на нашите теливизии не ја даваат спушти ја од замунда многу е интересна од истата телевизија е шо е озборувачка поззз
Го гледав филмов неодамна и не ми остави некој посебен впечаток. Дури би рекла дека е и досаден, едвај издржав да го изгледам до крај.
Се сложувам..јас го извртев неколку пати, пошто е однапред позната сторија.. Изненадена бев само ја видов Нина Добрев, и мислам и Бони исто али не сум сигурна.. (заборавив како и прав. име)
Филмот е веќе видено и катастрофа. Ама Лејтон е неверојатна, ја бива за секаква улога и тоа е Оценка; 2/10 само заради Лејтон и Кем Гигандет
Ми се свиѓаше и идејата и глумата Едвај чекав да видам што следно ќе направи лудава Блер(не ми текнува на името во филмот).А другата девојка ми беше многу, многу слатка.
Не ми се допаѓа многу филмот многу е психоpпатски... Но, затоа има убави улоги од дневниците на вампитот Нина Добрев-Елена и Бонни ...
Нешто многу слично на Single White Female (1992), значи веќе видено Во секој случај забавна ми беше Лејтон во улога на психопат, тоа е се.
4/10! Ништо посебно. Сестра ми ми извади приказна дека е хорор и го гледав целата уплашена, очекував кој знае што да се случи. Не би го препорачала.
Несакам хорори, ама овој ни х од хорор немаше. Единствено страшно е што секогаш кога го гледам нешто ми се случува. Првиот пат кога го гледав ми се скрши креветот (бидејки бевме повеке другарки седнати, а иначе мајка ми го заштрафуваше ) а вториот пат поради некој дефект со струјата почнаа да ни трепкаат сијалиците.
Воопшто не би го нарекла хорор, и не гледам зошто некој друг би го направил истото. Филмот беше интересен, по малку напнат и заслужува внимание
Филмов не е ништо посебно, дури можам да кажам дека беше досаден. Очекував повеќе и од глумата и од самиот филм. Плус таа што ја глумеше Ребека ми оди на нерви, не знам зошто воопшто и гледав филм со неа. Не би го препорачала.
Солиден филм, просечен, со предвидлив крај. Меѓутоа вреди да се погледне. Поентата е каде од толку студенти да ти се падне цимерка психопат. Од мене има 6/10.
Приказната и не е многу далеку од вистината што се крие под кожата на некои денешни девојки. Мислам дека денес постои опсесивност повеќе од било кога. Филмов има приказна што те тера да бидеш претпазлив. Се што е многу, е лошо.