Пушаш сум и понекогаш претерувам со цигарите , како на пример вчера цела кутија. И ми смети да како што рече Cynthia сите сакаме да го откажеме ама никако да се обидиме и се одложуваме. Пушам активно од мојата 17 година.
Да се родиш здрав прав и после да се уништуваш со цигари - НЕ. Сакам здрав живот, мил ми е. Алергична сум на никотинот. Еднаш кога бев помала, како "за проба" се затворив во тоалет дома, пробав и никој не ме позна .. ама после тоа не! Некои пушат пошто е "шема", други си имаат зависност, се е до карактерот на човекот.
Не сум пушач и немам ништо против пушењето. Кој што сака нека прави, негов живот, негово право. Само не сакам луѓе да ми пушат внатре зошто дома сите се непушачи и треба некое време за да изветрее целосно миризбата. Ич не го сакам мирисот на цигари
6-7 години сум активен пушач. Од осмо одделение некаде. Пробував да ги откажам - неможам. Ако сакам да запалам цигара а немам, мислам дека сум во состојба од нервоза да убијам некој Од се можам во животов да се откажам ама од цигарите не, и се помирив со тоа. Решив повеќе да не пробуам да ги откажувам зашто секогаш е неуспешно и решив да си уживам во нив, да си помислувам колку ми е убаво кога ќе си запалам цигара, а не да мислам колку ми штети. Ако ми штети нека штети сега тоа е. Не сум некој пушач што пушти по кутија ипол-две, можеби во денот по 10 цигари ќе испушам, ама сепак неможам без нив. И не ги откажувам, убави ми се. И имам осет секогаш кога сум во друштво на некој што не пуши, обавезно пазам да не му чадам зашто знам дека непушач си е непушач и не настојувам или да се зезам несолено да му дувам чад во фаца. Такви работи не. Почитувам и пазам
Не пушам. Пробав пред неколку години ама не ми одеше пушењето Но, не сум против тие што пушат. Ако на некој нешто му причинува задоволство зошто пак мене тоа да ми пречи?
ПОвеќе годишен пушач. Е сега,дали сум против или за? -Баш и не гледам некои добри причини да сум за, како горење пари, последици по здравје, но да се изјаснам сум против. Откажување? _-Сум пробала еднаш-двапати од стартот на мојата пушачка кариера. Немав никаков проблем, дури и ќе запалев 1-2 во денот и ги гасев. Но тоа се случувало во ситуација кога сум била да со луѓе кои се тешки анти-пушачи и со моја волја да ги откажам. Околу мене сите пушат, слободно ќе кажам во животов имам 2-3 непушачи. Тоа ја прави самата идеја и помисла на откажување од нив потешка. Мотив ми дава кога слушам долгогодишни пушачи, кои се сметале за зависни од цигари, ги откажуваат-успешно (или бар на извесен период).
Дефинитивно против. Едно време кога и доаѓаа другарки на сестра ми, во детска зачадуваа, демек ќе бркаме глувци. Не се дишеше, поготово зимоска, ладно е, неможеш да отвориш прозор ко што треба. Па затоа си испринтав еден куп ливчиња, со забрането пушење, во различна големина, и ги залепив на врата.
Јас не пушам цигари, имам запалено порано, колку за проба,но ептен ми беа гадни и од тогаш не пробав. Немам намера ни да пробам пак. Дечко ми исто не пуши цигари, ги мрази многу повеќе одколку јас што ги мразам дури, и вели дека никогаш нема запалено цигара во животот А не ги осудувам пушачите, секој си има право да си прави што сака со животот.
Не пушам и немам запалено воопшто досега.Се гордеам со тој факт,иако ретко кој ми верува. Едноставно нешто што ми мириса одвратно,што е штетно за моето здравје и мојот надворешен изглед нема причина да го употребувам!
не сум пушач ама имам запалено неколку цигари, еден цигар ме “опива“ и релаксира и од таа причина имам запалено но не сум си навлекла зависност од нив како што некои велат дека ако пропушиш и вечен пушач ќе станеш.
Не пушам,нема ни да пушам,не сум ни пушела цигари. Строго сум против нив и ужасно многу ми пречат Имам блиски луѓе кои пушат и го издржувам чадот само ради нив(од култура нели) инаку многу ме гуши чадот и неможам да го поднесам!
Не сум пушач а за пушењето немам некој посебен став.Не ми смета до толку да сум у просторија со луѓе кои пушат затоа што моите родители се страсни пушачи па сум навикната на тоа.Но секако мислам дека не е убава навика,затоа што едно што трошиш пари за цигари а друго што е лошо за здравјето.Имам запалено цигара онака од љубопитност и ајде да кажам од фраерлак но не ми се допадна а и ми беше лошо така да од тогаш цигара во уста не сум ставила.
Пробав еднаш, па вчера пак, ама да ви кажам не ми се ништо посебно. Велев дека никогаш нема да пробам, но ете.. Никогаш ги немам повлекувано, а вчера кој ѓавол(другарка ми ) ме натера да го задржам здивот, да и зборам нешто па дури потоа да го пуштам. Е, до овој момент неможам нормално да дишам. Нешто ме стега во градите. : / Инаку никогаш нема да почнам да пушам! Никогаш нема да ми станат навика! Ветувам.
Не пушам а сум голем противник бидеќи не гледам ништо убаво и ништо во што можам да уживам туку за мене е тоа само бадијала врлени пари за што за да си го уништиш организмот и не дај боже да се разболиш