Против сум. И со мозоците од моја генерација, многу пати сум била во искушение, но НЕ! Самиот чад ми е гаден, ми смрди многу... Многу ми е глупаво кога слушнам дека другар или другарка почнале да пушат. Но, на крајот на краиштата, за нивниот организам станува збор, не за мојот. Се додека го држат тоа ѓубре подалеку од мене.
Пушач сум .. така да неможам да кажам дека сум против.. многу е штетно и самите пушачи го знаеме тоа.. али ете навика завист .. за откажување не планирам сеа за сеа да ги откажам за понатака ке видиме ! Инаку големо браво за тие шо не пушат.. така треба... но никогаш не викај никогаш и ја викав така.. не не пууу тоа нема шанси а сеаа.. како оџак сум
Пушам цигари, ама не сум зависна, можам да терам месец дена и повеќе. Палам кога немам што да правам со рацете. Во просек, една кутија ми лета на 3-4 дена. Немам ништо против оние што пушат, зошто би имала? Нивни бели дробови, нивна работа и нивно право.
јас не пушам и сум против пушењето ама незнам нешто одвнатре ме влече за цигари хехе па незнам што ќе направам се надевам дека нема да почнам да пушам
Не пушам цигари и сум против. Ама има некои што не пушат, па не се против пушењето и не им смета, мислам на насловот на темава . Мене лично ми смета чадот од цигари, ми ги насолзува очите, ми ја надразнува носната празнина и грлото и понекогаш ме тера на повраќање, стварно ми е ужасно грозно. А како најголема иронија дома моите двајцата страсни пушачи и во друштвото поголемиот дел пушачи. Мислам дека јас никогаш нема да пушам цигари, не пуши ни дечко ми и многу ме радува тоа. Не чувствувам таква потреба едноставно, а во врска со цигарите објективно гледано кој сака нека пуши, се додека тоа не му смета на другиот (читај кој не пуши), и мислам дека пушачите се себични кога станува збор за тоа. Палат цигара кај стигнат, кога стигнат и до кого стигнат. Добро е што постојат закони за регулирање на тоа однесување, иако не се толку почитувани како што треба. Пушачи не гледајте само за себе и својата цигара, мислете и на луѓето околу вас, не го загрозувате само своето здравје, туку и нивното. А да не зборам па за бремените жени кои пушат цигари, о колку сум против! Најпротив. Треба да се засрамат, ништо лично, се обраќам на целата група. Себични жени, кои утре ќе се мајки на децата на кои им пренесувале никотин уште пред да се родат, а + потоа. Имате живот во свои раце (читај стомак) не загрозувајте му го! И да, што се мене тиче ја би сакала и воопшто да не се произведуваат иако тутунарите од тоа живеат, воопшто да не се ни увезуваат и да бидат забранети за употреба и продажба во маркетите дури и во најмалото самопослугиче. Па ако сакаат нека ги купуваат на црно на Битпазар (тоа не може да се спречи, верувам). Дотогаш, ќе си живееме ние непушачите со тие надежи и маштања. Ете, тоа беше мојот непушачки став.
Не сум пушач, имам запалено во животов (колку да видам шо е како е), и не планирам да почнам да пушам.. со сила немат да се прам фраерка Многу ми смета чадот, ме пржат очите и грлото ми се запустува! За мирисот на облеките да не правиме муабет... Затоа многу сум среќна шо не се пушит по кафичиве Немам ништо против пушачите, нивен живот, само ако седнат со мене на кафе им велам да не ми го испуштаат чадот во фаца... (мн логично..)
Јас чисто онака земаф димче ама ич не ми одеше.. и се гордеам што сум непушач а целото друштво пуши освен јас и дечко ми
Немам пробано а и несакам да пробам. Сите во друштото мое пушат така да многу ми пречи. И најмногу се нервирам кога ќе ми го испуштат чадот во фаца. А и многу мразам кога ќе се собереме цело друштво и тие палат една цигара по друга.Потоа алиштата што ги носам мора право на перење да се стават а и косата премногу мириса
пушач сум и не сум против... (што би било нормално да не сум против ) пушам на 2 дена една пакета а при јаки нерви може и пакета и пол во еден ден... почнав чисто од кеф а сеа неможам без нив.... секоја чест за непушачитее... би ги оставила уште сега алии стварно ми помагаат при период на нервоза...
Турчин. Почнав од мајка ми повеќе да пушам Знам лошо е морам да ги намалам ако ништо друго. Не иде вака.Не за друго стваро штети на здравје.Ако не пушите не ни почнувајте. Топло ви препорачувам. Само фрлате пари во бездна.
Никогаш ни на крај памет не ми дошло да пробам да пушам цигари. Моите родители се активни пушачи на истите (така да јас некако ќе му дојдам како пасивен, но максимално и спонтано се трудам да не бидам во нивна близина во тие моменти, иако нормално дека е неизбежно целосно да побегнам од дома ). Немам потреба и не планирам некогаш да користам цигари.
Не сум против ама не пушам : ) Моите дома не пушат, освен брат ми.. па така да не сум во некои контакти со цигарите. Во друштво само една другарка пуши, па ни машките не пушат... Пред неколку месеци по толку години ме натераа да пробам и на тоа остана. Веќе ми здосадија со тоа ааа колку само сакаш да пробаш ама зашто пред нас си рекла не пушиш па не сакаш да попуштиш и викам еве ви направив кеиф и веќе не ми спомнувајте : ))
До сега немам запалено а немам ни намера. И не ми е јасно како и зошто на другите им се толку „слатки“ место секој ден да трошат по 60 ден за цигари нека си ги заштедат, месечно тоа ти е 1800 ден. годнишно - 21600 . таман за еден пристоен одмор во Охрид или за нов компјутер. вака ем парите си ги трошат ем здравјето си го губат
Не пушам. Ни сум пробала, ни па имам некоја желба да пробам. Останав една од ретките во клас кои не подлегнаа на пороков. Не знам, некако нелогично ми е да си ги горам парите, ама ајде. Пушачите ми сметаат, да, но само кога пушат во моја близина. Чадот претерано ми го иритира грлото и Господ знае колку сум задоволна за Законот против пушење. Не дека не се провлекува некоја цигара ваму-наму, ама каде каде е подобро од претходно. Инаку немам ништо против луѓето кои пушат. А да земам да ги разубедувам и слично, немам намера. Нивни живот. Ако имаат пари, здравје и слободно време за кутии и кутии цигари, нека повелат. Не ги трошат моите пари, на крај краева. Едино ме иритираат бремени жени со цигар во рака. Јас сум за тезата, секој да си прави што сака и како сака, се додека не му штети на другиот. Никој не може да ме увери дека бремената мајка не му штети на бебето кога пуши. Јадно дете, затворено внатре па и уште чуревници му дуваат.
Не пушам и не ни планирам. МНогу ретко (еднаш до два пати годишно) во друштво ќе испавкам некое цигарче ама онака чисто ради разонода и најчесто во нетрезна состојба... И после, неколку дена си се чудам како сум била толку глупава да го ставам тоа одвратно нешто во уста. Иначе ПРЕ благодарна сум му на новиот закон и на Груевски , бидејќи чадот ми смета премногу.... особено на моите преосетливи очиња .
Не пушам бидејќи е ужасно штетно за организмот, но не ги осудувам оние кои пушат. Сепак тоа си е работа на личен избор. Наше е да избегнуваме околина во која се пуши за да не станеме пасивни пушачи.
Епа се наоѓам во таа фаза кога сите почнуваат да пушат на 14-15 години како и моја другарка што почна да пуши, но ја си реков дека не паѓам на такво ниво да трошам пари и плус да се трујам, за тие пари ја лакови ќе си купам, а ти другарке труј се
Против сум. Уффф како ми се гади од мирисот. Среќа дома нема пушачи. Кога некој пуши во моја близина (ретко се случува) го затнувам носот или одам на друго место, бидејќи неможам да го поднесам тој одвратен мирис. Сепак секој си знае за себе. Не планирам да пушам, немам желба да пробам.