Цимери

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од viki44e, 30 јули 2010.

  1. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.081
    Претпоставувам дека повеќето кои студирате во друг град живеете заедно со цимер/ка.
    Како се сложувате со вашите цимери..
    Дали сметате дека заедничкиот живот може да го влоши или подобри вашиот меѓусебен однос?
    Дали живеете во иста соба со вашиот цимер или во посебна...
    Што мислите за машко-женските цимерства..што мисли за тоа вашето семејство...кое е вашето искуство?


    (Незнаев каде да ја поставам темата,па ако има посоодветно место за неа слободно нека биде префлена.)
     
  2. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    114
    Браво Викче, интересна тема за дискусија, би сакала и ти да дадеш одговор.

    Не сум сеуште студент. Но кога би била би сакала да ми се погодат некој добри цимери. :lol:
    Во план ми е да живеам со една другарка во Скопје. Така сме договорени. Па ќе видиме има време до студии.
     
  3. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    180
    Дефинитивно, еден од најубавите периоди од мојот живот е животот со цимерки. Му препорачувам на секој што може да си дозволи да го искуси тој живот, па и тие што живеат во Скопје.

    Не сум живеела со машки цимери, но немам ништо против тоа.
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Се уште немам искуство во цимерските води, но ќе биде и тоа од на есен.
    Ќе живеам во стан заедно со двајца момци: брат ми и братучед ми.
     
  5. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    236
    Сеуште е рано да зборувам на таа тема ама од братучеди, пријатели што слушам велат најубав период од студирањето е тоа :)
     
  6. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    Веќе имам цимерка, од септември ќе видам каков е цимерксиот живот :lol:
    Другарка ми е, ја познавам одамна, добро девојче е. Мајките ни се најдобри пријателки. И таа си има дечко што одат долго..Е сега малку е крената, во смисла, си сака живот на повисока нога, па имав малку проблеми додека не го најдовме станот, мене ми беше ок да има и една соба, а таа сакаше исклучиво стан со 2 спални соби за секоја да си има своја соба. Ете се сложивме некако и сега имаме стан каов што таа сакаше-со 2 спални соби и кожна гарнитура, убаво наместен. Предност е што ќе учиме на ист факултет, па ќе си помагаме (таа има завршено средно стручно и повеќето работи и се познати, па повеќе ќе ми помага таа отколку јас неа) Исто така, внимава на исхраната и на здравјето. Грижлива е. Барем ќе ме научи да јадам помалце и поздрави работи :lol: Предност е исто така за нашите мајки, кои заедно ќе се договараат за плаќање на сметки, пуштање јадења и слично. Барем не ќе морам да се срамам да кажам што јадам, а што не јадам (бидејќи сум многу пребирлива за јадење).
    Ајде ќе видиме, па ќе ви пишам како ми е кога ќе помине некое време откога ќе се преселиме ;)
     
  7. shila

    shila Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    auuu mn.loso iskustvo so cimerki sum imala :@ :@ :@ pa morav i da si idam doma zosto stvarno ne mozev da gi trpam,a i ednata mene ne me podnesuvase a bese tooooooolku licemerna :puke: barem da me odbegnuvase kako sto jas toa go pravev...a i bese strasnoo ljubomorna :fubar:
     
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.672
    Допаѓања:
    16.633
    Пол:
    Женски
    Различни луѓе, различни карактери, различни навики... се на се каша попара. Поготово кога имате на располагање само една соба ко во студентските. Не велам дека лошо сум поминувала, ама додека се навикне човек е тешко. Верувајте ми и да имаш за цимер личност лика прилика на тебе, со сосема ист карактер ко твојот и исти навики пак ќе те нервира. А оваа година како се погоди, во Стив немавме читална и моравме во соба да учиме... И сега секој си учи во различни периоди, некој дење, некој до доцна вечерта и нормално мораше строгост да има во тоа кога се збори кога се учи, кога доаѓаат гости. Компромисот и толерантноста се најбитни, а воедно и почитувањето кон тие што ти се цимери.
    Најмногу ме нервира кога некои си земаат за право да плаќаат едно место, а да седат двајца. Обично дечко и девојка... најчест случај во студентските... тоа во никој случај нема да го дозволам. Да неможиш во сопствената соба да се опуштиш, да се пресоблечеш на мира... Разбирам гости на неколку дена, ама некој цела година да се се шверцува, е тоа мало морген.
     
  9. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.081
    Еве го моето искуство:

    Живеев со цимерка и цимер,мои школски и добри другари.Кога си премногу близок со некој,на почеток затвораш очи пред некои работи,па така и јас.Ние бевме заедно во една соба,а тој во другата.Признавам дека станот беше малку незгоден(испаѓа како тој да спиеше во дневната,така некако),но кога се бараше станот него му одговараше СЕ!Се освен да се заинтересира малку повеќе. |(
    Нон стоп гости,нон стоп некој му доаѓаше на преспивање..На почеток толериравме,но потоа претеруваше и ни се заострија односите на извесен период.Малку се подобривме после,за на крај повторно да си се врати на истото.Сега речиси и не разговараме.(Тој е од друг град па и не се гледаме,но ми е и колега..така да ќе биде интересно оваа година.)

    Со цимерката односите ни се супер,дури и ни се подобрија откако живееме заедно.Ја сметам за сестра.Поозбилно не се имаме скарано никогаш!Слободна сум да и кажам се(кога имам за учење,да и нагласам кога ми смета и таа мене исто).Имаме доста хармоничен однос.
     
  10. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    433
    уште ми е рано за цимерство, ама се надевам кога ќе се случи тоа ќе си најдам некоја нормална цимерка :)
     
  11. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    556
    Пол:
    Женски
    Од моето искуство до сега сум научила дека за никој не можеш да кажеш дека вистински го знаеш се додека не почнеш да живееш со него.Во прва година живеев со моја најдобра другарка и едно девојче што го знаевме ама не ни беше другарка,испадна дека оваа новата е стопати подобра од мојата "најдобра" другарка,тоа го докажа и во наредните две години а со таа другата веќе и не комуницирам
     
  12. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Немам такво искуство,но еве ќе го стекнам оваа година.И mila89 воопшто да не ти е чудно тоа е секогаш така.Од некој што помалку очекуваш и најмалку се надеваш во него ќе испадне многупати подобар од оној што очекуваш.Јас ќе бидам цимерка со братучетка ми и уште две други што не ги познавам.Се надевам дека добро ќе се сложуваме па ќе видиме.
     
  13. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    2.632
    Интерена тема... :)
    Јас од оваа година,дај Боже да ме примат на факултетот,и ќе го искусам правиот цимерски живот,во студентски...
    Јас многу немам проблем со карактери... Дружељубива сум...И познавам многу луѓе,со секакви карактери...Сепак ќе видиме.. ;)
     
  14. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Колку и да си дружељубива не секогаш си истомисленик со некој друг!
    Може да дојде до конфликт од таа причина што ти сакаш едно таа друго...Но сепак затоа постои компромисно решение!
    Се надевам дека ќе ти се погоди добра цимерка со која нема да имаш проблеми :*
     
  15. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.463
    Со сигурност и од искуство тврдам дека многу почесто поубаво поминуваме и живееме со некој што за прв пат го среќаваме, отколку со некој со којшто се знаеме ( секако има и исклучоци) и дека човека ќе го запознаеш вистински и ќе го видиш колкку вреди кога ќе почнете да живеете заедно. Јас живеев со цимерки и дури учев во средно, а и сега, дури студирам, живеам со цимерки.Првите две години во средно живеев со една цимерка, а останатите две години со друга. Одлично се сложувавме со двете, имавме супер однос, не се расправавме никогаш, за се се договаравме и се делевме. Иако живеевме во мој стан, немаше никаква разлика меѓу мене ( како " газдарица ") и нив. Супер времиња поминавме заедно. Во прва на факултет живеев со 3 цимерки, по 2 во соба. Со 2 учевме заедно во средно, а другото девојче не го знаев. Со неа бев во соба и со тек на време се запознавме, си заживеевме, се сложувавме и супер си поминавме, иако не се знаевме дотогаш. А овие другиве кога видоа дека се сложуваме ние, почнаа да се одделуваат, сами да јадат, да гледаат тв, да се караат со нас, едната беше газдарица и ни забрануваше да ги носиме дечковците и другарки понекогаш :fubar: ама што ако беше газдарица - која е таа да ми кажува што да правам, не и сметав нејзе јас со ништо. И се така со инаетења и кавги до крај. Во втора седевме на стан со другарка од основно и супер поминавме, се беше ок. И годинава ќе живеам со цимерки, кои не ги познавам, но се надевам дека добро ќе поминеме
     
  16. jassna

    jassna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    Jas bidejki studiram vo mojot roden kraj nemozam da go osetam cimerskiot zivot i poradi toa se mnogu kaam....no odvreme navreme zaminuvam kaj skolska od sredno ona e smestena vo studentski vo skopje i bar na momenti go osekam studentskiot zivo.Navistina se kaam zosto ne se odluciv na studiranje nadvor od mojot grad sega se osekam isto kako vo sredno doma sve me ceka gi imam site uslovi za ziveenje no sakam da go osetam toj cimerski zivot, se sama da se snaogas a ovaka seuste mama i tato se grizat za mene :(
     
  17. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    253
    Факултетските денови - најубавиот период, особено ако се студира надвор од родниот град, целосно нов начин на живот.
    Најинтересно - живот во студентски дом - студентски живот во вистинска смисла на зборот :)
    Цимери/цимерки - најважен дел.
    Во текот на студирањето имав 10тина цимерки вкупно, имаше 2-3 кои не беа баш како што треба за заеднички живот, но со останатите поминувавме супер. Кога ќе се погодиш со цимерките на забавата и нема крај :) не ти се оди дома.
    Различни луѓе, различни карактери, но затоа сме луѓе, можеме да се разбереме и адаптираме ( не дај Боже да ти се погоди некој исклучок :) )
    Колку сакам пак да се врати тоа време, најмногу ми недостига тој дел од животот ;(
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ger23

    Ger23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    12
    Сега сум бруцош и тек сега овие работи ќе ги почуствувам -студенски живот :) ...
    Јас благодарение на моите дома при факулетет ме пуштија во скопје на истиот факултет..Ипак тоа најмногу го ценам...Ќе видиме како ќе се погодиме но најмногу што мразам е некој шмизли отепани и луѓе кои се преценуваат...НЕзнам колку останај луѓе но се надевам ако не нешто друго да нема кавги
     
  19. PoisonGirl

    PoisonGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    16
    Па бидејки студирам во мојот град,цимерски живот не терам. Супер ми е по дома.Мегутоа кога веќе сме кај симерство,мои другарки бараат цимерки за во Велес , има некој заинтересиран ????
     
  20. rozita91

    rozita91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    28
    искрено јас обожавам нови познанстава ....ама не секогаш секое е добро така да мојата цимерка беше и така и така ...беше кодош а тоа го мразам ...а другата ми беше срце иако она знам дека мисли дека имам друго мислење за неа сепак таа ми била надобрата цимерка до сега ...оваа година нема да ми биде за жал ке видам шо ке ми се погоди па ке ви кажам поздрав4е :*