Едно време некои 2 месеци се занесував пушев и тоа тие два месеци една кутија цигари и на крај кога се откажав ми останаа уште па ги дадов на тетка ми.Од тогаш немам запалено а ниту сакам ..одвратни ми се,кога некој пуши во моја близина ми смета ,се гушам едноставно.Дечко ми не пуши фала Богу а оние кои пушат би сакала да престанат по шо одвратно е и нездраво.
многу ретко со друштво. (но никогаш повеќе од 3цигари на ден немам испушено) иначе не планирам да сум пушач. а и не ми смета некој да пуши, ми смета само во просторија каде што спијам.
Многу сум против цигарите,значи не можам да ја поднесам таа миризба ,а порано пусев некаде две години,но се решив да ги откажам и срекна сум сто не пушам ,замили облеката да мириса на цигари наместо на омекнувач
Axxxxxxx....се сеќавам едно време кога бев со 14 год.Близу школото имаше едно кафуле Рио Гранде и бегавме од часови за да пијаме кафина и да пушиме цигари и да ги задеваме постарите момци.Цигара за гигара,крукче за крукче почнав да си купувам по 1 кутија,па коако поминиваше време по 2 кога се записав на факултет пусев по 2 ипол кутии на ден а некогаш и 3!Се така додека не останав бремена.Една вечер последна цигара во кутијата и кога ја запалив ми се превти куќата наопаку,и си помислив батали цигари батали и алкохол детето е најбитно и од толку многу цигари преку ноќ ги откажав.Од тогаш има 2 год.поминато а мене никако не ми се вратила желбата за цигара.Ми се чини дека сето тоа е само една грда навика!СЕ се може ако се сака!!!!
Знаете како се станува пушач во 80% од случаите? Се запишуваш во средно и мислиш мафија си со цигарата во рака. Аммм да. Ја гледаш неа метро и жилет, детско наивно фациче и опппп цигара во рака. Или "мафијашот" од две педи висина, со 20 кг на него и обавезно заземен став како жаба при скок (демек поширок изгледа ако ги искриви нозете и ги рашири рацете) и тегне цигара. И после првата пробана цигара нив им станува навика, и тие не можат да престанат, и нервозни се кога нема да запалат, едноставно рацете им се тресат и не јадат само за да купат кутија и слични патешествија. Господе дај им памет додека не се упропастиле. Не сум пушач, имам пробано ама едноставно не можам, се гушам. Ми смета и димот и миризбата, посебно некој кога ќе гушнам и мириса како да сум душнала пепељара. И за секоја навика има и одвика.
Не пушам и нема ни да почнам. Да тоа е точно кога отидов во средно таму ситее пушеа и некој и тогаш почнаа и ја така фино лепо си седам со друштво и една другарка ми вика земи јакое и ја и викам не фала и она ми се дере и ми вика ако не пушиш немој да се дружиш со нас и ја и викам добро а и баш не сакам и си отидов во училница и си ја отворив книгата. На такво нешто неможе никој да ме натера сепак тврдам дека имам тврд карактер. Тое моето искуство и мислење .
Јас не пушам, и никогаш не сакам да пушам, сум против пушењето. Моите дома пушат и многу ме нервираат.
До сега не сум пробала да пушам цигари, не знам за понатаму ќе покаже времето дали ќе пушам или не. Инаку не ми пречи кога некој пуши во моја близина единствено што ме нервира е кога димот доаѓа накај мене -.-
морам да си го кажам гревот. пушев 5 години. престанав и не пушев 4 години. пред година и пол почнав пак да палам по некоја и еве веќе сега си пушам редовно
пушам ама 1 кутија 2 до 3 дена не е многу а сум против пушењето како да ги откажам појма немам некако не ми се остават ајде некој совет што да правам?
строго против цигарите затоа што освен што се загрозува здравјето,забите се расипуваат здивот ти смрди и ти целиот смрдиш
Не пушам цигари, едноставно неможам да ги поднесам. Но не сум против кој си сака нека си пуши негово си е.
Браво за напишаното. Јас не сум пушач, ниту ќе бидам. Не сакам да си го загрозувам здравјето со цигари. Маж ми е пушач. Се обидувам да го одвикнам од цигарите, ама не сака.
Јас сум пушач и не сакам да ги откажам. Пушам веќе 4 години,секоја година се повеќе и повеќе. Ќе ги откажам кога ќе дознаам дека ќе бидам мајка. Тогаш ќе имам вистинска мотивација и желба.