Не пушам, но не ми пречат цигарите околу мене. Се дружев, и се дружам со многу луѓе кои пушат, така да навикната сум на димот од цигарите, тоа му доаѓа скоро исто како и јас да пушам.
Не пушам, не сум ни пробала. Зошто, кога едноставно не ме привлекува? А и ми смета чадот од цигарите многу. Супер ми е вака, нема потреба да правам нешто од кое што ќе немам никаква корист, а и најверојатно ќе се каам подоцна.
Не пушам, имам проблеми со белите дробови и тоа капак би ми ставило. Не ми се ни убави цигарите. Инаку живеам со двајца страстни пушачи - мајка ми и татко ми, кои пушат и во мое присуство, но сепак каде и да движам, се движам во присуство на пушачи, па така да сум скромен пасивен пушач. Да ги немав проблемиве, сигурно ќе растурав по 2 кутии на ден. Некогаш имам јака желба, што не знам да си ја објаснам зошто ни како.. но ете им крадам по една цигара на моите, и на тераса скришно ќе ја запалам и на пола ја оставам. Ама ептен лоша работа се, не ги сакам, но некад они ме сакаат ми фрлаат магии со чадот интересен што на сонце мења бои
Пушам веќе некое време, прво поретко али сега ептен пушам... Сегде околу мене само пушачи има и јас одлично се вклопувам Моите знаат дека пушам, скоро сите знаат и најубаво чуство ми е да се седнам да си учам со цигарчето до мене
Не пушам, никогаш не сум пробала цигара.Но, не ми сметаат-сите машки членови на моето семејство се активни пушачи, а имам и многу другари и другарки што пушат, така да не ми е проблем да сум во нивно присуство...
пушам и убаво ми е Покрај тоа што знам како влијаат, пушам. точно една година веќе пушам... во друштво сите ми се пушачи, скоро сите роднини.. мајка ми знае, а татко ми не бидејќи тоа би завршило навистина лошо
Опколена сум со пушачи ! Моите дома пушат по две кутии на ден, другарките мои сите до една пушат, цимерките со кои минував најголем дел од времето беа страсни пушачи, дечко ми исто така, колешкито од работа ги палат една по друга ... опколена сум со пушачи а јас пак сум непушач! Не ме фатило ни еднаш мерак за да запалм цигарам, и не е во прашање инат нити пак нешто против порокот пушење туку едноставно си немам желба! Иако сум непушач јас никогаш не сум проповедала во врска со штетноста на цигарите, нити сум мавала со раците како демек ме угуши димот, или пак сум се жалеле од мирисот на цигарите! Не мирисаат убаво, штетни се и димот му смета на секого ама тоа кој не го знае?!?! Затоа сметам дека нема потреба да проповедам на никому на тема ,, цигарите штетни по здравјето,, Едниствено што не сакам е да се пуши во собата во која спијам, ама и тоа сум го преголтнала неколку пати во животото! Па не сакам да бидам лоша домаќинка само заради неколку испушени цигари кои ќе ги снема со проветрување на собата!
цигарче дали пуши и? пушам цигари? папапапа пушам бе ко штракната цигари немојте бе луѓе штетни се ! го чекам тој ден кога веќе стварно ќе ги откажам !
сите го чекаме ама некако се одложува. А во врска со пушењето последниве недела-две некако ги намалив.. помалку пушам
Пушач сум од мојата 13 год така да немоѓам да си се замислам без цигарче. Е сега кога останав бремена на почеток неможев да пушам ама сега при крај почнав по едно/две цигарчиња да си павкам
Не пушам, ниту сум пробала некогаш цигара. Никогаш не вели никогаш, ама за цигарите дефинитивно изјавувам - НИКОГАШ. Татко ми е страстен пушач уште од негово 5то одд. и не труе доволно по дома. Не одам во екстреми, не ми сметаат пушачите околу мене ако се со усул и немаат намери да создадат димна завеса во собата, дозволуваме дома да се пуши и го почитувам нивниот избор. Порок си е порок. Сфаќам. Лично ми пречи кога треба да излеземе некаде во град, сме се собрале претходно кај некого дома, а таму сите се распафкале ко да не виделе цигари во животот. Половината се кријат од дома дури и на 25 и кусур години , што ми е жално и бедно по малку, па тука начекале слобода и можат да издуваат и една кутија во една вечер. Ти си тргнал дотеран, намирисан, среден, и излегуваш во град со мирис на пепелник. Косата и алиштата ти корнат. Единствено тогаш мразам пушачи. Јас не би пропушила зашто си ги сакам белите дробови и сакам да си ги почувам подолго време, зашто мразам жолти заби, непријатен здив, потемнети и смрдливи прсти и збабичкосана кожа пред време. Сум била во врска и со пушач, никогаш не сум мрчела, ама да не се лажеме - има разлика во бакнежот. Ниту мастика, ниту освежувач за здив не може да направат чудо. А на трпезата може да го има и најубавото јадење на светот, ако до него е бапнат пепелник со милион изгаснати отпушоци, нема ни да го допрам. Погадно нешто, здравје.
Јас не пушам. Сум пробала, дури 2-3 месеци и пушев активно, ама една другарка ми за'ржа па престанав, а рака на срце не ми ни беа убави. Сега ептен, ептен ретко, на одмор испушив 2-3 од мерак со пивце навечер, ама вака немам некоја потреба. Ми смета чадот околу мене, ме гуши. А најмногу од се ме нервира после јадење мајка ми одма пали цигара, уште не сум ни дојала, а она до мене она е дефинитивно најстрасниот пушач што го знам, 2 ипол кутии како ништо на ден. Дечко ми пушеше кога се запознавме, сега веќе не. И признавам иако ми е глупо делумно ради мене ги остави затоа што стварно му објаснував (урлав ), ама имаше причина, он е такво нежно створење се гушеше во шлајмови, кашлаше хронично, и фино лепо му кажав тебе мил мој не ти држи гзот да пушиш, од чист ку*ташак си праиш со сила мн лошо. И еве го добар е сега за сега, некогаш пали по 1-2 и после две недели кашла и плука шлајмови ама кој му е крив!
Не пушам, никогаш не сум пушела и никогаш нема ни да почнам ... Околу ова прашање секогаш имаме расправии по дома (кои главно јас ги почнувам ) бидејќи мајка ми и татко ми се страсни пушачи и редовно ме трујат по дома, но што да правиш пушач ко пушач никако неможеш да го натераш да ги намали или не дај боже да се откаже од цигарите...
имам пробано да(незнам зошто на почетокот на пубертетот, ептен големи проблеми беа тогаш) 3 дена по 3 цигари, и од тогаш веке никогаш, квит, крај, финито(и сега ми е одвратно)
Исто како тебе. Не сум против пушачите ама да е со граница. А и кога ќе видам од 6 или 7 одд дете да пуши.... па и уште девојче... сфаќам дека тоа им е само за градење на својот изглед во очите на другите... само не знам дали им успева....
Цигари... Не,не пушам т.е немам запалено ни една единствена цигара и горда сум на тоа Не сум против тие што пушат,но јас лично не можам да ги поднесам Прво многу ми смета да сум во просторија каде што пушат,веднаш почнува да ми се лоши,па можам да замислам што би било кога тој чад би го внесла во уста Второ не сакам алиштата да ми смрдат на нивниот чад Трето дур давам пари за цигари ќе си купам нешто попаметно од кое навистина ќе имам корист
Не пушам цигари, никогаш не сум ни пробала, ниту планирам.. Сум против мајка ми што пуши премногу Фала богу имам своја соба па не ми е зачадено, но повеќе се грижам за неа отколку за водухот Во друштво во глобала сме непушачи па кога ќе отидам некаде чадот ужасно ми смета, ме гуши ..