Јас сум голем противник за цигари.Не сум запалила со сега,а и не сакам.Моите дома пушат и цело време се карам со нив да престанат.За среќа,имам дечко кој е исто непушач и многу ми е убаво.Машко е тој што мириса на парфем,а не на цигари.
Не пушам,али не сум ни против пушење. Иако порано имам запалувано кога ќе ми текне,уз кафе и друштво ,а и си го практикувам тоа и сега поретко не сум зависник.
Не пушам иако не сум ни многу против а ни пак многу за, неутралец ама лично несакам да пушам. Кај мене дома сите пушат мајка ми, татко ми, брат ми и дедо ми порано бил пушач но ги откажал. Само баба ми никогаш во животот не запалила зигара ии сакам едноставно да сум како неа.
Никогаш не сум пробала цигара, но би сакала. Незнам дали е поради таа тинејџерска љубопитност, но, зошто да не? Да, да.. има милион причини . Ќе те убие тоа, но, еднаш се живее. За жал дури и кога сум во близина на пушач јас чинам ќе умрам, а не па да пробам. Но, да бев океј со здравјето би пробала. Секако, не повеќе од две-три цигари. За џабе некои се "хајтери" на пушачите. Освестете се бе луѓе, ништо не можете да смените. Тие пак ќе си пушат.
па мене искрено цигарите не ми сметаат и не сум против нив сум пробала вака у друштво неколку пати од чиста заебанција а иначе не пушам
imam 16 godini i ne sum probala cigara, se plasam ako probam deka ke mi se bendisa i ke prodolzam da ja konzumiram
Не сум некој страстен пушач,така во друштво знам да запалам или насабалје со кафе.Инаку максимум од три до четири цигари на ден а се случува понекогаш воопшто да не запалам ни цела недела.Не ми се зависност,ги оставав и не пушев цели 9 месеци и после пак почнав и мислам дека ако посакам пак можам да ги прекинам.
Не пушам цигари а и во иднина не планирам да запалам цигара. Не сум против пушачите , секој има право на избор и сам одлучува за своите одлуки а во случајов за своето здравје ))
Точно е дека секој има право на избор, ама кога станува збор за дечко ми, навистина сум , поради тоа што не ме слуша, а знае дека ми пречат....
Никогаш во живот не сум ставила цигара во уста.. едноставно неможам да поднесам самиот дим ме гуши.. не планирам да пушам.
Си пушам цигарчиња од пред мн години мада не сум страствен пушач некогаш знам и да не запалам ниедна...
Не сум пушач, нема ни да бидам во овој живот. Не знам само што ќеф на душа ви претставуват, не ми е јасно тоа. Зависнот, ок разбирам. Ама како да бидеш зависен од отров и да си одиш против сопственото здравје, не знам да си објаснам. Верувам дека секој човек би можел без цигара САМО ако сака. Зависноста самиот човек си ја создава.
Секако дека сум против цигарите бидејќи се штетни. А, се што е отровно и штетно по моето здравје го одбегнувам. ** Ај, овде ќе искажам и револт за мајки кои пушат цигари во пушалните по кафичите пред нивните деца. Тоа е катастрофа! Дали имаат тие мајки малку осет ? Второ, постои закон за забрането пушење на определени места, кој не се почитува. Не се тука виновни толку газдите на објектите (пример на кафичите) зошто не можат на крај да излезат со муштериите. Колку пати се караат, ама тие пак си палат. Значи, доколку некој човек има карактер и е културен граѓанин ќе ги почитува законите. Ќе биде примерен. Е, така е по странство каде сум одела. Многу сме назад ние со културата. Речиси од наш народ да не бараш култура !!! Секаде каде сум била ги почитуваат таквите закони, и срам им е да запалат цигаре или да плукнат по улица. Е, тоа се вика култура.
Не пушам и нема шанси ни да пушам во иднина. Толку ги мразам цигарите не е можно дури. Татко ми одсекогаш е бил пушач и дури и самата незнам колку се имам препирано со него да ги откаже цигарите зашто не ги можам едноставно. Нема шанси да препушам, никогаш
Мразам цигари, ме нервира и мирисот на цигари не го поднесувам воопшто и во животот не планирам да запалам цигара!