Не пушам и немам ништо против оние што пушат, нивна одлука. Само ужасно ми смета чадот од цигарите шо ко за инает доаѓа накај мене.
Златно правило е дека чадот секогаш иде кај оние што не пушат. Пушам еве веќе 3 години, и ми иде понекогаш да ги исфрлам и не запалам више никад, али еве не можам.
Не пушам ! и немам ништо против пушачите сепак тоа си е нивна одлука иако воопшто не е здраво ама кога чадот оди кај мене многу се нервирамм
Не пушам ! Немам ништо против пушачите сепак тоа си е нивна одлука кога сакаат нека се трујат доста е од убедвање не пуши ќе ти штети/ти штети по здравјето и слично. Но најмногу од се ме нервира кога на некој упорно му кажуваш дека ти смета тоа што во твое присуство пушат и тие тоа и понатаму го прават па ми иде да му згазам на глава како на пикавец . Глупи луѓе! Ако сакате да се труете одете отрујтесе само мене не ме трујте ...
Пушач со стаж но во исто време и културен пушач кој не пуши по туѓи куќи и кој во друштво на непушачи секогаш прашува дали може да запали
И јас бев многу против цигарите.Стварно незнам што ми требаше да почнувам?ама ајде неколку месеци пушам па може и ке ги оставам.Вака ептен сум"модерна"како Мерлин Монро сум.
Јас сум непушач.Голем противник сум за цигарите.За моја срека и луѓето со кои се дружам се непушачи,па така и немаме проблем во кој локал и каде ќе седиме(внатре или надвор) кога излегуваме.Живеам со двајца "страсни љубители" на цигарите кои балконот го користат како единствено место за пушење.Тој е наменет и за гостите-пушачи Тие го знаат тоа,па не мора да го залепам знакот Забрането пушење.Секако,за ова сум се изборила вербално со мнооогу труд
Бев нахголем противник, ама сега ијас пушам, а кога ќе разберам дека некои се распушиле чудно ми е и ги карам.. Незнам во тој момент што размислувам, прво на помалите и блиските мудавам јас пример дека е тоа нормално :/
Не пушам и сум многу против цигарите имам пробано али не ме навлекуваат за среќа, посебно мразам некој кога пуши во затворен простор, а посебно во кола тогаш мислам ќе повратам (со извинение)
ПРОТИВ, ПРОТИВ, ПРОТИВ, ПРОТИВ И ПРОТИВ! Не е нормално колку не ги поднесувам. Уште повеќе ме нервира, кога поради некои и јас ќе замирисам на цигари, на чад. Ретки се тие што се дружам, што не пушат цигари. На мојата другарка, што сме онака најблиски... постојано и` ги бројам. И` зборам, ја убедувам... не бре брате, нејќе и нејќе. Можеби и јас сум досадна, ама... Фала Богу, што не користиме завеси, иначе... тешко на тие што ќе ми дојдат дома и ќе ми направат гасна комора. Со метла ќе ги бркам. Вака се силам, ама во живо, нормално дека нема да им кажам ништо. Фала Богу, ни метлата не знам каде стои. Едно време, на цела врата од детска, исполепив ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ, НОУ СМОКИНГ и такви глупости. Можеби дека не пијам кафе, поточно турско. И не сакам ниту цигари. Не дека ширам пропаганди, немој цигари, не е здраво. Ништо не е здраво, во денешно време. Туку едноставно немам мерак. Немам почувствувано потреба да пробам цигара, а чисто се сомневам дека и ќе почувствувам нешто такво. А уште повеќе пак ме нервираат, тие што пушат цигари, а се кријат. Едноставно пушиш и готово. Леле, ај види некој да не оди, види овој да не ме виде. И јас треба да изигравам сеќурити.
Не пушам, а сум била пушач одамна. И ми смета страшно дим од цигари. Несакам да седам во задимени простории, со пушачи, не доволувам пушење дома, ни во канцеларија, во присуство на деца... И никогаш нема да ми стане јасно што задоволство е тоа после јадење цигара, со кафе цигара, во кола да се запали цигара, или па има кретени и во лифт влегуваат со цигара....грозно.
Не пушам, искрено против сум цигарите, и никогаш немам ни пробано и нема ни да пробам , многу е грдо да седиш во просторија каде што се пуши, и после кога ќе си дојдам дома гаден е мирисот.
Признавам дека имам пробано, ама искрено никогаш повеќе не би. Цигарите освен што се штетни за пушачите, штетни се и за тие што не пушат а се во близина на некој што пуши моментално цигар. Тоа се смета дури и исто како и вие да пушите. Јас се гушам од многу јак мирис на цигари. Ако некој ми дувне дим во лице јас одма почнувам да се гушам и да кашлам. Пола и повеќе од тие што ги знам и дургари/другарки и роднини пушат цигари. Ги смирувало тоа... аха добро. А кога на 40 години ќе личиш на некоја стара баба од 60 години што ќе те смирува?
Ни пушам, ни сум против. Секој си знае за себе и сите сме различни, за некој цигарите се задоволство од кое не сака да се откаже и сосема ги разбирам. И не мора да значи дека пушачите побрзо стареат или порано умираат, има милион примери за тоа и луѓе кои и покрај здравиот живот доживуваат инфаркти и други работи. Се е во ред ако се има граници, нормално освен дрогата. Никој не ни гарантира дека ќе имаме долг живот, секој со својата судбина и цигарите немаат врска со тоа. Тоа е моето мислење.
Едно прашање за пушачите. Лилит вика дека пушечите пушат поради траума која ја имале во животот, и дека можеби не се свесни за траумата(несреќата) во нивниот живот, па затоа почнале да пушат. Мое мислење е дека пушачите почнале да пушат поради љубопитност, друштво, желба да се биде повозрасен во однесувањето, а ужасно мал процент почнале да пушат поради траума во животот. Дали пушачите пушат поради некоја животна траума, или пак поради друга причина станале пушачи? Инаку, јас сум против пушењето цигари, сум пробала, но пушачите мирисаат лошо, им мириса косата, облеката, здивот, а тие тоа не можат да го сетат, а згора на се јас засмрдувам во друштво на пушач. Кога ке отидам дома, сфаќам дека алиштата ми се за во канта.