^ Секогаш е добар почеток да престанеш да ставаш цигари во устата. Од таму нештата ќе се развиваат сами по себе. Он топик: хардкор непушач. Во животот не сум ни повлекол и се гордеам со тоа. Сепак сме мал клуб, колку што сум разговарал со луѓето. Бев многу против пушењето, но со новите закони многу полесно се дише. Сега слободно си велам кој што сака нека прави со својот живот, бидејќи јас не мора да трпам поради туѓи ќејфови.
Не ми пречат цигарите ги обожавам несакам да ги откажам бидејки во нив ми е едно задоволство наречено кафе без цигара не иде исто после с*х иде цигара .Не сум хроничен пушач на цигари внимавам каде палам несакам да зачадам некаде непотребно ..... ( и најважно во кола додека возам никогаш не палам цигара )
секој има некоја лоша навика, мојата се цигарите, сега за сега немам намера ни потреба да ги оставам, мислам дека телото само ќе ми покаже кога му се доста, ама сега ми се задоволство за кафе пауза, пауза во чистење....
Се согласувам со The-Queen дека тоа се залудно фрлени пари... еднаш пробав од љубопитност но не видов ништо привлечно во цигарите така да...не пушам цигари. Исто така сум пторив пушењето, многу ми смета чад од цигара :/
Јас ослабев бидејќи ме заситуваа и кога ќе ми се пријадеше некогаш си земав цигара.. Исто така имам читано дека го намалуваат апетитот и дека ако некој пушач ги откаже цигарите после може да накачи некој килограм бидејќи подобро го чувствува вкусот на храната и логично е повкусна да му биде и да има повеќе апетит.. Можеби ова е причината зашто јас накачив неколку килограми откако ги оставив ама сепак ништо страшно..
Не пушам. Барем сега за сега. Има веќе три години откога прв пат пробав цигара, но не станав пушач. Знам некогаш да запалам, за викенд. Или кога бев на одмор исто си зедов кутија. Во моментот кога ја пушам, океј некој филинг е како на пример летово..на плажа со коктелче во раце и едно цигарче...но откога ќе ја испушам ми е толку грдо и криво што воопшто тоа ѓубре сум го голтала.
Не пушам али и не сум против тоа. Ако на некој му е полесно (се смирува) после цигара, или му е убаво кафето со цигарчето, или пијалокот....нека си пуши. Димот понекогаш ми смета, ми ги суши леките кога се пуши и не се провертува просторот. Али, да се разбереме...цигари - не ама наргиле е друг муабет! Е, баш сега, уз пишувањето на ова, ми се дува наргиле
Не пушам ама имам тргнато неколку пати... најчесто во пијана состојба бидејки тогаш не премислувам што правам инаку не планирам да пушам..
Не пушам,генерално несум против пушачите и цигарите,но да не ми пушат дома и секако нема шанси да прифатам синовите мои да пушат.
Пушам веќе 7 години и тоа по речиси кутија дневно. Е сега, знам дека е штетно и се по ред, но не планирам да ги откажам во догледна иднина Едноставно, не можам да си замислам кафе без цигара, не можам да замислам нервозен момент (а ги има прилично многу) без цигара, ниту пак гледање филм, спортски натпревар без слатката „пуш пауза“ Почнав со Партнер, продолжив со Родео и тоа меко, некој месец во Америка пушев нешто со ментол и лаки страјк, кога се вратив ништо ми немаше вкус на цигара освен Волтер Вулф црно, па терав со тие добри 2 години Сега сум на Бенстон плаво и ми одговараат. И наспроти општото мислење, пушач сум но го поддржувам законот за непушење во кафичи Има нешто убаво и во тоа излегување надвор на цигара, па дури и на -10 Барем за мене де
пушам и тоа многууу откако знам за себе но во последно сакам да ги откажам ама незнам како кога сите околу мене пушат од цимерите, другарките,мајка ми , татко ми, дечкото,мајка му, татко му, абе буквално сите што се околу менее и ај сеа откажи ги
Пушев 10 год и ги откажав еве веќе 5 години,онака преку ноќ,неможев да ги смислам ми се гадеше од нив,а сега и чадот ми смета или да седам до некој кој пушел.
Јас сум многу мала за цигари,а и кога ќе пораснам нема да пушам.Дома сите пушат,а јас неможам да поднесам цигари и чад.Многу сум против цигарите...