Не пушам,ноо никогаш не сум била против пушачите,нема ни да бидам.Не можам јас или некој да бидеме против одредена група луѓе,секој има право на избор,секој си го живее животот како што сака!
Hе пушам цигари,имам пробано уште пред неколку години и не ми се допадна и сум против пушење цигари. Hормално ми сметаат тие што пушат во моја близина,зошто неможам да поднесам ме гуши,ми смета на очите,а и несакам да смрдам на цигари,а најмногу ме нервираат пушачи кои кај нив дома не пушат и ќе ти дојдат на гости и без осет палат цигари,ќе им кажеш ај може само една за со кафето,а тие десет и незнам кое задоволство е,не е ни за јадење ни за пиење,залудно потрошени пари за нешто со кое само се труеш
Не пушам цигари и сум многу голем противник на истите. Никогаш немам пробано, нема ни да пробам. Зошто да правам нешто што не ми носи никаква корист туку само штета. Како прво тука е лошиот мирис кој едвај го подесувам, а потоа тука се за џабе потрошените пари кои можат да бидат пренаменети за нешто покорисно и ред други работи.
Пушев 4 години, а веќе 1 не пушам.. Бев страсен пушач... Пред да почнам да пушам цигарите не ми сметаа, постојано се пушеше во моја близина. А сега, неможам да поднесам миризба од цигари, ако некој ми пушел во соба, миризбата ја осеќам уште 3 дена подоцна.. Се гушам... Пробав да запалам цигара, али не оди.. ептен сум ги баталила..
Не пушам, но не сум против пушачите бидејќи да, тоа е нивен избор. Вистина е дека димот од цигарите многу ми смети и никогаш не сум можела да го поднесам. Но сепак сметам дека луѓето кои пушат се тапа луѓе! Мислам.. на кутијата пишува што и како , а они ко ништо си продолжуваат.. После ќе се жалат што на 50 год се разболуваат и слично..
не си против пусаците ама сепак се тапа (мислам немора да се врегаме)како сто каза и самата тоа е нас избор .јас не сум протв пусаците (и јас сум една од нив)ама страсно се лутам кога ке ми запалат дома цигара или опсто у затвотена просторија
Пушам скоро 8 години. Секогаш секој ден си викам т.е се лажам "Ахам, ќе ги откажам денес-утре... кога ќе останам трудна...", и така секој ден. За жал ДА пушам. И налет тоа што трошам пари секој ден по една кутија пушам се трујам буквално, ама ајде де ?! Пуста волја и желба за откажување, само на збор останаа.
Дефинитивно сум против пушењето!Никогаш немам пробано,а нема ни да пробам!И да сакав немаше да можам да пушам,бидејќи се занимавам со спорт,а пушењето не е здраво за спортисти.
Два пати ги откажав, еднаш пола година, вториот пат цела година... Ако си пушел претходно, еднаш запалиш ли, пак пропушуваш. Ми сметаат , сакам пак да ги оставам, поубаво ми беше кога непушев