1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цимери

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од viki44e, 30 јули 2010.

  1. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Темава е за споделување искуства..за барање цимери има друга тема...Благодарам :bow:
     
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    многу ми е мерак да се присетувам на студентските денови...ептен копнеам за тие денови ама за жал нема реприза! :( Супер се согласував со мојата цимерка и живеевме на голем спрат од куќа па така имавме довлно комфорt и гости да си носиме, и дечковците да ни идат на спиење, и да учиме во одeлени соби! значи воопшто не си сметавме!
    Цимерката ми беше само познаничка со кој едвај кажував едно ,,здраво,, но се случија така работите да се зближиме многу и никогаш,ама баш НИКОГАШ да не се замериме за ништо! Сеуште сме најдобри другарки, знам многу за неа а и таа за мене! Имаме заедно доживеано интерсни случки, пиење, седење до раните часови, плачење... и се тоа ми се најубавите години од мојот живот!
     
  3. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    no jas ne ja napisav ovde neznam zosto e prefrleno tuka...:worried:
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.656
    Пол:
    Женски
    Моето искуство покажа дека е подобро со машки цимер, барем мене така ми се погодило. Некако полесно ми беше со машко да си се договорам за било што во станот, за обврските, за сметките, за кириите. Со женско (со еден исклучок) никогаш не можев да се разберам, секогаш мораше да има нешто нејасно, нешто да не се разбрало како што треба или не беше по волја на цимерката. Не сум седела по студентски домови, ја имав таа среќа да седам во станови и да не плаќам кирија (само последната година ја плаќав), затоа што беа од блиски роднини, па скоро како јас да бев газдарица :lol: Како и да е, и јас ќе кажам дека за никого не знаеш каков е навистина се додека не почнеш да живееш со него. Потребно е многу разбирање, толеранција, почитување на туѓиот простор и туѓото слободно време. Па дома да живееш се караш, а не пак со цимери. Но, тоа е драгоцено искуство што за ништо на светов не би го пропуштила, и мило ми е што имав шанса да го проживеам тој студентски живот.
     
  5. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    343
    досега не сум имала вистинска добра цимерка,освен само со една која најнајнајмногу ја сакам ,ама често ме има понижено,ме оставала сама да спијам а до 4-5 саат не се враќала дома,сум плачела зошто секогаш другите и се поважни,ги слуша сите,и лесно ме навредила пред другите,таа ми е многу блиска а се случи да не разговара пред мене со една друга заради тоа што јас не сум требала да знам нешто.многу пати кај други се исповдала кога и е тешко а јас секогаш сум дознала.....оваа година таа несака да биде со мене.и нема да бидеме заедно.јас ќе живеам сама,без неа и без дечко ми,значи било со кој ќе ме стават,а не се знае ни дали ќе одам да седам зошто тоа не зависи од мене.веќе нема време,ама таа е.нема друга некои работи направиле дабиде вака......никако
     
  6. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Додека студирав имав најразлини цимерки и цимери. Сум живеела и со двојка (дечко и девојка) и со две сестри, и со другарки и со цимерка од друга држава. Се на се, позитивно искуство имам од сите мои цимерки, и можам да се пофалам дека до ден денеска си живеам со сите цимерки и веќе неколку години сме добри другарки. Најубаво искуство ми беше кога бев со цимерка која ми е колешка, е тогаш ми беше најубаво, заедно учевме, заедно на предавања, зедно на излегувања...преубаво...студентските денови ќе ми бидат еден прекрасен спомен. Еве дури и колешката што ми беше цимерка ќе ми биде и старосватица ;) кога ќе дојде време.
    Секако дека е тешко да се прилагодиш на разни карактери, ама така се челичиме :rock:
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Од 15 ти, здравје ако ме има на конечна, цимерка ќе бидам со сестра ми и со најдобрата другарка.
     
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.068
    Допаѓања:
    14.177
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас би седела со двајца цимери?јас добив предлог од братучедот на мојот дечко да седам со него и уште еден негов другар..па нззз..нз дали дечкото ќе ме пушти и нз што ќе ми речат моиве..па?
     
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Јас не би можела да седам со машки цимери, секако освен ако едниот од нив не ми е дечко. Сега не знам, каков ви е станот, дали ќе имаш своја соба, зошто ако не можеш на раат да се пресоблечеш што се вика, не фала. А дечко ти и да те пушти, сигурна сум дека нема да му биде сеедно. Дали братучед негов, ако сака и брат нека му е-машко е ;)
     
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Јас имам седено со цимер и цимерка. Да ви кажам многу убаво си поминавме :) ама мора да напоменам дека мене ми е другар од секогаш така да јас немам проблем со слобода. Нормално за преслекување ќе се местите, не е исто со машко и женско, но за друго не е и толку страшно. ;)
     
  11. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Имам цимерка, веќе две години делиме иста соба и заедничкиот живот ни оди само на подобро! Се запознавме за време на приемните испити и уште тој ден се договоривме да живееме заедно. Првите неколку дена/недели додека се запознававме, сфативме дека и двете се тотално различни личности, како што изминуваше времето и како што си ги откривавме навиките, карактерите, се повеќе и повеќе се зближувавме и до сега не сме имале ниту една сериозна караница за ништо. Си одговараме ептен, се договараме за се, се надополнуваме и се сложуваме. Кој би рекол, ама имавме среќа и двете. Ги запознав нејзините другарки, таа моите, излегуваме заедно, учиме заедно, јадеме, пиеме, се смееме... Еве веќе втора година сме заедно, оформивме прекрасно другарство и ја засакав ептен, може да се каже дека на некој начин ја гледам како сестра, научив многу од неа и многу сум среќна што е дел од мојот живот.
     
    На firequeenn и red им се допаѓа ова.
  12. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Секако еден од поубавите периоди во животот.Три години седев во стан,последната седев во струдентски.Првите две години цимерка ми беше другарка,првата година поминувавме најубаво,втората седевме под стан,а во истиот двор под стан седеа други наши две другарки.Девојките не беа многу по учењето,повеќе кафе им се пиеше и им се оговараше,за притоа едната од нив да као демек појака ученичка дремеше кај нас по цел ден за да ''учи''.И така се посестримија со мојата цимерка,водеа разни дискусии по цел ден,а никако не приметуваа или не сакаа да приметат дека на другиот кревет некој очајно се труди да учи(а седевме во еднособен стан).И така,јас во јунска сесија се иселив и патував цел јуни и јас не знам како се осеќав.Во трета година седев со братучед ми,се беше убаво само машко како машко малце го мрзеше да води сметка околу хигиена :D Последната година во студентскиот дом сретнав прекрасна девојка,која до ден денес неизмерно ми недостига.ДА,седеа со дечко и,на почеток бев ептен исплашена како ќе биде,јас немав искуство по студентски па не знаев како да постапам,и ги оставив така да биде.И не зажалив до ден денешен,имавме прекрасен соживот,јас најискрено не оетив ни еден единствен ден дека живеам со пар,а притоа и да кажам дека никогаш не отидов во читална,константно си учев во соба,по цели ноќи со запалено светло :)
     
  13. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    јас сум веќе втора година на факултет и седам со истата цимерка од лани. Многу си ја сакам, нормално има малечки кавгички, ама ништо сериозно, мн ми е интересно со неа, а нaјсреќна сум оти со неа ќе ги поминам празниците.Искрено не можам да се пожалам од неа :) Те сакам Цимеррр :D :*
     
    На Night.Star му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Па мама и тато ми се цимери :D . Студирам ама дома си живеам. Сепак, од оние кои живеат со цимери секогаш слушам дека тоа е еден интересен период во животот, само што јас нема да го искусам :(
     
  15. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Убаво е да,додека да дојдат муабетите во стилот:

    -Студирам,не се спремам за садомијачка така да за промена можам да ти покажам каде стојат сјајот и сунѓерчето.
    -Овој дечко ти нас трет цимер ни е,или станавме социјална служба за бесплатно хранење и туширање?
    -Ти се зачлени во Здружение за заштита на птиците?...Оти со трошкиве кои се под маса таман ќе нахраниме јато гладни врапци зимава.
    -Хаосов од алишта во дневна го одбрувам под услов ако ми кажеш дека ќе полниш пакети за во Црвен крст....итн. итн.

    Значи различни карактери,различни навики.Некои цел живот им е принесувано на тацна и не сфаќаат дека е крајно време да се грижат сами за себе оти мама нема да дојде да го направи тоа,некои едноставно се мрзливи,некои така им е кејф...и тие банални работи носат кавги и главоболки.Ретко се погодуваат цимери кои ќе почитуваат некој ред на живеење,ќе се придржуваат до правила кои би носеле подобри услови за студирање и воопшто за живеење.

    Далеку е од забавен цимерскиот живот,барем јас гледам на тоа така,зашто не е само да дигнеш 4 у вис и да не ти чуе,оти нели не си дома де. |(
     
    На glosipgirl, senza.parole и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  16. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Минатата година имав многу лошо искуство со цимерките :worried: .... Сега сум во подобра соба со подобри цимерки единствено е што во соба сме по 6 души :o ... Едноставно некогаш е неиздржливо... Психички пропаднеш... А па замислете на спратот сме 9 соби со по 6 души :!:
     
  17. RodenaSoGreska

    RodenaSoGreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    49
    Како прво ги обожаваммоите цимерки и цимери многу ми се мили.Живеам во куќа на 4 спрата и поткроје со уште 9 женски и 4 машки + газди но сепак неможам да се пожалам преубаво ми е.Во собата сме две и многу добро се согласуваме.Ретко се расправаме (само кога сме под нервна база) но ни минува за кратко време.А најмногу од се ја сакам бидејќи знае се за мене а никој околу неа појма нема за тоа.Многу добро се согласуваме бидеќи на карактер сме скоро исти.Си ги сакам моите цимерчиња...
     
  18. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    3.203
    Пол:
    Женски
    Јас оваа година почнувам да живеам со цимерки.. Мислам дека ќе ми биде полесно затоа што брат му на дечко ќе ми биде цимер и него си го знам.. :D Ќе имам уште една нова цимерка која не ја знам...едвај чекам да го искусам и тој дел од студентскиот живот... :D :D :D
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.706
    Прва и втора година кога се запишав на факс,седев кај баба ми и дедо ми-примерно девојче,и нив си ги викав цимери.Сепак убаво ми беше,моја соба,ручек во секое време,и кое тинтрење од нив,сакаш сокче,чоколадце,ми се чини од нив се поправив таа година :lol: Третата година со најдобрата ми колешка и нејзиниот дечко зедовме стан баш во центар.Убаво ни беше,и дружбата и они,никогаш не се чувствуваше разлика и делба,ако купиме нешто ,они ќе дополнат,исто и за јадењето.Ама колку и да се погодуваш со некој,сепак различни карактери.Нив нонстоп им доаѓаа луѓе,и тоа некогаш 11,12 вечерта и седеа до сабајле.Ништо не им рековме,ајде мене толку не ми сметаше оти на факс можев и да не отидам,ама дечко ми стануваше 5ипол,6 за на работа и вечито ненаспан :worried: Овие две години сме сами и најубаво ми е :inlove: Мојот д бест цимер! Цимер во све!Ми помага во миење садови,за продавница одење-гревче само него го праќам :lol: ,ми вари кафенце,а некогаш и ручек прави. :clap:
    И не го мењам за ништо :!:
    Во студенстки не сум седела и сум немала некои поголеми проблеми па повеќе да ви кажувам,оти од искуство од другарки знам дека е многу тешко да ти се погоди цимерка ,многу пати се карале,се преместувале во др соби,се правеле сплетки,,,и баш ми е мило што не сум морала да се соочувам со тоа :tmi:
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Тешко е да се најдат прави цимери. Незнам од лично искуство, но гледам по моја колешка и другарка дека си има стварно големи проблеми со цимиерите. Среќа не има нас колегите и колешките што секогаш сме со неа и и помагаме во секоја ситуација кога можеме.