Не пушам, но дома имам двајца пушачи кои максимално ме трујат без грам совест! Сум многу против пушењето, но колку што можам да ги разберам страствените пушачи дека не е лесно да се откажат и дека е зависност, толку и неможам да ги разберам што несакаат ни да се потрудат ни секунда да ги остават! Многу сум гневна на моиве најблиски кои пушат (конкретно тие двајца), зашто чурат по две кутии на ден! И сум им рекла- ќе ми требате некогаш во животот, мислете и на мене, мислете и на другите! За чадот несакам па ич да зборам колку ми пречи, а ако ми се пуши во истата соба каде што спијам, ноќта и кашлам со шлајм како јас да сум пушела.
не пушам и не сум против пушењето, но мака ми е кога гледам некој што има проблеми со здравјето а упорно пуши цигари. :/
Не пушам и искрено ги мразам, незнам како не му е гнас да го стават тоа во уста, али не сум ни против цигарите ништо не се знае па можеби некогаш и јас би ги конзумирала али сега за сега не благодарам
Пушам. Имаше периоди кога не сум била толку страстен пушач, сум знаела да ги оставам, некогаш сакам и сега да ги оставам, но...има нешто посилно од сееее!
Никогаш немам запалено цигара и не планирам. Дечко ми истотака не пуши а немам ништо против пушачите. Но сепак наместо да купам кутија цигари денес би си купила чоколадо.
пушам веќе 6 години, од мали нозе почнав т.е на 15 дома ме дознаа, и ништо не ми рекоа, од една страна тука им е грешката но како и да е, колку сакаат нека се штетни уживам во цигари, со сласт пушам и ги сакам, секси ми се Hавистина те цитирав среќна , бидејќи сакам да прокоментирам за болдираново A јас па си викам т.е и викам на баба ми која кога ќе ми дае 50 денари ми вика, немој за цигари чоколадо купи си- ја и викам, боље цигари ќе пушам отколку чоколадо да јадам и да се дебелеам
Алал да ти е . Јас пушам еве 2 години мислам. Не многу, до 5 цигари на ден. И баш како што рече Лудото, уживам. Сакам цигарче со кафе. Некој ке рече „е како уживаш, а се труеш“. Мој избор и желба. Не сум против, ама грдо ми е кога ќе видам дека девојчиња без цициња и машки со полуизраснат брк се лигават над цигарата. Буквално се лигават.
Пасивен пушач сум веке 4 години, дури сега почувстував дека ми сметаат во дишењето и неможам да престанам да кашлам од минатата зима. Сакам да ги откажам ама неможам, ке се собериме со друштвото пиеме кафе или алкохол не е битно и како да не запалиш цигара. Пред да полнам да пушам секогаш кога ке испаднев мораше да си купам сникерс, гумени бонбони, сокче итн. а сега гледам да купам цигари и ништо друго не ми е важно. Понекогаш па вадат од ситуација и да си сам секогаш се тука да ти прават друштво
Не пушам,немам пробано и сум против цигарите...не гледам што е тука уживањево кога тоа ми штети на здравјето и нема нешто вкус или било што за да ми прави да се чувствувам убаво.
Не пушам. Сум пробал, не ми праат нешто посебно мерак. Мразам пушачи. Мразам кога ќе видам убава женска со цигара. Ми се одмилува.
Не сум пушач, но немам ништо против оние кои пушат цигари, макар и да се во мое друштво. Татко ми е пушач откако јас знам за себе, а поголем дел од моите другарки и колешки се претежно пушачи. Така што навикната сум, флексибилна сум во тој поглед и знам да направам компромис да пијам кафе надвор, место во кафич. Дури не ми е ни проблем ако дома кај мене запалат цигара. Едноставно после тоа отворам прозорци да се излуфтира, уклучувам фрешер и готово.