Сте го гледале ли филмот? Спојлер Е баш така се чувствувам во последно време. Цимерки се веќе втора година, ама оваа година таа почна да се однесува чудно и секој ден се однесува се почудно и почудно. Како да сака да ме раздели од сите. Често учи кај колешки (затоа што иако сме кoлешки имаме различни професори) и кога и кажам дека дечко ми е на гости, често и да планирала да остане таа се враќа во најкраток можен рок. Исто и денес, имав една колешка на гости и што слушна се врати за саат време, иако ми рече дека нема да се врати. Ми ѕвони почесто од мајка ми, да ме праша дали сум јадела, што сум јадела. Денес после 3-4 јавувања еднаш не и кренав и ѕвонеше кај колешката и ме бараше мене Ако дечко ми остане да си спие кај мене таа обавезно ја уклучува греалката на максимум и оди да се капе и си ја суши косата во 4 наутро. Многу пати ја имам прашано дали и пречи што доаѓа дечко ми, секогаш ми викала дека воопшто не и пречиме, ние или си играме карти или си легнеме и истата секунда сме во длабок сон. Почнав и да ја лажам понекогаш, и да има некој кај мене и викам дека сум сама. Гледам некако само да избегам, да не седам во собата. Утре ќе си идам, иако не сум баш за одење (наредната недела полагам). Ама потребно ми е малку време да се средам, да си правам јас што сакам.
Што може да се каже освен дека цимерката ти љубомори,те бара и ти досадува нон стоп,во најбрзо време откачи ја,најди други цимерки.И јас бев студентка,во прва година имав неподносливи цимерки,ми пукна филмот ги оставив сами двете а јас се преселив па едната довела трето девојче,и оваа другата останала сама,па почна да ми жали,да ме моли да се вратам.Ама јас не ја исфермав два посто Истото и ти направи го ,ќе се ослободиш.Се најубаво и со успех на колоквиумите
Па по описот така ми делува- да ти љубомори ќе се карате, а она е љубоморна на луѓето со кои ти го поминуваш времето, наместо да го поминуваш со неа. Мене не би ме изненадило да е лезбејка.
Кој што сака нека вика, цимерите се мноооогу, ако не и најбитни. Тие ти се новото семејство, новата ,дома, и ако со нив не се сложуваш и имаш проблеми, е исто како и во вистинската дома да имаш проблеми. Со моите цимерки, најдраги и најубави, сега за сега, супер се сложуваме. Пу, пу да не се урочиме. Едната ја знам од 8 години, другата од прва средно, така да ми е таман. Сите три сме разбрани луѓе што се вика, не се девојчињата терсен и неразбрани. Кога го чистевме станот, на сета мака и хаос, кога не се испокаравме, сме многу океј. Лесно се договараме за јадење, сметки, бањање, миење чинии, чистење.... Уште на почетокот договоривме што како, па станот ни е прилично уреден и чист (зборувам по студентски стандарди, не шетаат крокодили во него ). Е сега, сите си имаме маани, ама мораш да наоѓаш компромиси, оти ако не најдеш компромис, тешко тебе. Пример, едната цимерка не беше баш учена да раскрева, било нејзини или заеднички работи, ама еве јавно да ја пофалам, сега си се научи. Другата пак, е ноќна птица (читај и смеј се, птицо една, до пет и пол кукурикаш морфологии ), додека јас сум мнооогу дневна, а сме заедно во соба. Па ако јас сакам да спијам ноќе, а таа учи, оди во кујна. Ако јас правам нешто додека си преспива таа преку ден, одам во дневна и не и сметам. Друга многу битна работа е што стварно е океј да ти идат и гости и се, и блиски другарки да ти преспиваат, ама кога станот станува втора автобуска станица, не е во ред. Барем за тоа немаме проблем. Прилично е интересно, никогаш не си сам да немаш со кој муабет да направиш. Има смеи, далги, а богами и бисери, топење на капаци од тенџериња, потпалувања, купишта чинии од едни прости лепчиња, борби со лебојатки... На пример, вчера ни прегоре ламбата во вцто, и морав да се бањам со отворена врата, па се изнасмеавме - sharing is caring, све је моје твоје.
Битни се цимерите, и тоа како. Јас живеам со уште три цимерки, со двете имаме баш онака коректен однос, ама оваа третата е за никаде. Типкава се понаша како да е биро за информации, и мора се да знае. Во последно време и не и одговарам на прашањата, ама веќе на глава ми се качи! Како за се да мора да води евиденција, и упорно прашува се додека не добие одговор. Кога стана сабајлево, од колку беше на факс, со кој седеше денеска, кога си дојде дома, кога имаш колоквиум, колку испити положи и со какви оцени, утре што ќе правиш, со кој беше излезена попладнево, каде точно бевте, што разговаравте, имаше ли некој таму што го познавам.... и уште триста други глупости. Како во полиција да сум! И да, нема поента само да си праша девојчето, прва прилика и се јавува на мајка и, и се ќе и каже, и после нормално, цел град е информиран дека денеска сум носела син џемпер. Јас неа никогаш не сум ја прашала кај била и што правела таму, ниту па ме интересира, нејзино право кај сака таму нека оди. Али тоа е, се нафатив, мора да издржам барем до јуни, а после ќе му ја мислам. Не сакам пак да се осудам и наредна година секој ден да ја гледам, не е фер.
Јас и во средно и на факултет си поминав супер со цимерките,и ден денес сме другарки,се почитуваме,си одиме-идеме на родендени на децата,се слушаме. Ама мислам дека јас можам да се вклопам во секоја ситуација,се прилагодувам на секој,само да нема расправии,сепак сме само цимерки преку недела,за викенд дома,нема цел живот да ми е на глава.
Грубо гледано, мојата цимерска фамилија е огромна. Пет сме постојани. Со трите сум у супер односи. Ама едната од нив е ужас! Неуредна, непедантна, стално нешто бара и позајмува од некој. Без осет. Она кога сака да одмара сака да спие, да е тишина, а кога не спие праи галама. У последно време почесто се карам со нејзе, ама среќа ќе матурира до мај. Скраја нека е од такви дволични безосетни и непедантни девојчишта. Ептен ми се одмили! Си го покажа вистинското лице на невоспитана неморална глупача.
ги читам вашите искуства со цимерите и некако ме фака носталгија...пааа и јас сакам да имам цимери и цимерки и да живеам со нив,иако студирам со странство,живеам со дечко ми ,убаво ми е не велам не..ама кога и да зазборам со некој колега,другар,сите аууу студенски живот најубав..ауу цимери,цимерки ова она а јас па и не го наогам мојот студенски живот најубав дали дека овде лугето се такви ,поима немам...немам некои си посебни другари и другарки од фах со кои излегувам,можи само преку ден за време паузи на кафе во бар...си имам друштво што не ми е од факултет и си ги сакам сите најмногу
Во мојот студентски живот никогаш сум немала проблеми со цимерките и до денес со сите сум во супер однос. Во прва година кога почнав со факултет бев скрос сама, никој друг не познавав од мојот град што студира таму каде што студирав и кога отидов уште не се бевме сместиле се зближив со едно девојче кое ми беше во прва цимерка. Многу е важно да ти се погодар цимерките, тие се твое ново семејство со нив живееж, делиш се! На една моја другарка замислете си цимерката на спиење и има кратено прамени коса. Другарка ми има ептен тврд сон утрото се буди и гледа еден прамен и штрчи и си вели ајде сигурно некако ми е искинат, по некое време повторно од друга страна и штрчи прамем , да најгласам сами две се во соба и никој друг неможе да влезе кога сака , и цемерката и цело време кукале како сакала да има побујна и подолга коса, а нејзината била две влакна коса.
Живеам со двајца момци кои често милувам да си ги нарекувам бебиња. Никогаш не сум имала никакви проблеми во однос на киријата, сметките, што и да се купило од продавница, затоа што секогаш секој трошак братски на три си го делиме. Арно ама, јас сум таа која секогаш чисти по дома, која спастира и мие садови. And I think I've had enough! Од есен ги менувам, што сака нека биде.
Ех во моиве 9 години жителство во Скопје сум поминала навистина многу, но ова сега што го поминувам нема никаде дефинитвно. Добро си се тешам, можеби и јас сум остарела па девојчињава се малечки и им вријат бубачките во глава, но човече, и јас имав 18 и јас бев Хоум алоун во Скопје, па бев многу поцивилизирана, сигурно не праев журка кога цимерката имаше температура 39.9. Но да почнам од почеток, во средно живеев во најубавиот дел од градот, на Ленинова, со цимерки постари од мене по 5-6 години и имав одлично искуство, не ни осетив кога помина годината искрено, башка што бев на чекор од школо, ах каква година беше тоа, магична....И се зезнав квалитетно, решив да живеам во 4та со другарки од мојот град, ете го рецептот за расипување на долгогодишно другарство, не за џабе се рекло ако сакаш да го запознаеш некого започни да живееш со него и ќе го запознаеш. Вистинска катастрофа, пред се бидејќи и мајките ни беа пријателки и тие се замешаа, јас со подолго искуство во Скопје, а тие мислеа дека се што лета се се јаде, па така за 20 дена потрошив 200 евра и си ги собрав парталите и назад кај баба ми. А баба ми беше вистинска приказна, каква жена, со мене не може а без мене па ич. Но помина некако, за на факултет не ни помислував да живеам кај неа. На факултет променив неколку цимерски постави, една девојка која воопшто не ја познавав и со која имав одлично искуство, фантастично, до ден денешен ми остана во сеќавање како одлична девојка. Две од цимерките кои се задржаа малку подолго ги познавав, едната малку поексцентричен карактер па не ми беше баш по мерка, додека пак другата ја осеќав како вистинска цимерка, не секогаш да се сложуваме но имаше рамнотежа, до ден денес се гледаме. Бев цимерка и со колешка од факултет, не беше лошо искуство, девојката беше во соба само четири дена реално, постојано патеше за дома, дури и во втора кога живеевме заедно. Живеев и со машки, роднински поврзани со оваа цимерка со која најдобро се сложував и ова беше не баш интересно искуство со оглед на тоа што тие беа 3ца а ја сама и се осеќав некогаш баш како малцинство. Живеев и со семејството на сестра ми, мојата најдрага ,,цимерка,, беше внука ми, малото мое сонце. Еве ме сега, сеуште со цимерки, овој пат потполно непознати, тешко е со малечки девојчиња, сеуште возбудени од чувството на слобода за прв пат. Но што е тоа е, ќе морам да почекам додека заработам уште малку пари за да си земам сама станче или дечко ми да добие желба да ми биде цимер
Е.. и пошто привршавам со моето средношколско цимерско искуство, и ова ми е последна година со нив, за најцимерка од почеток до крај ќе си прогласам една Кате . Моето најголемо цимерско богатство, прави дијамант. Ја гушкам!
Друг пат ако имам потреба за цимер/ка ќе најдам некој што го знам! Веројатно ќе биде поубаво. Сум имала две до сега ама ни од една не бев задоволна. Знам, одма ќе речете, гарант сум пребирлива. Ама не е баш така Кога ќе растуриш нешто намести си го, кога ќе испрљаш садови измиј ги! Кога корпата со веш е полна стави за перење! Кога ќе се договориме да го чистиме станот стално имаа некакви обавези, работи им искрснуваа (а во тоа секако спаѓаат кафиња низ град и шопинг). Не мора да има некој не знам си каков однос меѓу цимери но треба да има почит и разбирање, па да му е*ам, кров над глава делиш!!
Не знам оти ама ко непишано правило ми иде она дека ако сте повеќе од две, една мора да е шашардисана и да ти гази на живци. Или не чисти, или се кара, или се и смета...
Ke запишам Стоматологија во Скопје...па барам цимери ...без разлика дали ке одат на Стоматологија или Медицина..тука во близина на државна болница/Рамстор...
Во принцип,добро се сложував со цимерките.Четири бевме и добро беше тоа што сите се знаевме од средно. Арно ама,една од нив беше претерано гнасна.Во буквална смисла на зборот.Не чистеше,не смукаше,не бришеше прашина,не миеше садови,не даваше пари кога требаше да купиме нешто,а по цел ден само јадеше (иако беше предебела) и правеше неред. За муабети,зезање беше во ред.Интересна беше.Ама кога ќе дојдеше време за чистење веднаш наоѓаше причина да излезе,за кога ќе се врати да биде се средено и повторно да може да прави нереди. Ја опоменавме неколку пати,ама џабе. Со другите две многу се сложував,а и премногу ги сакав.Имавме ист карактер,исти интереси и затоа ни беше забавно и максимално го користевме секое време кога оваа другава не беше тука,и да поуживаме во чистотата на станот. Имаше и караници,кои беа многу ретки. Во глобала земено,прекрасно поминато време,кое да можам веднаш би го вратила.
Јас добро се сложувам со мојата цимерка.. Понекогаш се инаети и ме нервира, ама сепак е предобра Никогаш не ме остава сама да средувам, ми помага во се и сешто Си се смееме на глупости, си се зезаме, заедно одиме на шопинг... Порано имавме уште една цимерка ама таа отиде да живее со дечко и, па така сега сме две А за претходната неможам да кажам дека беше добра.. Постојано се караше и се нервираше за секоја ситница. А за другото ни помагаше во се
Пред се венчаме со маж ми, тој живееше со цимери. Беа вкупно четворица. Има лошо искуство со нив. Проблемот беше што тие му го јадеа јадењето. Тој беше скоро цел ден на работа, а тие работеа на смени. Кога тој не беше дома, се што беше негово го јадеа. Многу се расправаше со нив заради тоа.