успеав! Браво за мене
Никогаш не сум запалила цигара нити ќе запалам некогаш. Ми смета чадот на цигарите. Воопшто не ми се допаѓа кога ќе видам некоја девојка или жена,дотерана, средена, убава и со цигара. Извините, ама мене не ми допаѓа. А за здравјето,па да не правиме муабет.
Против , ама више не ми смета чадот , цела фамилија од тетка до прабаба пушеле цигари и јас ќе бидам заедно со братучед ми црните овци ...... Али не осудувам никој што пуши цигари , ако не се лажам тие се одлични против стресот
Јас не пушам, но не ги осудувам оние кои се решиле на тој чекор. Секој си има право што сака да прави. Ама живеам со пушачи и велат дека непушачите не сме го разбирале тоа ама стварно барем мене ми е несфатливо. И да се нема пари за ништо друго за цигари се има. Цигарите се пред се. Кога ќе израчунаш неделно одат буквално едни фармерки поради трошокот за кутии. И сега поради што е добар тој порок? За ништо. Јас разбирам дека тој што почнал не може да престане и тоа е. Ама дека се има некакви бенефиции од пушењето цигари, не. Драго ми е што не се навлеков и поради тоа што имаше периоди кога пробував да пропушам.
Јас сум непушач и целата моја фамилија не пуши. Воопшто не ми смета доколку некој пуши, само потоа потешко се одмирисува собата, но не ми е проблем.
Јас бев пушач сакав добра цигара,кога се будев за да се расонам тоа го правев со цигара,веќе извесно време не пушам цигари и навистина ми е добро не арчам пари за нив признавам малку се здебелив,но не ми пречи.Против не сум за цигарите секој има право на свои одлуки никогаш не сугерирам никому кој и како да прави со својот живот,мегутоа ако некој ме праша дали пак би станала пушач одговорот е децидно НЕ,а доколку некој реши да го батали тој порок едноставно само ќе речам БРАВО тоа е ДОБРА ОДЛУКА
Пушев, па не пушев 2 години и бев голем поборник на цигарите. Што се случи, како се случи, не знам, пак пропушив. А толку многу ми беа одвратни... Е ајде де... Сега пак си чуркам, иако сум со желба да ги оставам, да им раскинам пак на неколку години... Ама ќе видиме, сеуште не сум цврсто решена.
Јас сум најголем противник на пушењето (на цигари да се разбереме ). Мило ми е што и дечко ми не пуши... бидејќи димот од цигарите многу ми смета
Пушам цигари, и не сум против. Пушам 1-2 кутии неделно од малите Винстон, што значи 20 цигари неделно мање више. Исклучок: + одмор и - колоквиумска/испитна сесија. На одмор се пуши повеќе од вообичаено, а за време колоквиумска/испитна сесија сведено на минимум.
Пушам.Непушев 2 год,тргнав на работа и почнав да ги пушам пак. Околумене сите пушат, и дечко ми беше против цигарите,но и тој препуши. Во друштво сите негови другари пушат,мене ме убедуваше на ги оставам,но виде дека сум инатлива,дека не ги оставам и тој препуше