Порано бев пушач, ама од оние на кои кутија им трае по недела дена, цигарите ми беа начин да „наздравам„ после добра храна, секс, алкохолизирано демонстрирање на денсачки способности или кафе-муабет во избрано друштво . Не ми сметаат нешто екстремно, ама треба да се припази да не претерува во простории каде има бебиња и мали деца или болни лица. Искрено, како непушач повеќе успевам да го намирисам нивниот ефект на нечија облека или коса па и сопствената, ама не правам драма од тоа, како многу лица, меѓу кои која иронија обично се најгласни „пензионираните„ пушачи. И колку и да сакам некој близок од здравствени или други причини да ја нема оваа навика, не вршам притисок, бидејќи јас ги оставив цигарите кога самата проценив дека сакам да го направам тоа. И покрај најдобрите намери, секој е носител на одлуките за своите промени.
Имам пробано ама среќа не продолжив сепак си го ценам и сакам и здравјето и животот.. не сум против тие што пушат неможам ја да им забранам самите си решаваат за свој живот здравје и пари ... Пробав еднаш со мајка ми да ја натерам да престане видов не може и заебав ... Така да секој за свој живот си одговара
пушач сум кога сум сама може цел ден да не запалам цигара ама кога имам друштво е тогаш пушам повеке пред нова година ги оставив непушев точно 1 месец и пак запалив кога ги оставав цигарите пакла цела си носев нон стоп со мене ама неја отварав ми се чудеа како издржав сега планирам пак да ги одкажам хм само до кога незнам
Нешто што највеќе ми смета и мразам се ЦИГАРИ! а,за чудо сум пушела ,и искрено многу се каам и погрозно нешто од нив нема! џабе фрлени пари и џабе труење на организмот
Не пушам(имам пробано,не дека не,ама не ми се ништо посебно,а и се штетни) ама не сум против тие што пушат.Големи си се,сами си знаат што прават...Само ме нервира кога ме чадат,онака ептен да е зачадено и да не можиш да дишиш.
Ниту некогаш сум запалила цигара, ниту сакам да запалам. Секој со својот избор, така и јас со мојот. И не ми пречи кога некој во друштво пушти, се‘ додека тој некој не сум јас. Додуша, знам да промрчам некогаш кога заради тие што пушат мора да седнуваме надвор во кафичите ама само мрчам, не сум кренала револуција, па ми простуваат
Не сум запалила никогаш во животот а и нема да запалам! Ми сметаат страшно но тоа не значи дека ги мразам пушачите! Мојот став е дека секој си одговара сам за себе и знае во што се впушта пушејќи цигари и кои можат да бидат последиците..сепак светот би бил поубав без цигари но...
не ми сметаат претерано,но не сум пушач.во друштво сум со многу пушачи,дечко ми е пушач-па покрај нив имаам некогаш запалено од досада за малку занимација...воопшто не ме влече да станам активен пушач-едноставно не ја гледам ползата од тоа
Не пушам и не сум против.. Искрено би сакала коа сум на кафе еднаш неделно барем да запалам една онака .... Абе мерак ми е не за нешо друго
Феминки јас сум во фаза на откажување, повеќе од две недели не сум запалила цигара, ама многу се плашам да не почнам пак затоа што кога гледам пушачи околу мене пак ми се јавува потребата. Ама си ветив дека ќе издржам. Инаку, знаете ли како да ја намалам потребата за цигари, и нервозата што ми се појавува заради тоа?
Браво , поголем дел од вас не пушат Инаку јас сум многу против да се пуши пред деца и во кафичите,рестораните.. Многу убаво што го воведоа овој закон овде во Мк али кај нас во Гр се уште си пушат на јавни места , во лето ајде можеш да седнеш и надвор ама во зима. Па ако тргнеш некаде со мало дете.. Инаку порано пушев цигари ама среќа ги откажав. Не пушев по многу и не секој ден , по 2-3 пати неделно, само кога пиев кафенце. Не се навлеков многу на цигарите и затоа мислам дека лесно ги оставив
Не ми прече кој си сака нека си пуше! Јас не пушам а и не верувам дека би запалила некогаш но сепак не се знае што има во животот
ти си во право! и мене ми пречат оние кои пушат во моја близина ... ми се зацрвенуваат очите и ми се повраќа тренирам овошје и зеленчук обавезно не пушам а и нема да пушам цигари .... инт! се разбира здравјето на прво местоо!