Пушам веќе 7 години.Активно. Како и повеќе пушачки тука и јас сум пробувала да ги откажам ама тоа откажување траело само ден до два. Имам пробано и да ги намалам. Демек само со кафе и после јадење ама и ова намалување трае само неколку дена. Сега веќе се откажав од помислата да ги прекинам цигарите. Пред неколку дена разговаравме со другарките за нашите почетоци со цигарата, за првата цигара и баш спомнав "Ехх да сум сега со овој ум никогаш немаше да почнам да пушам".
Јас сум против цигарите еднаш како мала збирав пикавци се глупирав ги гледав мајка ми и татко ми како пушат и сакав и јас да пробам и од тогаш немам чепнато цигара и неможам да го поднесам чадот од цигарите еднаставно ме гуши
Мило ми е што на форумов доминираат непушачи Знам дека се вели никогаш не вели никогаш, ама јас сум многу голем противник на пушењето па затоа никогаш не би запалила цигара. Тоа за мене се само фрлање на пари и загрозување на здравјето.
Во последно време знам да запалам по некоја, онака со друштво. Но не сум пушач, нити па ми е интересно и зависно пушењето. Не ми лежат цигарите, имам главоболки кога ќе испушам 1 цигара
не можам да поднесам цигари, ама немам ништо против тие што пушат бидејќи тоа си е нивна работа. не е мое да решавам за нив
Јас не пушам и многу ми сметаат цигарите во мојата близина. Сум против пушењето ама ај би разбрала некој што си пали цигара на ден или само со кафе значи пуши со мерка. Ама најмногу се нервирам кога гледам некој како кашла, го боли грлото и зима и си пали цигара а мислиш неможе да диши, е тоа неможам да го разберам.
Имам запалено цигара, ништо страшно, али ипак не пушам. Како и да е неам ништо против тие што се препуштиле на тоа задоволство
Да, имам пробано но се сакам цигари... Не сум пушач и мразам кога некој во мое присуство пуши бидејќи чадот навистина ми смета...
Не пушам и сум голем противник, само се расправам дома со моите (и двајцата се како локомотиви бре ) и со дечко ми. А особено кога тој ми е на гости прст пред око не се гледа се е во магла . Ана си збори да не пушат, си збори дека се штетни цигариве, ако не друго дека мене ме трујат ама нема кој да ме слуша. Од инат пробав цигара (пошо на мајка ми и дечко ми им биле многу вкусни бе ) и мене ми се згади и чувството беше многу грдо а како тоа на нив им се убави незнам. МРАЗАМ ЦИГАРИ И СУМ ГОЛЕМ ПРОТИВНИК ЗА ПУШЕЊЕТО
Немам пробано цигара во живот. Дома и родителите и братот пушат и навикната сум на миризбата. Само мразам кога откако ќе ја испуши цигарата мама ќе дојде да ми каже нешто во соба кај мене. Тогаш ми доаѓа да ја убијам! И кажувам да излезе од соба и да не го прави тоа, па си проветрувам. Доволно ми се неколкуте соби со миризба на цигари, не треба и мојата да стане таква!
Немам пробано цигара, не мислам ни да пробам,дома пуши само татко ми и секој ден му зборам за да престани,ама изгледа џабе зборам,шо гледат во то јас стварно не знам! ГИ МРАЗАМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ ПРОТИВ ТОА!
Не пушам - но немам ништо против цигарите. Секој си одлучува за себе, секој ќе прави како што му одговара. Ние непушачите за џабе им збориме на нашите родители, пријатели, роднини, партнери.. дека цигарите се штетни, тие го знаат тоа, но нема да се откажат ако на нив им се допаѓаат цигарите. Џабе се трудиме, веќе им станало во навика и тешко кој може да се одвикне после долго време пушење цигари. Не дека немам пробано цигари, ама не ми е ништо посебно, дури и ми се врти доколку вовлечам, така да сега за сега не пушам, а за понатаму не можам да кажам со сигурност.
Не пушам..и не ми сметаат. Али имам многу против. Труење без никаков ефект, никаков. И никогаш нема да ги разберам пушачите..баш никогаш.
Ниту ние самите не се разбираме, ама навистина е многу силна потребата од тоа ѓубре. Јас сум пушач и сум против, секогаш кога ќе видам некој да пропушува го советувам додека не е доцна да ги остави, да не ги навикне, многу е тешко да се откажат. Велам многу, зашто имав неколку обиди кои беа неуспешни. Совет до оние што сега тек пропушуваат. Немојте да мислите дека можете да ги оставите кога сакате, не е така! Првата година дена откако ќе ги пропушите можеби би можеле да ги оставите, но потоа ствара многу голема зависност и ептен треба цврста воља и напор за да успеете да се оттарасите од нив.