Да! Али може да се каже "рекреативно", по 2,3 на ден И не сум против, кој сака нека пуши, кој не - не мора, која сум јас да се мешам
Сум пробала 2-3 пати од интерес. Некако не ме привлекуваат, ми смета кога друг пуши и обично гледам да го избегнам чадот.
Не пушам и нема човек кој ме познава кој не е зачуден за тоа. Не знам зошто искрено. Имам другар кој редовно ми нуди цигара и после секоја одбиена се чуди како јас не се распушив од сите што си се дружиме. На факултет ми имаат барано повеќе од еднаш цигара, и не е тоа што ми бараат туку тоа што не веруваат дека пушам од после. И за крај, наставничката од забавиште која е куќен пријател го прашала татко ми дали пушам зошто дур сум растела сум делувала на дете кое сака да пуши и со прстите често на одмор сум пафкала со рацете. А од еден агол, јас срце сум, а види овие. Не ми смета некој да пуши ама мило ми е што дечко ми прекина.
Сум пушел две - три год. Сега не пушам и многу ми е подобро , инаку многу ми смета некој до мене што пуши на пример кога сум во кафич или на некое друго место ептен ми пречи чадот и неможам да поднесам. Подршка за оние кои што пушат а сакаат да се откажат од пушење...
Пушам цели 10 г. Со една кутија терам 2 дена. Се мислам веќе некое време дали да се обидам да ги откажам. Многу пари непотребно ми одат поради оваа лоша навика.
Да. Со години веќе. Се обидував да ги откажам, ама не оди. Кога чекам некого, кога сум нервозна, со кафе, после јадење.. Лоша навика, ама искрено уживам во нив
Непушач и против. Кога се бакнуваш со пушач пепељара бакнуваш. Знам да испафкам само кога сум расположен во друштво од тоа што не сум Тито и неам кубанска пура Анкетата ми е многу сомнителна,јас скоро секој човек што го знам е пушач и како поскапуваат цигарите така и се зголемува бројката на пушачи
Мојот дедо беше пушач, ама за него знам дека палеше по една на ден и често му се случуваше да издржи без цигари со денови, па и подолг период, колку сака. Пушеше рекреативно, а не од потреба. Овие денес се нервни. Уште од средношколци, секој мал одмор го трошат на цигара. Непушење им предизвикува анксиозност. Не на сите, ама повеќето се такви.
Пушев скоро 5 год и ги оставив кога дознав дека сум бремена од тогаш па до сега немам запалено цигара......и сега сум голем противник кога се работи за пушењето, мене мн ми смета кога некој околу мене ке запали цигара. Мм пуши веке 15 год и се труди да ги остави ама не му иде, има желба ама габе кога не е цврсто решен да рече од денес нема и готово...
Уј, морам да признаам дека ме изненади анкетата, очекував многу да. Инаку не пушам ниту пак некогаш сум запалила цигара во животот. Уништување на здравјето и фрлање на пари за џабе ми е.
Чудно е кај мене. Има денови кога на ден палам по 5-10 цигари, има периоди кога недела нема да запалам цигара. Понекогаш ми се гади од цигари, а понекогаш душата ми бара бар димче да повлечам.
Многу ретко запалувам, можеби еднаш неделно, понекогаш ни толку. Обично кога ќе ме фати мерак во друштво, инаку не ме влечат цигарите, можам и со месеци да не запалам.
Не пушам и многу сум против пушењето. Од една страна ми пречи, а од друга страна истото е многу штетно за здравјето.
Пушев 8 години и исто толку веќе не пушам. Наеднаш одлучив да откажам и цигари и алкохол и оттогаш немам чепнато ништо од тоа. Ми пречат цигарите многу, особено затоа што ретко кој во моево опкружување пуши и ептен се одвикнав од нив. Дури и тие што пушат знаат дека во присуство на децата не сакам чад од цигари, па пушат надвор или се тргаат на страна.
Не пушам и не ни планирам да пушам. Мислам дека оние кои сакаат а неможат да го откажат пушењето немаат доволно мотивација.