Никако не поднесувам. За несреќа сум во минорство кога е во прашање мојата група пријатели и познаници. Па неретко пред коронава бев принудена на second hand smoking. Сега на отворено вешто ги избегнувам а и за моја радост и мм ги откажа пред скоро 4 месеци.
Не пушам, никогаш не сум пушел, не сакам да сум во околина на пушачи, и не сакам да се бакнувам со пепелник!
Строго против цигари сум и никако не би сакала да сум во околина на пушачи затоа што ужасно ми пречи чадот. Среќа и мојот сопруг е против цигари. Зошто да се трујам и да фрлам пари за тоа?
Не пушам и никогаш не сум пушела. Кога ќе видам девојка се средила, нашминкана, а смрди на цигари ууффф. Моите долги години пушеа и тоа внатре. Која неодговорност е тоа. И ние сме биле пасивни пушачи на тој начин, сме дишеле чад. И сега ме нервира кога ќе дојдат гости и што палат без да прашаат. После една слава утредента очите ми беа крвави од чадот и ме печеа. Туку требаше јас да избегам надвор од нив, па да им текне.
Пушам и сум страствен пушач. Не сакам да ги оставам, само би сакала да намалам. Пушам по скоро една кутија на ден (малборо слимс) што свесна сум дека е многу, малечки се и ултра тенки па една цигара ми е како пола од нормалните, можеби поради тоа пушам многу. Ме интересира другите пушачи по колку цигари на ден пушат во принцип?
Неколку пати имам пробано, да се изглупирам не за друго и никаква полза нема од тоа мислам дека, напротив, штетно е а и ми смета.. Едино наргиле пушам кога ќе излеземе понекад.
Не пушам, но страшно ме иритира кога во затворена просторија има пушачи и јас морам да го дишам тој дим! Ако му се пуши на некој, нека оди надвор. Никој не е должен да диши дим.
Не пушам, ама израсната сум во таква средина...додека живеев со моите не ми сметаше. Години не живееме заедно и кога ќе одам кај нив,толку ми смета, ми штипе очи....
Зошто го укинаа законот за забрането пушење во затворен простор? Сите алишта на мене и косата смрдат на цигари кога излегувам од кафич.