Не пушам. Мразам чад од цигари и мислам дека пушачите што пушат во соба во присуство на непушачи се себични и без осет. Човечки е барем да прашаат дали ти смета, од солидарност ќе кажеш нема гајле и ќе издржиш (ако можеш). Особено сега кога сум бремена, свеки млати 3 кутии дневно со оправдување дека она коа била трудна пушела. Ма шта ме брига бе . Па кога ќе ми донесат гости и ќе ми се расчурат, се осеќам како да сум во облаци, прекрасно чувство .
Не пушам и никогаш не сум била за пушењето. Повеќето у друштвото пушат, но јас не можам да трпам чад од цигара. 100 пати ме имаат помолено да пробам но не, не прифаќам
Не пушам ,против цигари сум многу ми пречат цигарите од димот кашлица ме фаќа ,внатре на никој не дозволувам да пуши цигари не ме интересира ако сакаат ќе си искочат на тераса ,мој дом мои правила никој не смее да запали цигара внатре.
Не знам како да гласам на анкетата, пушам наргиле но не и цигари. Понекад знам да запалам и пура, бидејќи ми носат понекогаш од Куба.
Изгледа од што толку пушам, почнав да сонувам како сум нашла кутии од моите омилени старите Винстон плави, пуни со цигари и бев пресреќна во сонот дека ќе ги пушам.
Пушам. Додека идев у школо кутија на ден. Сега кога начекам прилика тогаш. Обожавам. Убав е мирисот. Среќен си зимаш со мерак цигарче. Тажен си зимаш цигарче. Вовлекуваш и кога ја отпушташ како да ти олеснува. Али мразам кога некои идат пр на гости и од култура прашуваш и ти викаат може слободно. И ајде 2-3 цигари во ред. Али да земеш да се распушиш без осет. Не е во ред.
И јас пушам цигари веќе долго време, ама ова со гостиве доле што имаш пишано ако се однесува на пушење дома во соба сум многу против и ми е гадно. Како можат во соба каде што седиш, јадеш и пиеш да се пуши тоа не го разбирам, па тој мирис се впива и на ѕидови, на мебел, на самиот себе, и овака сите пушачи мирасаме на цигари што е нормално и надвор да пушиш, ама во соба тоа е бетер како во пушална да седиш цел ден. И за гости воопшто не ми е непријатно да им речам да излезат надвор ако пушат, кога можам јас да излегувам ќе можат и они. Не е од чиста култура ќе ти речат ајде запали, воопшто не е непријатно на некој да му речеш не се пуши дома, едноставно е.
Почнав пред неколку месеци со мисла дека ќе ја испушам само таа една кутија и крај. Но, еве ме ден-денес, не можам а да не испушам барем една цигара дневно и се уште ми кружи таа мисла само уште оваа кутија. До кога не знам.
@DenicijaNaPetre епа така се почнува Дури не се напраиле години подобро откажи ги со време оти се потешко станува после тоа. Инаку и јас сум пушач ама ми се намалени скроз во последната година, од кутија на ден сега стигнав до 5-6 негде, ама како и да е се се важи, дали 1 дали 100 сеисто е.
Не пушам. Никогаш не ме привлекувале.Имам запалено мнооогу одамна,ама...не знам,не ми направило кеиф. Една од ретките правилни одлуки во животов.
Хахах и јас вака почнав, реков само една кутија колку меракот да ми помине, да видам што е тоа толку што ги тера пушачите да пушат, кое задоволство е. И еве ме веќе 8-9 години сеуште ја пушам таа една кутија.
Кај мене последниве две недели се јавува тој страв дека таа една кутија ќе си ја пушам to the end of time
Подобро прекини додека си на почеток, многу е по лесно отколку после кога ќе се распушиш и ќе станеш хроничен пушач. Мој најдобронамерен совет.
Не пушам, ниту имам во план да пушам. Првата причина е зашто кога друг пуши во моја близина, јас се гушам од чадот, а не па да земам јас да пушам и да си го уништувам здравјето. Втора причина се финансиите. Премногу се скапи цигарите, за јас секој ден да трошам по толку пари. Јас гледам колку можам повеќе да заштедам. Задоволство ми е кога гледам дека ми се зголемува заштедата Срце ќе ме боли ако давам пари за цигари
Не пушам. Бев пушач едно време, во средна школа, и тоа само затоа што сите другарки брзаа на голем одмор на пуш пауза, па јас се досадував, па од пуста досада пропушив. Подоцна и кога работев знаев да не запалам по цееел ден, ама со друштво навечер да препушам Неколку години ми траеше тој период и дефинитивно ги откажав. Многу ми пречат сега. Излезам од кафичот/ресторанот смрдам корнам, облеката, косата, се! Во устата чувство како јас да пушев. Што убав закон си беше кога беше забрането пушење... Кај нас дома не се пуши. Дури некогаш од балконот ако влезе внатре димот ми смрди со денови. На непушач многу му смета и го гуши, едноставно не е навикнат на миризбата.
Пушев порано ,по 3-5 цигари дневно. Кога останав бремена не пушев само два пати по една запалив во 9 месеци ,а мм пушеше внатре и на крај бидејќи пушеше тој цело време имав пушачка плацента . Сега дојам и уште не пушам ,немам ни еднаш запалено. А ми се појавила желба не дека не ама јака сум јас ќе издржам без цигари,не е воздух . Е за понатаму не знам ќе видиме