Не пушам, ниту мислам да почнам. Моите дома не пушат (се имаат откажано пред 8-9 години) и баш се радувам поради тоа. Инаку знам да земам димче од другарка чисто онака од зафрканција, и ми се врти дури и од толку. Како и да е, сметам дека цигарите се голема глупост и не ја сфаќам потребата од пушењето. Мило ми е што процентите на феминки се 22% пушачи - 78% непушачи.
Никогаш во животот не сум пробала,а немам ни намера. Во мојата соба е строго забрането пушење цигари..Криво ми е само што моите дома се трујат со тоа и на некој начин јас сум пасивен пушач.Голем број и од моите другари и другарки пушат,не ми смета да седам во нивно присуство иако често знам да им искоментирам да ја тргнат понастрана цигарата,а и мразам кога немаат осет,да не речам кога не се гледаат меѓу себе од димот.
Ме пушам ретко некогаш да запалам со кафе со сестрами или со другарки исто и јас не дозволувам да се пуши во мојата соба бидејќи ми смета миризбата после треба цел ден да луфтирам а инаку не сум против кој сака нека пуши не ми сметаат дотолку
Не пушам цигари и тоа од две причини пред се затоа што се штетни за здравјето и затоа што тие пари кои би ги трошела на цигари би можела да си ги ги тргнам настрана во касичка т,е да си ги заштедам и истите да си ги потрошам на нешто попаметно на пр.облека ,накит итн.Немам против пушачи ако сакаат да пушат тогаш во ред е само не во моја соба затоа што таму спијам и миризбата на цигари страшно би ми пречела .пс. многу ме радува забрана за пушење на јавни места затоа што кога ќе излезам некаде во клуб не чувствувам миризба на цигари која ми се лепи и по облека и косата
Јас дó пред месец дена бев пушач. По една кутија на ден , неможев денот без цигара да го заамислам и колку пати и да сум помислила да ги оставам тешко . Последните пари ги давав за цигари иако овде кај што живеам не се баш најефтини (300)кутија . Ама коа останав бремена решив повеке да не палам за мое здравје а и на бебето и ете така сеа мислам дека никогаш нема пак да пушам
Не пушам а немам ни желба.Дома немам никој пушач (освен баба ми ако се рачуна) за среќа зашто многу ме иритира и гуши миризот просто неможам да го поднесам .Знам другарки на кои нивните пушат и тоа не неколку цигари на ден туку неколку пакетчиња и дека многу трошат за нив.Од една страна е трошок а од друга ти го уништува здравјето и може секакви болести да нанесе.
Не пушам ни па ке пушам некогаш..одвратни ми се...секоја чест на постојаните пушачи, како издржуваат, алал нека им е
Имам пробано во средношколските денови од чепатење не од што биле убави и не со цел да пропушам активно.Сега неможам да ги поднесам, ми пречат.Ако има многу пушачи во една просторија може и глава да ме заболи од димот
Не пушам, имам пробано, не ми се допадна, но немам ништо против ако некој сака да пуши, секако со мерка. Не се само цигарите штетни денеска, колку работи околу нас што секојдневно ги практикуваме се штетни и канцерогени.... Само тутунските компании ни се дежурен кривец, не велам дека цигарите не се опасни по здравјето, но не се единствен фактор за болест, дедо ми цел живот беше пасивен пушач па осумдесет и кусур години доживеа
Имам пробано, ама не ми беше убаво и прекинав. Не ги осудувам тие што пушат, скоро цело друштво ми се пушачи, секој за себе си е. Јас лично не би пропушела пак, не ми е убаво едноставно.
Пушам од својата 20та година, on&off. Првата цигара ми беше на 15 години, ама не се навлеков. Пробав, направив иииии патка се закашлав, сфатив колку ми смрдат цигарите и толку беше. Не сум страсен пушач, пушам кога пијам нешто. Денот не го започнувам со цигара и додека сум на работа не пушам. Првата цигара ја палам дури кога ќе си дојдам дома поручек, лезетски со кафенце или со сок. Евентуално после работа ако отидам на кафе или пијачка со некој, па палам. Всушност имам некоја глупава навика, пушам САМО кога имам за пиење нешто, кафе, сок или алкохол, сеедно. Ако немам ништо за пиење не ни палам. Ич не ми е вкусно онака, на суво да пушам што би се рекло, не ми ни иде. Една кутија ми издржува 3 - 4 дена. Освен преку викенди кога искачам и пијам, е тогаш знам да испушам скоро една кутија во зависност од тоа до кога ќе заглавам, а обично заглавувам Не сум против, дозволувам кај мене да се пуши само на одредено место, во кујна каде ми е и балконот, на отворена врата, од причина што не сакам станот цел да ми смрди на цигари. И не сум една од тие кои цело време мавтаат со раката за да го „избркаат“ чадот. Ниту пак на некој му пререкувам за пушењето. Си велам - секој со свој избор. Единствено можеби што ми пречи на цигарите е што - чинат пари Не знам дали сум зависна од цигари баш, бидејќи кога е пролет а јас бидејќи сум алергична на полен, знам и да престанам да пушам на месец, два, или пак кога сум настината или болна, тогаш не ми ни текнува да запалам. Исто така, ако сум ептен во затворена непушачка просторија со непушачи, издржувам поточно не ми ни текнува да запалам, или пак пушам 2 - 3 цигари. Но навечер пак, особено кога сум сама дома и имам една од оние моине медитирачки ноќи, обожавам да запалам цигарче впивајќи ја темницата и тишината на градот и да размислувам на секакви теми. Не ретко ми надоаѓа токму тогаш и инспирација за секакви потези, пишување или правење фотки. Тоа цигарче ми е начин на медитација, на сањарење, на моментално, неколкуминутно бегство од просторот и времето во кои реално се наоѓам. Знам сосема да се изгубам...и тоа чуство ми се допаѓа. Цигарата кај мене е тогаш еден вид на двигател а не само цилиндрично, издолжено, мало чудо, исполнето со никотин и други не баш корисни состојки за моето тело. А истовремено да признаам, баш ме смирува и сталожува. Епа отидов да запалам една пропратена со убаво музиче
не пушам и не сум против немам ни пробано, а мн сакам. како и да е, од септември на факс со нови сили и поголема храброст
Не пушам, мразам цигари,го мразам димот од нив и морам да кажам дека сум пресреќна што либето ги остави цигарите Спојлер заради мене и не пуши веќе 5 месеца
Пушам и знам како е! Најлоша навика е пушењето! Али ете почнав уште од 16 години редовно да си пушам и ете ме веќе 5 години сум страстен пушач! Лошо е, и не се фалам со горенаведеното! Сега да бирав, немаше да пробам... Но, ете ме се мачам малце-помалце да ги одвикнам (најмногу заради себе, а после заради дечко ми!) и признавам тешко ми оди тоа одвикнувањето! Кратко и јасно, пушам и сум против!
Да,пушач сум. Пушам од втора година,по мој избор. Не го направив тоа заради тоа што некој ме натера,го направив затоа што јас сакав. Тогаш не бев страстен пушач. Но сега сум. Сега не можам да се замислам без цигарите. Можеби,некој би рекол,е како да не,можиш да се откажам. Не сакам да се откажам. Јас уживам во цигарите како што некој ужива во добра торта или сендвич или вино. Цигарите се дел од мене и тоа е тоа. Не сум против нив. Знам за сите штетни дејства,но ако некој го одбрал тој начин на живот,нема зошто на некој друг да му смета. Да,сум за забраната,за непушачите и нив ги почитувам. Пример,сестра ми е непушачи страшно и сметаат цигарите,па јас се трудам да пушам помалку или барем димот да не го издувам во нејзината фаца.
Мојата прва цигара за запалив годинава. не ги вовчекувам и свечено ветувам пред цела Фемина дека веќе нема да запалам цигара. До сега имам испушено само 4. После првата не можев 3 дена да станам од кревет и месец дена да пијам кафе. Постојано чувствував мачнини, ми се гадеше, ми се повраќаше. Ако се напиев кафе - пропаѓаше денот, не можев да станам од кревет. Втората и третата ги испушив на пијанки, еднаш со цимерката, еднаш со другарки - без никакви последици. Четвртата ја испушив една вечер на кафе, со пиво и кикирики, и не можев да ја доседам вечерта. Веднаш почна да ме боли глава, ми се чинеше дека ќе експлодирам, па си отидов уште рано дома. Од тогаш си ветив, пред се на самата себе, дека веќе цигара нема да ставам во уста.