Вчера бев со моите соработнички во Источна Македонија. По пат ме усмрдеа на цигари, едвај чекав да дојдам дома, да фрлам алишта на перење. Она што ме фрапира е како можат да имаат по 2-3 дијагнози и да пушат цигара преку цигара. Зарем не е тоа екстремна негрижа за своето здравје?
Абе Тање, на таа плата во истокот, ние имаме израчунато дека поефтино е цигари да купуваме неголи јадење. Таман и поскоро ќе умреме, нема да се мачиме многу години.
Тоа е болест. Кога ќе ги засмукаат, абе да му се стемни на човек. Никогаш не го сфатив тој порив за цигари.
Не е смешно. Ние непушачите не сакаме да умреме ради вашите цигари. Треба да имате осет. Поради тоа или не пушете цигари пред нас или подалеку од нас за да не ни иде димот.
А од кај да знаеме ние кои се пушачи а кои не? Кога ќе видиш пушач, едноставно тргни се подалеку од него и готово.
Едноставно е. Не мора да знаеш. Додека си некаде треба да помислиш дека веројатно на некој од тие околу тебе му сметаат. И нема да пушиш цигари. Ако толку не ти се издржува, ќе ги прашаш луѓето. Ако на некој му сметаат, ќе си се тргнеш подалеку од тој.
Да бе да, сите по ред ќе ги прашувам јас дали да пушам цигари во ЈАВЕН простор Во кафичи, ресторани и остали затворени простории, не треба да се пуши. И нема да пушам. Ама надвор никој нема да ми забрани да не пушам. Ако му пречи на некој или нека се тргне или нека трпи. Мене ама ич не ми е гајле.
Ти како пушиш правиш штета. Загрозуваш и свое и туѓо здравје. Ти си таа која треба да праша и да се тргне на страна ако сака да пуши цигара. Не ти е гајле, но ако некој падне во несвест и заврши во болница, ќе одговараш.
Да бе, гледам паѓаат по улиците оти човекот спроти запалил цигара . Не ти чини, тргни се. На јавен простор, апсолутно никој ништо неможе да ми забрани.
Од утре ги откажувам, ги конзумирам само со пиво. И со пиво прекинувам од утре. Wish me luck. Интересно ми е дека ми се грозни, не го поднесувам мирисот ама ете, ми ја прават вечерта поинтересна, исто како и алкохолот (пиво само пијам). Не знам да си поминам добро без пиво и цигари, досадно ми е некако.
Секој треба да си се грижи за сопственото здравје, јас сум одлучила да пушам иако знам дека се штетни цигарите, така ако некој непушач има мака или му смета димот од цигарите во негова близина кога се пуши, он самиот треба да си се погрижи за сопственото здравје и да се тргне на страна.
Не се работи за луѓе од Источна, туку отидовме да работиме таму за дневница и по пат таа што возеше си пуши, нормално нејзино возило, што сака ќе прави, другата исто пуши, ние две позади се усмрдевме. Завршивме работа, седнавме во едно кафуле, таму пушеа, потоа седнавме и на ручек и таму пушеа, нели има летна тераса. Е сега, се видовме со едно видно лице од градот, политичар, се поздравивме, и мене ме фати срам, оти сигурно коренеме на цигари, а џабе сум тргнала чиста и намирисана од дома. И не е ми е страшно тоа што ќе ги истрпам еден ден, туку, страшно ми е што едната е млада и ми вели дека е мајка на три деца, има дијабетес, висок притисок, проблеми со тироидна, ама ја гледам цигара преку цигара. Добро, нели како совесна мајка би требало да се грижи да е во добро здравје и за децата и за неа? Другата жена, претходно оперирана од тумор, сега пак на друг орган треба да се испитува, ама си чади, цигара преку цигара. Прво со боринче го расипуваат своето здравје, друго тие пари поарно да ги однесат дома и да купат овошје, зеленчук, што и да е. Не се грижат за себе, за децата дома, мене ќе ме прашаат дали ми пречи да ме чадат? Како не. И не се сите толерантни. Еве лани исто имавме машко, студент, хонорарец, и другарка ми запали цигара ама на отворено, и овој ни срам ни перде „Амори смрдло, се усмрде ти добро, ај сега оди измешај се меѓу луѓе, само за таму си ваква“. Таа се насмеа, не се навреди. Ништо лично, не ве ни знам кој пушите, ама ова за мене е негрижа за себеси и себичност за другите. Франција планира или веќе забрани пушење на јавно место, еден нашинец кој работи и живее во Финска, на Зевзекманија раскажуваше дека таму ретко кој пуши, а дури и ако комшијата на тераса над тебе пуши, можело да го пријават и да плати казна. Треба да учиме од понапредните, да гаиме здрава нација и навики, а не да се чудиме како да закачиме рак на бели дробови.
Не е баш така. Пример во мое друштво скоро сите пушат и тоа се троват ненормално, ама секако нема да станат и да се тргнат од мене само заради тоа шо ми смета. Исто и јас, секој пат да станувам да си идам само заради тоа шо ми сметаат пушачи шо пушат пред мене и не ме прашале дали поднесувам? Во затворени простории кога сме ај излегуваат океј е, али на обично кафе надвор кога имаме седнато нема сигурно мене да ме прашуваат дали ми смета да запалат или не. Против цигарите сум да, али мислам дотолку може да се поднесе.
@Mrs.Precious треба разбирање, посебно зимно време. Најчесто од непушачите се чека да се прилагодуваат. Е сега зимно време да мрзнам не би, кој сака нека биде. Никогаш во животот не сум видела пушачите да речат ,,ај внатре за твој атер".
Точно, пушачите се тие што треба да се прилагодуваат, не е пушењето норма туку непушењето. Нема погрдо нешто во зима кога им е дозволено да пушат во затворена просторија па покрај нив и ти се усмрдуваш сосе гаќи. Нив не им смета можда и си се навикнати така да не ни сеќаваат, ама за непушачите страшно смета. Нека си излезат надвор и нека пушат колку сакаат. Не сум должна покрај нив и јас да си го трујам здравјето.