Јас сум пушач (имам пишано ) Инаку ми беше интересно кога едно девојче убаво ми ја шлапна. Нешто бев нервозна и и реков да дојде да испушам една цигара да се смирам малку. Она ме прашува зошто пушам, зошто не ги откажам и слично. И ми кажа дека всушност цигарите навистина смирувале но само заради една причина. Кога сме нервозни и палиме цигара, не не смирува димот од цигарата, туку воздухот што многу убаво до внесуваме. Многу убаво вдишуваме и издишуваме. Тоа не смирува. Нели,кога си нервозен си велиш, број до 10 и дишиш длабоко. Тоа било финтата. Ха ! true story
Никако. Строго сум против од разни здравствени причини кои на сите пушачи и непушачи им се познати. Не би ставила цигаре во уста ни под присила.
Не пушам, ама немам ништо против. Дали некој ќе пуши е негово право, ама исто така е право и на тој што не пуши да одлучи дали во неговиот дом ќе пушат гостите. Сведок сум на ситуации во кои гостите се навредени бидејќи во домот не се пуши. Нема зошто да се навредуваат, не се дома и можат да издржат да не запалат, или да издржат пет минути надвор..
не пушам и многу сум против цигарите,место цигари би си купила овошје или што кажа феминката над мене чоколадце барем знам ке се заблажам,а не да си го трујам организмот
Во средно имам експериментирано со цигари одреден период од неколку месеци, ама никогаш не станав зависна. После тоа избегавам и во задимена соба да седам. И знам дека никогаш не би почнала да пушам зошто сум ги пробала и знам дека ми се гадни.
еј срцка ај пробај димце,ај денес ај утре и ете ти поцнувас да купувас кутија цигари и мирисаш лошо и си ги фрлаш парите а тоа што белите дробови стануваат црни,одамна ги откажав и немам намера веке да запалам цигара(поцнав во средно со другарките па продолжив на факс.за време на паузи од едно предавање до друго ај со колешки на кафе и цигара)
Не само што се џабе фрлени пари, туку и организмот си го трујат. Подобро некое чоколадо,сендвич барем да знам дека ќе се најадам
Никогаш немам пробано, а и не планирам. Но немам ништо против пушењето, кој сака нека пуши, негов избор си е
Им викав јас порано на сите, како можете да пушите, штетно е, ова она, и ете на крај и ја пропушив. Пушам веќе 2 години и секогаш си викам дека ќе прекинам али никако да ми успее тоа.
Пушам и обожавам цигари. Чудно или не, обожавам. Не пушам од навика, пушам од задоволство. Почнав да пушам од ќејф, и ете веќе 7ма година пушам. Штетно знам дека е, јасно ми е. И не ги разбирам тие кои секој денар в џеб го рачунаат како хамбургер - подеднакво штетен е и покачениот холестерол на пример.
Никогаш немам пушено не ни планирам да пушам ми смета некој во близина да пуши ама не ќе му речиш ај бе непуши , можам од 100 километри да го сетам дека е пушач бидеќи кај мене дома никој не пуши. А од друга страна и ги сваќам тие што пушат убо му е бе имам другарка кафето без цигара неможи да си го замисли.
не пушам и нема никогаш да пушам, цигарите ми сметаат, а кој сака нека си пуши тоа си е право на избор