не пушам,сум знаела порано со другарки да запалам една две,ама сега не.. па ми смета мирисот,цела мирисаш на цигари и чад..
tatko mi i majka mi nepusat, a da pusea ili da bev na tvoe mesto bi im gi frlila site sto kje gi kupat, pa neka prodolzat da kupuvaat i da trosat pari i zdravje sto e najvazno
Порано пушев, не многу ама палев да речеме по 5 цигари на ден. Ама од кога дознав дека сум бремена не палам ич. Побитно ми е здравјето на детето отколку мојата зависност..
Не пушам и не планирам да почнам.Не можам да си ги замислам забите пожолтени и позеленети,ги миеш и никако бели,а за белите дробови да не праеме муабет...
Не пушам, а немам ни во план да запалам цигара. Толку таа работа ми е неубава тоа страшно нешто Немам ништо против оние кои што пушат нели секој си знае за себе и си одговара за своето здравје. Но не можам да ги разберам оние кои се жалат дека немаат кондиција и сл.не можеле 100м да пропешачат заради цигарите и пак продолжуваат да пушат. Разбирам дека е тешко да се откажат од цигарите, но сепак со силна волја може да се најде начин да се намали количината ако веќе во целост не може да се откажат од пушење. И за крај...она што најмногу ме нервира во друштво па и дома исто, е тоа што ние непушачите секогаш сме приморани да се преместуваме од едно место на друго каде димот не би ни влегувал во нос, а како за беља секогаш оди накај нас А да не зборувам пак за лошиот здив и мирис од цигарите... На оваа тема имам многу што а кажам ама еве ќе бидам подискретна да не ми се налутат пушачите кои секој ги има во своето друштво
Против цигарите сум и дури успев да ја одвикнам баба ми со тоа што и ги кинев на половина и во канта и за чудо се одвикна И пред еден месец се расправав со библиотекарот(бидејки библиотеката му беше до нашата училница).Господинот кафе во една рака цигара во друга, гајле си нема ,а останатите што се гушат тоа е небитно
не пушам и немам против пушењето .. сметам дека секој човек треба да си одлучи што е здраво за него/неа а што не лично не ми смета сите околу мене пушат, само да не ме гушат иначе немам проблем
Со оглед на тоа што сум мала,немам запалено цигара,сеуште.А богами и не планирам.Се гушам од чадот.Не ми е пријатно.Како мала сакав,но сега НЕ.Бидејќи ми беше онака,како од филовите.
Еден период имав голема желба да пробам цигара.И ете пробав.После се каев така.Против цигарите сум.Не можам да ја поднесам миризбата,т.е. смрдеата.
не пушам и не планирам ама мајка ми и татко ми пушат така да покрај нив и јас тие ке запалат 4 а јас исто ко да сум испушила 2 нели тоа така иде јас сум пасивен пушач
Се откажав од цигари и супер ми е. Но, сега има друг проблем, многу ми смета чадот и само мафтам со раката зошто нонстоп иде накај мене (претпоставувам дека ова мафтањево ужасно нервира други луѓе)
Јас никогаш не сум пробала и нема ни да пробам. Многу сум против цигарите. За мене пушењето е една од најглупавите работи кои ги измислил човекот.