Не и сега за сега мислам дека не би пробала. Не сум против цигарите ама многу ми сметаат. Ми паѓа тешкоо од миризбата
Имам тргнато 2-3 дима се на се во неколку на врати, ама знам дека лесно би станала зависник, па не пушам. Како што имам мака со синусите, уште цигари ми фалат. Ретко се дружам и со луѓе што пушат и никој од домашните не пушат. Дечко ми не пуши исто така. Кој сака нека си пуши, немам против, само да не е кај мене дома.
Пушам но не многу, неколку цигари дневно, тоа неколку од прилика би значело десетина. Не сум против пушењето и мислам дека треба да се дозволи да се пуши и на јавни места како порано.
јас порано ич нејкев да пушам не ми сметаа но незнам велев дека ке барам некој што не пуши а всушност сега испадна дека сум пушач -.-
Немам ништо против за тие што пушат,нивно право е како ќе си го уништуваат животот.Мене лично не ми пречи,сум пробала порано,ама така во друштво,дали беше ради лигавеш или нешто пролазно во тие години незнам,важно кутија само за мене никогаш не купив.
Пушев една година и после некое време си врзав нешто во главата и викам што правам јас бе, кај сум слабокрвна па уште и се занесувам и еве више 3 години немам запалено цигара и супер ми е
КАКО ПРИРОДНО ГИ ПРОЧИСТИТЕ БЕЛИТЕ ДРОБОВИ? Иако сите знаеме дека пушењето е штетно, многу од нас се уште пушат цигари. Кај пушачите, шансите за заболување од рак и други болести, се многу поголеми од оние кај непушачите. Ако успеете да се откажете од цигари ќе имате поголема можност да живеете долг и здрав живот. По откажувањето важно е да се потрудите да ги прочистите белите дробови од катранот кој веќе е наталожен. Овој процес можете да го забрзате со конзумирање на неколку продукти. Но и оние кои нема да се откажат од цигари, потребно е да ги конзумираат овие продукти за да го намалат ризикот од рак и други болести. Освен конзумирање на овие неколку продукти, за чистење на белите дробови, потребно е да бидете активни и вежбате секој ден и да се консултирате со вашиот лекар за останатите чекори кои треба да ги превземете. Пченка Пченката содржи бета криптоксантин кој ги штити белите дробови од рак и други болести. Внимавајте кога бирате пченка, таа мора да биде органска. Селиум Селиумот е моќен анти-оксидант, а можете да го најдете во туната, лосос, јајца, јагнешко месо и мешункасти плодови. Лук и кромид Лукот и кромидот ги штитат белите дробови од инфекции. Портокал Портокалите содржат многу витамини и се уште еден извор на криптоксантин. Коприва Копривата е растение кое е богато со железо и се користи за спречување на белодробни инфекции.
Јас сум он и оф пушач, значи пушам кога сакам, престанувам кога сакам. И кога пушам, пушам нааајмногу по 10тина цигари на ден, така да не е нешто многу. Битно е не сум зависна од нив, еве од 20ти октомври до денес немам запалено ни една цигара. Инаку и кога палам, страшно ми сметаат и после секоја изгасена цигара јас мијам раце бидејќи не можам никако мирисот да го поднесам. Се надевам оваа пауза ќе ми биде дефинитивно збогување со нив.
Јас лично не сум пушач и сум против пушењето. Никогаш не сум рекла и нема да речам дека нема да пушам оти има многу шо викале така и коа пораснале пак пушат. Немам ништо против пушачите, ако го прават чисто за свое задоволство и не ме загрозуваат мене и не ми префрлаат оти не пушам. А 13-14-15 годишни деца шо се прават фраер(ки) со цигарата во рака особено ме нервираат. Ок свативме, ти си бед бој, ги кршиш правилата, генгста си, многу сакаш цигари, на фејсбук профилната ти е со лицето задимено,ама нема ништо посебно тука или за фалење...
Почнав на 22 и уште трае. Смрдам на застоена пепељара. Бидејќи карактерот ми е слаб за откажување, дали постои некоја инекција за во врат???? ја претерав.
Јас лично не сум пушач, не сум ни пробала ама затоа татко ми е тежоооок пушач мислам 4 кутии дневно, па како оџак е
Јас не сум пушач, имам пробано неколку пати, незнам ни сама зошто, сепак неможев да го поднесам мирисот а и не само што ни штетат за здравјето туку и плус плаќаме за тоа...сепак немам ништо против тие што пушат сепак тоа си е нивен избор