Се што се мора не е тешко. Јас исто сум пушач на пауза, кога ќе престанам да ја дојам малава пак ќе си пропушам, никако не ги оставам а и сега и за време на бремност ако ми текне некогаш палам ама цела бременост можда 5 цигари сум испушила, не можев да се мислам што се може да му биде на бебето затоа што јас не можам да се воздржам од толку штетна навика.
Јас сум против. Татко ми е пушач и мн пуши. Мене тоа ми пречи. Дома све смрди на цигари пошто на господинот не смее да му се забрани дома да чади. Кучето ми смрди, јас смрдам. Неможам асално да се избањам. За две минути пак ќе смрдам. Негово право си е ама сепак мислам дека треба и на нас да помисли (јас кога се лакирам ми се дере дека смрди излезам надвор, а цигарите не му смрдат). Наместо ова законов за 3то дете мн попаметно ќе им биде закон против пушење. Само животот се расипува, позитивна страна нема.
Не пушам и немам ништо против пушачите,но многу ми смета ме гуши,дома имав и сеуште имам пушачи за жал.
Не пушам и сум противник на пушењето. Ми смета и тоа многу. Маж ми не пуши, ама неговите да. За среќа излегуваат надвор, но сепак се чувствува мирисот на цигари на нив. Дома не дозволуваме да се пуши. Кој сака си излегува на тераса.
Јас до пред 2 месеца не можев да ги поднесам со сите дома се карав татко ми,мајка ми,браката,сите пушат само јас не,се ми сметаше,ама почнав од пред 2 месеца со друштвото....И не можам да ги откажам,на ден може по една најмногу 2 кутии...И откако пушам сите пари таму ми идат,лошо,лошо.
пушач сум и тоа страстен.....убаво ми е со кафе,после секс со маж ми заедно палиме цигара и во тоа уживам,многу ја сакам цигарата после јадење-убајна.....свесна сум за негативните страни од пушењето и најмногу исто ми смета тоа што дома мириса на цигари ама кај да е повеќе нема да е така...
Да. Пушач. Но не без осет и без усул. Со кафе ,,тегнам,, три и толку... После ручек може една. Ама...ако сме со друштво и ако се пие алкохол па и ако е разгорена некоја битна тема, значи поарно врзете ми ги рацете.Немам осет дека сум ја изгасила а веќе палам нова.
Против сум и тоа многу. Имам запалено така на зезање и не знам што убаво гледаат пушачиве во цигарите. Јас како дупла вага во хороскоп, се ставам на кантар па и ова. Милион лоши работи произлегуваат од пушењето(смрдеа, штетни по здравјето, го намалуваат домашниот буџет...), а ни една добра. Зошто би пушела?
Против пушењето сум и има многу причини зошто е така. Но, од радозналост имам пробано и не ми е ништо посебно
Јас сум голем противник за цигари.Добро ако веќе неможеш да се откажеш ти пуши пак цигари но немој по една кутија на ден тоа е стварно претерано кога ќе отидам кај некој роднини на гости који пушат цигари мислам дека цела се усмрдувам тоа е катастрофа.Значи знам случај и тоа моји блиски роднини значи мажи жена и две деца и само женава работеше ама не дека некаде секретарка директорка зимаше 10-12 илјади плата а што е тоа треба струја вода да се плати кабелска и др ствари они цел ден само цигари пушеа една ипол кутија на ден добро неможеа да се одвикнат ама што е тоа ем во криза ем секој ден по песет шеест денари (колку и да се цигарите неам поима).Незнам но мислам дека треба да се потрдуите да се одвикнете сите вие што пушите цигари али ете негогаш пак ќе сакате да пробате ама тоа нека ви биде еднаш во месецот или 3-4 недели незнам..
Пушам понекогаш со дечко ми, не знам ни јас зошто, ама сум против, го терам да ги откаже. Свесна сум дека тоа одеднаш не може, но му имам кажано, ако сака да имаме деца ќе ги откаже пошо не сакам тие да бидат изложени на чадот од цигарите како што јас бев па еве ме сега со здравствени проблеми сум уште. Не знам зошто воопшто некој ги измислил, ем штетни ем трошење пари.