Што мислите за пушењето за време на бременост??? Вие како постапивте во тој период пушевте, пушевте и се криевте или правевте пауза???
Не пушам а мислам дека во животов нема ни да пробам а камоли да започнам активно да се занимавам со тој спорт. Многу ми е гнасна и смрдлива навика која носи само зло ! Една другарка ми рече ќе видиш дека ќе пропушиш на факултет кога ќе имаш многу за учење па единствено тоа ќе те смири ! нее ?
Против,порано сум палел по некоја цигара,но тоа било некогаш,сега не,повеќе сум по спортски начин на живот.
Сум пробала. И знам да запалам во некоја посебна прилика, роденден, Нова Година или слично. Но, не ме влечат. Ете им го немам меракот. Не оди, душата ми ги враќа
Од недела до четврток по една по две а за викенд се случува само од вечер да ми летне цела кутија.. Како само со алкохол лета кутијата </3
не пушам и осеќам дека ми смета кога ќе се најдам во соба со пушачи. Џабе парфем и чиста облека кога после смрдам на цигари.
пушев у средно онака да се напраам заебана демек али глупост, дека ептен тинејџерка бев, али ги откажав нормално откога сфатив дека се навистина штетни по здравјето и убавината, и сега сум строго против!!!
Пушам, не знам зошто започнав, неможам навистина да си го разјаснам тоа ама можам да прекинам. Не ми претставува проблем ако не запалам ни една недела но после пак запалувам, но не цела кутија во 1 ден за да надоплонам за изгубеното. Пушам кога сум нервозна најчесто, со кафе..
Не сум пушач,несакам ни да бидам.. имам пробано со дружтво.. т.е на една недела 1 цигара..ништо не е .
Не е ама 2-3 години со по една цигара на ден,е нешто Ама јас и да сакам неможам,одма на плуќа и ај ...