Би сакала да имаме секоја своја соба и се надевам дека нема да бидат некои... .А машки цимер,не сум баш за тоа.
Поминав една година со две цимерки. Едната од нив ми е срце човек, си имаше бубачки одвреме навреме ама сепак си ја сакам и планираме и оваа година да седиме заедно. Сами ако се може, такви сме и двете, не поднесуваме многу луѓе. Вторава не ми направила толку зло, ама обожаваше да се понаша како таа да е сама во собата, се да биде по нејзино - кога ќе се договориме да правиме нешто никогаш не го правеше или го правеше кога нејзе ќе и одговара, а ако и речам гледаш учам не можам ќе се налути, се правеше газдарица чиниш дома сме и отишле и ми сметаше што дечко и секој ден беше кај нас, што не си ги миеше смрдливите чинии, што ми оставаше нечисти гаќи и чорапи по собата , што секое сабајле откај дечко и доаѓаше во 7 часот и не будеше, смотаната ич гајле си немаше, си тропаше, колку мутав треба да бидеш да средуваш чинии во 7 саат сабајле , дечко и аман, аман, ќе начекам вода па не можам да си се пресоблечам на раат во собата оти он е таму. Кога и е досадно постоевме и ние во собата, а инаку само таа и дечко и како да се таму. Ми сметаше што не беа тивки со дечко и кога јас учам, во читална е ладно у пм, кај да отидам да учам, еднаш кога и реков ако може да бидат потивки се осмели да ми рече секако за пола саат ќе излеземе ќе си учиш цела вечер. За малце фала богу ќе и речев, преку глава ми беше. За чистење немавме проблем и за миење садови, најчесто чистевме сабота или недела од сабајле па нема кај да се оди. Сме немале караници сепак, и кажувавме со убаво на госпоЖата ама таа пак си правеше по нејзино и можам да речам дека сум задоволна од цимерките, имав многу убави моменти. Иако, требаше малку порано да и покажеме заби на оваа. Од мене немало поплаки и никогаш не ми рекле за некоја моја постапка дека им смета. Кога бевме јас и ова цимерчево што го лофкам сами најубаво ни беше. Ќе се договориме ќе учиме, па после ќе излеземе и стварно беше така. Секогаш кога едната учи другата е тивка да не смета, и слично. Па постојат слушалки бре човече. Најуредна беше од сите три. ( И јас бев тука некаде де. ) Јас не сум многу по ноќното учење пошто сум спанка, и таа исто и обично рано си легнувавме, а и ако останев до покасно гледав да сум тивка и да не сметам. Дечко ми е од друг град, доаѓаше кај мене едвај еднаш неделно, но секогаш остануваше за спиење кога сум исклучиво сама. Малку ми е непочитување спрема цимерката инаку, иако знам дека таа не би се налутила. Кога беше убаво времето, секојпат шетавме со дечко ми или на тераса си седевме, за да не сметам ако некој учи во собата. Кога моравме да седиме во соба, секогаш бевме тивки, ќе си пуштиме филм или слично. Иако имав дечко, никогаш не си дозволив да си го запоставам цимерчето. Сепак, со неа јадам, спија, по цел ден во иста соба и многу ми беше битна. Немавме којзнае колку гости, и секогаш рано си оделе. Сестра ми остануваше да спие 3-4 пати и мислам дека дури и се засакаа, значи немаше проблем. Спојлер Гушки до другово цимерче, се надевам уште многу ноќи ќе јадеме лут чипс и ќе пиеме пиво на терасичето.
Пред две години имав 3 цимерки. Со едната добро се сложувавме, но другите две беа вистински кошмар. Лани мислев дека цимерката ми е супер, погодена, бевме блиски, си се доверувавме, се додека еден ден не почна наоколу да зборува за мене. И таа на почетокот се фалеше како има супер цимерче, а после почна да кажува дека не и се погодила цимерката. И си реков, толку голема блискост со цимерка не треба да се има. Премногу бев отворена пред неа. Одвај чекав да се иселиме. За наредна година, т.е. сега, си најдов цимерка која ја запознав лани и се надевам се ќе биде како што треба.
Маж ми, додека ми беше дечко, одреден период седеше со цимери во стан. Катастрофа беа цимерите. Си го пикаа носот кај што не им е местото, Дури и јадењето му го јадеа. А имаа свое јадење. Се работеше за негови познаници. Он многу се нервираше. Среќа што си замина од таму.
Со две цимерки сум, едната е многу фина и ја сакам премногу, но другата не можам да ја поднесам буквално нервоза ме фаќа кога ја гледам, едвај чекам да дојде распуст и да не ја гледам повеќе, до сега за никој не сум чувствувала така да не можам да ја поднесам толку многу.