1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цигари направени со тутун купен од пазар

Дискусија во 'Слободно време' започната од efrosinija, 31 јануари 2019.

  1. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Во последно време многу слушам дека купуваат тутун од тезга за сами да си прават цигари.Тоа во секој случај е поефтина варијанта. И јас купив од еден тутун што го викаат ,,куван,, тутун по не мирисал. И филтри со карбон. Некако баш и не ми се допаѓа.Ми остануваат недополнети или преполнети цигарите. Каков тутун користите.Што мислите дали е тоа безбедна опција или се залажуваме.?:^)
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.328
    Допаѓања:
    22.371
    Пол:
    Женски
    И не само што не мириса како " некуваниот " тутун , туку и помала е шансата да добиеш напад на алергија , ако си алергична на прашина ( или полен ) . Свекор ми зема тутун , првиот кога го зема беше благо кажано ужасен . Толку ѓубре се прави додека да наполниш 2 цигари , тоа е невидено . Тој првиот тутун не беше " куван " . Втор пат кога зема , зеде " куван " . Искрено , подобар е во однос на првиот , но сепак ризлата останува мека , недополнета , ако ставиш повеќе - заглавува машинчето , ѓубре се прави пак наоколу .. Дали е побезбедна опција .. би рекла дека е . За разлика од готовите цигари , овде знаеш што ставаш и како го ставаш . Плус поефтино те фаќа . Ама не е за некој кој е константно во движење , треба време за да ги наполниш ризлите . Барем мене ми требаше цел ден за 2 кутии цигари . Маж ми знае да си направи сам некогаш , ама јас практикувам купени цигари , и онака една кутија ми трае 2-3 дена .
     
    На efrosinija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Треба да пробам да го потсушам малку.Можеби тогаш нема да е мека ризлата. Ао една кутија ти е за 2-3 дена тогаш нема потреба од толкава мака. А со каков филтер купувате.Со карбонски или обичен?
     
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.328
    Допаѓања:
    22.371
    Пол:
    Женски
    Ех , не знам тоа . Филтрите се Mascotte или Dark Horse . Свекор ми купува за него , од Dark Horse ги зема темно кафена боја се филтрите во црна кутија , од Mascotte ги зема зелената кутија со скроз бели филтри внатре . Ако ги разбираш филтрите , мислам дека ќе знаеш дали се карбонски или обични . Јас дека ниту ги пушам ниту ги купувам, затоа не разбирам баш :D . Се надевам ти помогнав малку :) околу дилемата со тутунот :)
     
    На efrosinija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Машки
    Јас купив за еден постар пријател, но прво прашав на тезгата кој тутун е со послаб вкус и тој го земав. Потоа зедов и машинче за полнење на филтрите, со него треба малку вежбање за цигарите да дојдат полни.
    Но најважно е што треба многу помалку од тутунот да пушиш, пример ако претходно си пушел 1 кутија сега треба да пушиш пола кутија тутун.
     
  7. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Машки
    А за мирисање секако тутунот мириса. Кога оди пријателот на гости и слично секогаш си купува кутија цигари.
     
    На efrosinija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.561
    Допаѓања:
    7.975
    Пол:
    Женски
    Имам пробано од тој пазарскиот тутун (600-700 кило што е) поодвратно нешто немам пробано, црева ќе истурев за малку, ептен јако, остро и чадот ептен смрдеше е сеа не знам што тутун беше поточно.
    Од друга страна имам пробано и од продавница, ко кесичка 200 300 грама е, тој беше подобар ама пак ми е вкусот некако гаден, цигарава обична ко прочистена ми е некако.
     
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.328
    Допаѓања:
    22.371
    Пол:
    Женски
    Си го земала јак како маж ми и свекор ми првиот тутун :D . Мислеле слаб ќе им е 5++ па фино си земале 10++ :D . Ќе умрев кога го пробав :^) . Нив мува не ги лазеше |( . Ама толку смрдеше , мајко божја :puke: . Тој што е варен , не мириса толку :?: . И послаб ќе си земеш , зависно какви цигари пушиш со 4 , со 5 .. ќе му кажеш на човекот што го продава тутунот , и би требало да ти го погодат . Свекор ми купува , јас не знам како одат тие работи . Само знам дека пробав од првиот тутун и од вториот по една цигара и имаше голема разлика .
     
  10. LejlaD

    LejlaD Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    4.692
    Допаѓања:
    132.253
    Пол:
    Женски
    Tutun varen koristam,pocnav so Vrdzinija,no ne me bendisa,ovaj vareniot podobar.Toa sto cigarite ne vi se polnat ubavo e do toa sto vednas stavate tutun vo masinceto.Malku ke go podisitnite so prsti i nekoe vreme da postoi taka,ne dolgo,pa potoa polnite.Se nadevam ubavo objasniv,i jas imav takva maka vo pocetokot,se e navika.Dodusa i pomalku pusam od koga pocnav so vitkani cigari.
     
    На Lemonade_sweet и efrosinija им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    32.761
    Пол:
    Машки
    Точно е дека во последно време многу луѓе купуваат тутун од пазар, а причината е едноставна – бајаги е поефтин. Секако, многу од нив и си се тапшаат по рамо дека „бил природен, без адитиви, поздрав, помалце штетен од купечките цигари“.

    Како пушач, имам пробано секакви цигари – добар период и виткав тутун (од купечките, во кесичка), а сум имал и прилики да пробам од пазаџискиве тутуни што се продаваат у кутии за кондури. И можам да кажам дека до сега не сум пробал саглам тутун од пазар.

    Разликата е во следново – цигарите и купечките тутуни можда содржат адитиви, конзерванси, ароми и сл., меѓутоа секој производ од тутун со бандерола подлежи на строги контроли на квалитетот и составот, а позади него стои фирмата која го произвела.

    Тутунот од пазар не поминува буквално низ никаква контрола, а све што имате вие како купувач е зборот на пазарџијата – „Чичин, тутунов е прва класа, само за извоз. Карелија и Марлборо се прави од ова. Нема адитиви, нема ништо. Чисто, природно, нема промашај.“

    Реалноста е дека иако продавачите се колнат дека тутунот им е почист од планинска роса, вие немате појма ни каков квалитет е, ни како е одгледуван, ни дали растенијата биле удавени со пестициди додека растеле – ништо.

    Ја лично, освен ако не го познавам човекот кој го одгледува од прва рака за да знам што квалитет е, не би купил тутун од пазар. Затоа што, колку и да е реално поефтино и „tax-free“, 500 денари за кило тутун е сериозен знак дека нешто не штима.

    И да расчистиме – такво нешто како „поздрав“ или „побезбеден“ тутун не постои – и во својот најчист облик, тутунот не е добар за вашето здравје. А со приказни од типот „Еее, и дедо ми виткаше тутун у хартија од весници, па живееше 100 години, ама тоа е затоа што тогаш тутунот бил природен и без хемија“ само се залажувате самите себе.
     
    На Lolli, Seli20, Alanna и 8 други им се допаѓа ова.
  12. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Зошто помалку?

    Правилно.И јас така мислам.Кога ќе одам на гости да си купувам.Тој пазарскиот за домашна употреба:D;)

    Ама и некако потешко се повлекува од него.И јас земав од послабиот за проба.Ама некако како само воздух да вовлекувам.А и филтрите ми се карбонски.Изгледа се е навика.

    И јас долго време бев во дилема баш околу тоа во какви услови е чуван.Тој ,,куваниот,, е во кеси убаво спакуван.Меѓутоа не се знае во какви услови е чуван претходно.Иначе во однос на тоа дека е со бандерола ипоминува низ контрола баши не е заверување.Колку попознати фирми имале штетни состојки во нивните производи ?Се согласувам дека нема здрава опција за тутун.Во секој случај е штетен.
     
    На Ognen4e и LejlaD им се допаѓа ова.
  13. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Машки
    Помалку зошто тутунот е многу посилен од обичните цигари.
     
    На LejlaD и efrosinija им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    32.761
    Пол:
    Машки
    Не е само до тоа како е чуван, не се знае ни како е одгледуван, нити па што све има у него - листови, гранчиња, стебла. :D

    Па види, и да помине низ само една контрола у фабриката, тоа е пак една контрола поише отколку што има овој по пазариве. :D Се слагам дека имало случаи со познати фирми и штетни состојки, ама сепак, познатите фирми можат многу да изгубат ако избие скандал поврзан со нивен производ - затоа мораат да пазат, ако не ради нас, тогаш ради себе. :D Пазарџијата од друга страна нема никакви обврски према никого.

    Патем, не е точно дека тутун по правило мириса поише од обична цигара. Веќе реков дека виткав долго време и апсолутно никаква разлика немаше у мирисот. Уште еден индикатор дека пазарскиот тутун (можеби) не е толку квалитетен како што го фалат... :D
     
    На LejlaD, Sanjichka007 и efrosinija им се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    4.350
    Допаѓања:
    16.501
    Пол:
    Женски
    Кој е тој куван тутун?
    Имам користено Вирџинија не ми е нешто нај нај...
    Мислам дека филтерите играат голема улога, до сега најдобри се покажаа Американ аватар што има дури два филтрии , другите како Гранд, како Хорсе од црните(скоро ко да немаат филтер) не ми се дпбри
     
    На candy.cane и LejlaD им се допаѓа ова.
  16. LejlaD

    LejlaD Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    4.692
    Допаѓања:
    132.253
    Пол:
    Женски
    Тутунот го купувам 800 ден за килограм,варениот,има и поефтини но не ме бендисаа,е сега за штетноста,секако дека е штетно,макар и едно палење на цигара.Уште поштетно е за не пушачи,чадот што го вдишуваат,пасивните пушачи,поради тоа пушам надвор,на тераса,тешко ми оди одвикнување,па се тешам со намален број на цигари од кога виткам.
     
    На efrosinija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Блеко хорс белите се добри-карбонски.Американ не ми се допаднаа.Тој куваниот е повлажњн во кеси е спакуван има со различна јачина.Јај го купив од Бит пазар 300ден. Пола кило
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.305
    Јас си виткам тутун скоро една година веќе, од пазар си купувам 800 денари кило, тобако голд, ни мириса ни ништо, погоден ми е ептен и што е најбитно пошто сум пушач ептен-буџетот ми е накренат за +3000 најмалку, што ги трошев за цигари. Со дечко ми играме карти за кој губи да витка за две недели цигари и така се снаоѓаме пошто апла досадно е тоа виткањето. Иначе тутунот ти е царска работа само да си го погодиш.
     
    На candy.cane, Justicija и efrosinija им се допаѓа ова.
  19. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Да ,ептен е досадно виткањето.Се заштедува.А од кај го купуваш тој тутун.Може да ја сликнеш кутијата ако не ти е проблем.Од тој обичниот е или од куваниот? Јас 800ден ги трошам за 7-8 дена за цигари.;( А вака сигурно имаш за цел месец .
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.305
    Кога ќе купам нов ќе ти го сликнам, ја фрлив кутијата сега од овој последниов. А ти се исплаќа ептен да земеш да си виткаш. Со тие пари цел месец ќе пушиш а може и повеќе.
     
    На efrosinija му/ѝ се допаѓа ова.