Ни пушам, ни сум против тие шо пушат...додека со чадот се подалеку од мене, си ги сакам исто колку и непушачите.
Не пушам и ми пречи чадот од цигарите. Гледам да живеам здраво, па пушењето се пркоси со тоа. Исто така ми пречи кога некои пушачи ќе се занесат со пушењето, и во присуство на нас непушачите, наместо едно-две цигари ќе си ја испушат целата кутија без осет. За среќа речиси сите мои пријатели се непушачи и го делиме истиот став.
Мирисот е гаден. Кој е ефектот за излегување девојка да се дотера, и после да смрди на цигари од пушење. Колешка пуши по 1 кутија на работа. Ако влезам кај неа на 5 минути готово одма засмрдувам на цигари. Одма после треба да ги перам алиштата, џабе парфем не помага.
Не ме интересира ама искрено ме нервираат 13-14годишни или средношколци со цигара в раце, се мислат фраери се нешто и типки, а пушењето во мода било дедо ми кога бил млад Барем нека се кријат кога поминуваат професори и повозрасни. А кај поголеми не ми смета, барем знам дека не го прават тоа за да се покажат
Не пушам и не ми ни смета,зошто се навикнав веќе.Моите пријателки го прават тоа ,така да веќе се навикнав Би пробала некад,ама се плашам да не ми стане навика.подобро да не ризикувам
некажав на ден,туку на една недела,месец (можеби и немат и на толку време да пробам ама можеби и да)) .
Никогаш немам пробано цигара ниту пак сакам да пробам. Нокогаш во животот не сакам да пушам цигари бидејќи залудно тровење на организмот, а ништо не помагат. Јас имам слушнато од луѓе кои пушат цигари дека кога ќе запалеле цигара веднаш се смирувале . Секој си знае но јас кога сум изнервирана само една мастика и се е ок. А никогаш цигара никогаш.
Дали пушите? Не пушам иако во моето семејство имаше многу пушачи. А за тоа има многу причини, но тука ќе бидам кратка и ќе набројам три, покрај очигледната: -Јас никогаш не ја разбрав причината поради која некој би пушел, не разбирам како тоа опушта. -Не го поднесувам чадот. -Повеќето околу мене кои почнаа да пушат, почнаа или од здодевност или за да бидат прифатени, а јас не си го ризикувам здравјето само за тоа.
Дали пушите? Ако си непушач немој ни да почнуваш! А ако си тогаш гледај или да ги намалиш или уште подобро да ги оставиш! Јас сум пушач и верувај пушела или не,не ти требаат! Јас сум доволно свесна дека секојпат кога палам цигара знам дека си го скратувам животот,ама навика,зависност и остало,со другарка на кафе па ај една цигара и уз муабет,јас ги намалувам се повеќе и повеќе и сакам да ги оставам,се надевам ке успеам..
Дали пушите? Непушач. Причини: 1.(најбитно) штетно е за здравјето; 2.не ми се даваат секој ден пари за цигари;
Дали пушите? Не пушам...А и дома не се некои пушачи. Една кутија една недела може да трае... Мислам дека не би почнала да пушам иако не велам дека не би пробала да видам што е толку "привлечно" во цигарите
Не пушам. Не ми е воопшто потребна некоја работа во животот од која нема да извлечам ниту една добра страна.
Не пушам,дефинитивно сум против..Никогаш не сум запалила цигара и се надевам дека нема да запалам бидејќи и тоа како е штетно за здравјето,и чадот од цигарите никако многу ми смета,абе со еден збор не поднесувам цигари