Не сум пушач, сум против тоа да се пуши во затворен јавен порстор каде што има непушачи затоа што лично мене ми смета.
Не сум пушач, сум испушила некоја цигара во средно и толку. Против сум само ако се пуши во затворен простор.
Пушам во друштво некогаш. Во средно повеќе. Избегнувам колку можам. Не ми се ни нешто убави, повеќе на нервна база. Сум против цигари во глобала.
Да ви кажам 'совет'. Пушам од 16 години. Скоро 30. Последниве пет, ко оџак. Милион пати ми забранија доктори да не пушам и никогаш не сум ги послушала. Плуќата ми се со полни со катран, до толку, шо кога ќе земам воздух, низ нив не се гледа ништо на Ехо. Е сега... пред неколку месеци слушнав за Ајкос апаратчињата, зедовме од поевтините Лил... ама не почнав одма да го користам, оти ми беше страв дали ќе се навикнам. Не сакав да ми биди уште еден неуспешен обид за откажување од цигари. Го користам повеќе од месец и да ви кажам, ептен сум задоволна. Дома не мириса на цигари, а уште побитно престанав да кашлам! Не е реклама муабетов, само искуство кое некому може да помогне. Се надевам дека еден ден и без апаратчево ќе можам...
Од каде се купуваат, како функционираат? Јас не сум пушач, сакам на мајка ми да и земам, она баш онака со љубов ги пуши, ја викам парна локомотива. Ти "задоволи" ли апетит за цигари? Осеќаш потреба да запалиш?
То ми беше мисла. Дали ќе ми ја задоволи потребата? Дали ќе ми 'легне' механиката на движење? Дали ќе ми се допадне вкусот? За среќа, еве мене се ми се погоди. А сум пробала претходно неколку пати да ги откажам, со различни методи, ама до сега не ми успеало ништо. 1200 денари е апаратчето
Не пушам цигари и сим против цигарите, затоа што го загрозуваат здравјето. За некој рандом човек на улица искрено не ми е гајле, нема да му солам памет. Ама не ми е сеедно кога некој мој сакан пуши, а воедно има и други здравствени проблеми. Во овој случај, да, против сум. А и за сите што пушат, знаејќи дека си го згрозуваат здравјето. Ми смета некој да пуши во моја околина. Сум пробала, сум пушела околу 2 недели и сфатив колку е тоа одвратно.
Не пушам цигари. Во средно некогаш знаев да запалам, но веќе со години не сум запалила цигара и горда сум што ги прекинав.
Пушев , не се ни надевав дека ќе ги оставам. Ама ептен многу ми се згадија кога бев ковид позитивна, и така престанав со пушачката навика. Не сум против , секој за себе одлучува.
Скоцкана, средена личност од глава до пети а мириса на цигари...Многу лошо...одбивност автоматски се создава и цел труд пропаѓа во вода.
Не. И сум голем противник. Ми сметаат многу иако во друштвото мое пушат. Кога ќе излезам по кафичи неможам да дишам доколку се пуши...
Не пушам цигари а ни не планирам да почнам. Као медицинско лице знам за крајните последици од пушењето