Не сум пушач ама имам пробано и од тогаш ми станаа одбивни. Немам ништо против пушачите. Порано многу мразев да има некој запалено цигара у моја близина поготово ако е во затворена просторија ... пф тоа све љетив на кров. Дури и мајка ми ја бркав од куќа на - 15°C.
Пушам, многу. Не чини, сакам да не пушам, ама никогаш не сум ни пробала да престанам со пушење. Сум ги намалувала само количински.
Страствен пушач сум, уживам во цигарите и не планирам да ги откажам. Од друга страна имам осет и култура према луѓе на кои им смета, пример ако идам негде на гости сама прашувам дали се пуши внатре,не чекам да ми кажат, и не ми е проблем да излезам надвор. А глупи коментари од анти пушачите не допираат до мене. *i just lit a cigarette while typing this *
Еколошки само. Не пушам, се откажав, пушев по кутија на ден така у рок од година и решив да ги откажам искрено лесно помина првата недела едвај се воздржував али после си е навика.
Јас не пушам ,околу мене сите пушат и тоа целиот дим иде во мене цело време , така да може да се каже дека на некој начин пушам.
Три месеци не пушам веќе, скоро заедно со дечко ми ги откажавме. Тој две недели помалку од мене ... Хепи сум
Не пушам.Цигарите предизвикуваат рак.Кој сака да се труе,нека се труе само да не ги труе другите бидејќи тоа е погрешно.
Имам пробано, но не пушам цигари. Иако околу мене има многу пушачи, почнувајќи од најблиските јас не сум пушач. И искрено да ви кажам дека сум многу среќна поради тоа. Пушењето Е НАЈГОЛЕМ РИЗИК ФАКТОР за сите видови болести на респираторниот (и особено оние малигни заболувања како што се белодробните карциноми), кардиоваскуларниот систем итн. Иако некои ќе речат познавам многу луѓе кои не се пушачи а добиле рак, нема правило. Тоа е точно, но тие луѓе на овој или оној начин се пасивни пушачи со самото присуство во друштво на активни и страствени пушачи.
Не пушам и сум против нив. Ми пречат, среќа во околина од мојот круг на луѓе ниеден не пуши, а плус и како идно медицинско лице сметам дека се премногу штетни и не би ги користела, а и да би имала моќ би забранила наоколу другите да ги користат поради нивното здравје. Вака, само чадот подалеку од мене и доволно ми е.
Оо веруј сами сме свесни дека си се труеме.. Јас па имам осет за цигариве.Гледам да не чадам луѓе околу мене освен ако немам кај да пушам.Другарка една што е непушач се навикна више поред нас, цело друштво пушиме се навикна девојчево више, душичка Ама за спортисти највише имам осет