Пушам 5години...Неможам да замислам ,да ми помине ден без да запалам цигар Имам пробувано да се "скарам "со нив,ама не бива
Цигарите ми се долгогодишна лоша навика. Во последно време без петнаесетина цигари не ми поминува денот. Некогаш успевам да се воздржам и да запалам само со кафе. Најлошо е тоа што колку што сакам да се откажам, толку и не сакам, некогаш многу уживам во нив
Не пушам и сум против. Во последно време кога ќе дојде некој и ќе пуши кај нас, после се мирисам себе. Пушачите џабе ставаат парфем, џабе кога тој мирис се меша со мирис од цигари.
Пушев 8 години редовно но ги откажав цигарите веке година дена и супер ми е. А кога некој пуши во близина не ми пречи.
Дефинитивно сум против. Непушач сум, освен 3-4 цигари за зафрканција, немам испушено саглам ниедна. Особено ми смета пушач кој ме труе мене и останатите непушачи во заеднички простории, било тоа да е дома или на гости, работа итн. Секој има право на избор дали ќе се труе или не. Зашто мене да ми биде одземено тоа право на избор?
Никогаш не сум запалила нема ни да запалам цигара. Иначе не сум против,секој има право да си избере дали ќе пуши или не. Само не ги разбирам оние кои велат дека ако треба нема да јадат, ама кутија цигари мора да имаат џеб.
Не сум пушач. Никој дома не пуши а ни дечко ми. Само една од другарките е пушач но не и "солам" памет, секој си има право на свој избор. Само барам од неа да внимава кога е со мене затоа што многу чад ми смета. Кашлам, ми солзат очи. Кога сум во поголемо друштво на пушачи веднаш потоа мијам коса, перам алишта што сум носела, едноставно не можам да го поднесам тој мирис.
Не сум пушач... Не сум ни против, ама често знам да му преречам на некој близок.. не за друго него оти се грижам
Пушам,ама сум против. Да ми е сега паметов,никогаш немаше да запалам. Ама младост лудост.Кога ќе се фатиш на орото,тешко е после да се пуштиш.
Никогаш досега не сум запалила цигара,не сум пробала едноставно,ниту пак планирам да направам такво нешто.Според мене цигарите не се ништо повеќе освен средство за труење на организмот и загрозување на здравјето.А што се однесува на пушачите,ниту ги оправдувам ниту ги осудувам,тоа е нивна одлука и нема зошто да сум против тие луѓе,тоа си е индивидуална работа.Но сепак би била посреќна и позадоволна кога би немало толку пушачи.
Големо против.Толку се штетни..неможам да,ги смислам.Ем што ќе ти мириса облеката,прстите,забите ќе пожолтат и белите дробови ќе се оштетат. Не планирам да се трујам.
Против не сум. Вервам дека секој има право да си одлучи сам за себе. Имам пробано во средно, воопшто не ме привлекуваат. Ме нервира единствено фактот дека пушачите се едни од најнеобѕирните луѓе! Со сите се карам. Татко ми пуши, брат ми, дечко ми, другарките. И на крај јас сум најоштетена бидејќи ем не пушам ем константно сум пасивен пушач заради нив. Малце треба да се посвесни. Јас не им бранам нити пак можам да им забранам, ама не е фер спрема тие што не пушат да ги труете. И посебно кога ќе видам пред деца мали........ И ќе се дофрли коментар од типот „нема гајле нека сјачва“.