Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цигари - Дали пушите или сте против?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 6 август 2011.

?

Дали пушите цигари?

  1. Да

    373 глас(а)
    30,1%
  2. Не

    868 глас(а)
    69,9%
  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.013
    Пол:
    Женски
    А зар постојат места кај шо уште се пуши внатре? :^)
    Обично кај и да одев, морав надвор на цигара да излегувам, по најладното време.
    А и вие немора да одите во место кај што се пуши. Одете во ресторан, кафич, дискотека, кај што не се пуши и завршена работа.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.087
    Пол:
    Женски
    Мразам, апсолутно мразам кога пушат на плажа. Си дошол на морско ветерче и до тебе допловува чад од цигари.:puke: Пушење на сите плажи треба да се забрани, не само на некои. Уште ќе се преместувам со сите ствари зашто некој освен себеси сака да ги труе другите и да им го уништи денот. Бљак. И на детски игралишта треба да се забрани, на што личи тоа, отпушоци колку сакаш по земја, одвратно. Сегде кај што се престојува долго време треба да се забрани, и на автобуска постојка да се знае дека треба да се поттргнеш, не некој да ти го трпи чадот. Ригорозни мерки, може ќе се намалат пушачите. За тврдокорните, кои и би умреле наместо да откажат цигари, секако нема надеж.
     
    На TammiB5, bookslover, baguf4e и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.970
    Допаѓања:
    35.119
    Пол:
    Женски
    Не сум пушач и ми смета, ама па тие што прават пушница внатре и во кола не ги разбирам, посебно во кола, во толкав мал простор.
    Порано така кога одевме на службен пат во некој град сите пушеа во кола, и тоа сите наеднаш палеа цигари.
    Или негде кога ќе отидевме на гости пушница, кога ќе дојдев дома алишта, коса, се ми смрдеше на цигари.

    На гости не можам да забранам, ама затоа дома не дозволувам, кој сака нека се лути, не сум должна да вдишувам чад.

    И мајка ми и мм се пушачи, ама внатре не пушат.
     
    На SummerGirl, Tanjamm и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.435
    Пол:
    Женски
    Јавниот простор е за сите. Пушењето е штетно. Не е само мој проблем ако пушам во јавност. Ги прам и другите пасивни пушачи. Значи со мојата зависност штетам на другите. И е неодговорно, несовесно и себично. Се ставив во прво лице како да пушам, не, само пасивен пушач сум ради неодговорни особи околу мене.
     
    На bookslover, baguf4e, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    19.555
    Пол:
    Машки
    Нејќам пушење, штетно и го сметам за луксуз. И никогаш не сум пробал.
     
    На TamaraSJ, SummerGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    12.798
    И јас не сум видела таков пример. Никогаш никој не рекол „ај не пушам еден час, еј зар ќе се мрзнеш поради мене“. Напротив еднаш требаше деловна средба да имам со две жени, двете пушат, и кај да одиме, па во еден кафич каде се пуши внатре. Зима, ама кафичот е таков, се пушти внатре, дозволуваат, иако не знам дали е ова по закон, оти кај кој како сака работи. И така, седиш во пушница затоа што немаат самоконтрола 45 минути да издржат без цигари. Тоа е за мене немање самоконтрола. А си имаат здравствени проблеми, и пак тегнат цигарче. Да сум на власт, само ригорозни мерки, затоа што само така ќе се намалат болести кај луѓето, и онака немаме ни саглам лекари, ни здравство, скоро ништо немаме.
     
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.491
    Допаѓања:
    21.129
    Па еве на пример крајно безобразно е да палиш цигара на автобуска под сенка кога надвор е 40 степени.
    И да треба да бираш дали сончаница или рак на плуќа да фатиш
     
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.013
    Пол:
    Женски
    Повеќе имаш шанси радијација да те изгоре на сонцето отколку рак да фатиш од чадот од цигарите на воздух надвор.
    Претерувате и вие значи.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    7.473
    Пол:
    Женски
    Познавав еден куп луѓе кој никогаш не запалија цигара,и пак се разболеа и умреа.Писледен крај март,никогаш не пушеше би он ни неговите дома,беше спортист и се дружеше се' со фудбалери не пушачи.
    Исто и моја прва братучетка,непушач,и никој во нејзина близина не пушеа.
    Значи,секој со своја среќа!
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    8.626
    Пол:
    Женски
    Не сум пушела цигари никогаш, не ги сакам и гадни ми се, ама тоа МЕНЕ, тој шо си пуши за себе си пуши и си се труе, апсолутно неам право да забранувам кој шо да праи бе, ако ми смета станувам и си одам, се тргам на страна и сл.
    Неам нишо против тие што пушат.

    П.С. дедо ми пушеше цел живот, изживеа 85 години, лаганица и на нога. :!:
     
    На Herrera и Adidas888 им се допаѓа ова.
  11. HONEY_

    HONEY_ Нов член

    Се зачлени на:
    28 септември 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Бивши пушач(и)

    По 10 години страствен пушач ,решив да ги оставам цигарите .Затоа тотално Ве разбирам пушачи, не пушачи и бивши пушачи , сите три ги имам пројдено :D :D ...
    Баш сум поносна на себе и на сите кои имаат донесено таква одлука . Тешко ми беше први месеци,осевстувајќи дека се лоша навика ... Имав неколку прекретници у живот , кои ме натераа да дојдам до тоа да ги оставам цигарите , баш бев цврсто решена во своја одлука ,се борев со себе си ! ... Кога ги оставив како се да бидна многу ,многу подобро , ми се врати интезитетот на мирисот , на вкусот , акните ги снема , ми се врати кондицијата , заштеденив пари , ми се промени цел mindset ... Не верував,мислев дека нема никаква разлика , но сватив дека уставри било голема разлика да си пушач и не пушач, најпрво за себе си ... Нов живот живееш ,слободен си .

    Ова следно што ќе пишам ќе боли , ако не сакаш ,не читај.На твоја одговорност.

    За пушачи
    Нема да ви зборам колку се лоши цигари ,само мал дијалок ... мххм знам дека се знаете , и тоа носи пун куп оправдувања и јас така на времето :D
    Кафе без цигарче не иде .Ма не мора да ги оставате ! Да да јасно нема да ме убие (привремено) , да да ништо не е (подсвесно),да да свесни сме (избегнување одговорност), хехе едно димче пфф ... Зарем таков пример за млади генерации , за блиски ,за себе си ? Значи во ред ти е да почнат да пушат цигари твоите блиски? Не не никако,тоа не е во ред.Видите како сме свесни за последици .Сваќате колку се лажеме и оправдуваме ?
    Мал совет,цел живот су спотистка (и не бев свесна колку ми е слаба кондиција додека не почнав да трчам) .Почните редовно да трчате , да видите каква болка во градите е , таа болка физички не е видлива кога мирува телото (лично искуство) ... Во живот многуу,ама многу трчање има , зашто цигарче да не успори?Зашто да си ставме препреки сами на себе си ?

    За не пушачи
    Да да , сакате само да ни помогнете и фала за трудот и секоја чест што не пуште цигари,стварно многу значи ! Но кога се збори нон стоп те исто , сакајќи да не промените без наша дозвола и одлука , ве молам не не нападајте , понижувате , смалувате нашата вредност , тоа е контра ефект и тешко е да сватите , и вие ,и ние ... Едноставно , Ако Ви сметаме толку многу и не се наоѓа разумно решение , не бидете дволични , само не бидете во нашето друштво . Пуштете не да сватиме сами со наша дозвола за промена ,а вие во мир без дим . Со донесување на тешка/болна одлука се покажува поштовање спрема себе си и луге околу тебе, еден ден ќе се вратат , многу подобри и посилни одколку што може да замислите .

    Бивши пушачи
    Прочитај од почеток .

    :l:
     
    На Snowflake97, LiquidLuna, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    6.112
    Пол:
    Женски
    Мразам цигари но пушач сум. После секоја запалена цигара чувствувам грижа на совест, каење зошто сум го направила тоа. Но, никако неможам да престанам да пушам.
     
    На halfasoul и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  13. Teodoris

    Teodoris Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Обожавам цигари.
    Од мала знаев дека ќе пушам. Ми се свиѓаше мирисот на цигара. Поубаво нешто нема. Расположен си? Палиш една од ќејф. Нервозен си? Палиш една и нервозата се дели на пола. Тажен си? Со секој испушен дим мислиш полесно ти е.
    Ретко кој се дрзнал да ми пререче. Ама имам одличен одговор. Има да пушам додека не цркнам. Вие не пушичите немојте да не дискриминирате.
     
    На halfasoul му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Хаха и мајка ми така викаше.Исто викаше сама си печалам и ќе си купам што сакам(facepalm).
    Ама 18 години веќе не пуши.Се откажа после 35год пушење за инает на сестра и.Како може она со две пакли која се тресе ако не запали да престане(а сигурно нема да издржи) ќе престанам и јас:rofl:.
    Она пушеше по пакла и пол и тогаш цигарите рипнаа на 70 денари вест(сега не ни знам дали постојат тие и колку се цигарите во Мк). Секогаш заработуваше супер што можеше да си дозволи и плус добиваше нонстоп гардароба гратис па имаше шифоњер полн но облека.
    Се разбуди една Нова Година во 2006 и никогаш повеќе не запали(facepalm).А колку пати сум се карала со неа.Ете ти не сакаш да пушиш и не пушиш остави ме мене(facepalm).А на сестра ми и викаше да престане.Ама и таа како нејзе не сакаше да чуе .После и таа се откажа по некој месец.
     
    На izabela.nik и Teodoris им се допаѓа ова.
  15. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    376
    Пол:
    Женски
    Не пушам цигари ама, не сум антипушач.
     
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.239
    Пол:
    Женски
    Браво, секоја чест. Коа викам ја инаетот многу помага, за било што и да е. Добар е, баш во одредени моменти знае доста да ти помогне.

    Инаку неам ни запалено, не пак да пушам.. Пошто дома никој не пуши, не сум научена на чадот, ниту на мирисот, не дека не го поднесувам ако го осетам, но не го сакам.

    Неам против пушачиве, они не се свесни дека се трујат, е и други трујат околу нив за жал. А не можеш да им забраниш. Толку слатко да беше бре, смирувало, опуштало бла бла, не верувам.. Они си мислат дека не ги разбираме. :^) Така нека е.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Женски
    Активен пушач од 15 годишна возраст. :hai:

    Но, дента кога дознав дека сум трудна во истиот момент ја фрлив кутијата и не запалив веќе цигара!
    Пред се, никогаш нема да дозволам да го трујам плодот со цигарите, ниту да си штетам на себе си кога мало човече зависи од мене.

    Од тој ден можам да кажам дека се чувствувам подобро! Многу подобро!


    :!: Инаку, додека бев пушач бев најголем противник да се пуши во затворени простории. Иако бев пушач повеќе од 10 години, највеќе што мразев е кај човек да пешачи и пуши цигара во исто време.. застани, запали, испуши, продолжи.

    Денес, премногу ми смета што поправило зимно време секаде се пуши внатре. Влагаш и после смрдиш на чад.
    Премногу ми смета што кога ќе седнам со некого морам јас да “страдам” поради нивното задоволство.
    Мислам дека никогаш ама баш никогаш нема да се вратам на цигарите..
     
    На halfasoul и Billy Idol им се допаѓа ова.
  18. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.245
    Пол:
    Женски
    Не сум пушач,ама чат - пат запалувам по некоја..чисто од досада. Ниту знам да завлечам цигара,само димница правам (facepalm) и ме нервира кога некој пуши цигара додека јадам :punch:
     
    На halfasoul му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Како дете бев големиот антипушач на светов. Нит мајка ми, нит татко ми пушат ни пушеле некогаш. Јас? Испод кутија ипол тереа дневно не сум. Изрод најголем сум у фамилија. Мајка ми знае и ме пцуе секој ден за цигарите, а татко ми се праи дека не знае (сам на себе си негира дека неговата ќерќичка пуши цигари).
     
    На halfasoul му/ѝ се допаѓа ова.