Јас палам чат пат ... почнав во 7мо одделение онака кога ке ми се припуши и до ден денес е така ако осетам потреба ке си купам пакла и најчесто на искачање пушам , онака кога ке се поднапијам ми се пуши , вака немам некоја желба Инаку не сум против , родителите ми се пушачи и пола друштво така да навикната сум
Не ги разбирам лугето кој пушат. Мене искрено многу ми смета димот од цигарите и никогаш не сум ни помислила да запалам цигара.За мене тоа се за џабе фрлени пари.
Со маж ми постојано се расправам на оваа тема. на секои 2 дена купува по една кутија цигари. За тие пари порано да си купи нешто за јадење или пак некое чоколадо.
Пушам цигари веќе 4 години, а и не планирам да ги откажам. Имам слушано дека луѓето кои пушеле цигари биле помалку изложени на стрес.
Пушам и не планирам да ги откажам.. ми помагаат полесно да се справам со стресот. Спојлер или па можеби се е до психата..
Не пушам, а не ни планирам да пушам Одвратно ми е дури и кога ќе помислам на нив.. Немам потреба да вдишувам чад
Не пушам цигари и никогаш во животот не сум запалила цигара, ни дим не сум повлекла. Не сум имала некоја потреба, обично не сум љубопитна за работи кои знам дека не носат ништо добро. Е сега за тие што пушат нема што да се мешам, затоа што знам дека не е лесно да се откажат. Ама па ако се сака се се' може, само треба решителност. Повеќето што ги знам не ни сакаат да ги откажат, а не па да се потрудат. Само дечко ми проба и успеа, ги откажа, еве веќе 7-8 месеци не пуши и супер му е. И дури сега самиот виде дека многу работи со здравјето му биле од цигарите. Лошото е кај сите пушачи (барем јас со тие што сум правела муабет) што се тешат дека исто било и со цигари и без цигари. Една ме убедуваше дека на лекар отишла и и' кажале дека белите дробови и' биле исто како на непушач. Ахам да. Јас сум против тоа зошто факт е дека е штетно, па сега кој како си сака. Decapitated.Hanna и да знаеш дека се е психа. Ако ги откажеш ќе ја осетиш разликата.
Не, не не и не... Против сум да, и тоа многу, најпрво затоа што се штетни по здравјето, човек нема никаква корист од нив, потоа, се трошат ненормално многу пари за уништување на своето здравје и никогаш нема д а прифатам дека откажувањето од пушење цигари не е можно.... ММ е пушач и јас на секој можен начин сакам да го одвикнам од таа навика но тешко оди. Некогаш во афект на нервоза му викам со тие пари што ги троши за цигари секој месец може да ми купува по една блуза.
Не ми се јасни луѓето кои пушат. Немаат никаква корист, само штета си прават на себе и на околината, фрлаат пари за глупости.. Никогаш нема да запалм цигара! Строго против цигарите!
Има само една единствена причина што непушам: не ми се даваат секој ден пари на цигари. Циција најголема на свет! Шта чеш.. С’г су скупе паре, с’г је оскудација
Имам пробано еднаш и толку...инаку сите ми се чудат како не пушам јас воопшто цигари,а мојве дома по 4 кутии (заедно двајцата) на ден
Јас како активен пушач ( активен мислам на 1-5, 2 кутии дневно) сега ги откажав цигарите и не пушам више 7 месеци. Сега имам поголема енергија, посвеж лик и се разбира повише пари Затоа мој совет е да се откажат цигарите !
Едно огромно НЕ за цигарите да не ги набројувам причините зошто бидејќи на сите ни се познати, лично јас не гледам никакво задоволство во пушењето цигари
Сум против пушењето ми смета на грлото и плу што се штетни.Дома единствено татко ми пуше,но не во затворена просторија строго надвор..независно дали е лето или зимо.