Не пушам, само еднаш имам пробано од љубопитност и замалку ќе се задушев. Имам пробано и електронско цигаре, искрено електронското повеќе ми се допаѓа, но сепак не пушам, и не планирам да пушам.
Пушам по 2-3 на ден некогаш, повеќе некогаш ич. Дома не дозволувам да се пуши, дури и на гости кој сум одела сум палела надвор цигара и покрај тоа што ми викале внатре да запалам.
Исто. До толку ми сметаат што секој пат кога сум во просторија каде се пушело, едвај чекам да стигнам дома, да фрлам се за перење и да удрам еден туш. 3 дена потоа ме печат очите.
Не пушам, во принцип сум против, палам неколку пати годишно во друштво на една другарка која пуши, не вдишувам, но ете мерак некиј и компулзивност со неа. Но проаѓаат и години без да допрам цигара.
Не пушам и сум против. Дома сите пушат и покрај нив најверојатно и јас имам пушачки бели дробови. Дури и кога сум била многу мала се пушело во моја околина и како последица на тоа јас постојано имам некаков густ секрет меѓу устата и носот и ми пречи, најчесто кога сум во легната положба. Исто така иако цел живот сум опколена со пушачи, ако собата е многу зачадена ми се случува да имам малце отежнато дишење, чувствувам како топка да ми застанала во дишникот и отворам се живо во просторијата, врати и прозори. Ете ова е мојата тажна судбина, што сум приморана да дишам отрови. Секако, искуството со цигарите си е индивидуално, ама јас никогаш не би ставила такво нешто во уста. Многу ми имаат инсистирано и убедувано, ама не се давам! Исто така, во фамилијата последниве 10тина години не удри некој малер, блиски личности ни починаа од карциноми на плуќа, тешки пушачи беа и уште толку ми се створи одбивност кон цигарите.
Немам ништо против пушачи, личен избор, јас никогаш не сум запалила такво ѓубре, не гледам причина зашто би си го уништувала здравјето? Само составот е доволен да се знае за човек да се одврати од таа идеа, сигурно со пушење цигари човек не може да има здрави крвни садови и убаво чисто лице.
Пушев 5 години, и еве 3 години веке како не пушам. Многу се каам што сум пушела, здрав прав се тровеш. Сега ми смета и миризбата на цигари, многу сум против, да можам да го вратам времето никогаш не би внесувала такво ѓубре во организамот.
Никогаш немам пробано цигари до сега. Дома сите пушат, со години зборам дека ми сметат, да се пуше надвор, ама не.. Мислам дека јас побргу ќе добијам рак на белите дробови од пасивно пушење.
Сите околу мене пушат само јас не Моите дома пушат, моите другарки скоро почнаа да пушат. Пред 2-3 недели и јас пробав малку. Бев со другарките тија пушеа и реков "дај и јас сакам да пробам" и едната од нив ми го даде нејзиното цигарче и го увлеков 2 пати не беше лошо Ако разберат дома ке ме отепаат Сега чекам некој ден да земам едно цигаре од моите (скришно)
Лелее немој, така се почнува. И јас така прв пат пред 8 години на голем одмор и ајде сите пушеа, и другарка да те научам да пушиш и the rest is history. Мислам дека наредниот ден купив кутија, и од тогаш пушам, со два прекини... Како што ќе ја купиш првата кутија, после интересно ти станува и уште сакаш и потешко е да се откажеш. Верувај ми, на страна што куп пари одат, се труеш, после одреден период и кожата ти се менува, од убав младешки тен ќе ти стане блед, безживотен, подочници, брчки, сила немаш, проблеми со дишење, срце... Не вреди. Јас сега се би дала никогаш да не запалев. Немој, ќе се каеш, моја препорака.
Да, без цигарите незнам што би правела, моја љубов си се(кога си немам друга), ме смируваат, а можеби и се лажам дека ме смируваат само
Фала ти за советот душо Секако мислам дека ке те послушам за ова искрено не вреди да си го трујам организмот со такви работи
Јас не пушам не сум ни сакала моитр мислеа нема ни да сакам ама сега сакаам на работа знам да испушам една што ке ми дадат ама ми е глупо дома да ме видат дека си имам и кутија, а сакам. Како да постапам лесно да поминам?
Никогаш не сум пробала и нема да пробам. Прво, го мразам миристот на цигарите и ме печат очите од него. Второ, скапи се и ако почнам да пушам, треба да кратам од други работи што ги сакам. Трето и најважно, си го сакам моето здравје. Не сакам да си го уништувам здравјето за нешто што реално не вреди. Страшно се нервирам кога некој ќе ми каже „Вие, непушачите, мислите дека долго ќе живеете? И вие ќе умрете.“ Да, и јас ќе умрам еден ден и можеби нема да живеам долго, ама не сакам цел живот да го поминам во кашлање.