1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цимет - сорти, факти и рецепти

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од daylight, 6 јули 2014.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Дали сте знаеле дека постоjaт барем 2 сорти на Цимет?

    Едниот го нарекуваат вистински цимет (Cinnamomum verum) наречен уште и цејлонски-цимет, а постои и касиа-цимет или кинески-цимет (Cinnamomum cassia).

    Првиот, има благ вкус со специфична нежна арома. Природно расте на Шри Ланка која во времето на британското колонијално владеење била нарекувана Ceylon оттаму и називот сејлониан т.е. цејлонски цимет. Но истиот така расте и на Мадагаскар, Сејшелите, Маурициус и Хаваи(САД).

    Во Скопје цејлонски цимет можете да набавите во продавниците на Био-Култ во ГТЦ (3. кат) и Capitol Mall (приземје). Пакетче е 150 ден.

    [​IMG]

    Вториот, тнр. касиа или кинески цимет (иако потеклото обично му е од Индонезија) е значително поефтин, најраспространет е низ продавниците во форма на стапчиња или ситно мелен прав. Има многу интензивна арома и остар, речиси лут вкус. Истиот содржи кумарин кој во мали количини може да биде лековит но во прекумерни количини може да биде штетен за црниот дроб т.е џигерот.

    Какви се вашите искуства со овие два различни вида на цимет? За што го користите? Знаете ли некои интересни рецепти со цимет?
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Обожавам цимет. Знам дека има многу поволно дејство на организмот во комбинација со мед. Не сум знаела дека има 2 вида.
     
  3. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Со турско кафе обавезно.
     
    На Elena69221 и MiaNmaR им се допаѓа ова.
  4. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    За циметот сум читала дека е многу здрав јас го користам во прав што е стапчиња не сум имала до сега.Јас правам мед и цимет прелиени со врела вода и доаѓа како чај мнооогу е вкусно и здраво.
     
  5. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Да многу сакам цимет поготово кога станувам наутро земам една лажичка мед и ставам цимет. А обожувам во компот :)
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Споделете некои рецепти или некои јадења, пијалоци во кои може да се стави зошто мајка ми незнам како и зошто купила дури 300 грама цимет. Ни самата незнае зошто, незнаете која колина е тоа, со оглед на тоа дека е доволно само на врвот на лажичето да се стави во стулијаш, какао, кафе и слично...
    Прво се згазив од смеење кога видов колку купила, па ние едно пакетче од 10 грама месец дена го користиме, а на ова незнам што ќе му правиме. Плус некој органски или незнам каков бил и не е баш ефтин за да се фрли или остави да се изветрее.
    Почнав да го ставам во секое смуди, мафини, колачи, пити, мафини, ама за тоа едвај пола лажиче трошам.
    Па некој ако знае некој рецепт кај што потребна е поголема количина на цимет нека се смилува и сподели. Низ нетов не најдов нешто веродостојно, обично се со милиони други производи кои се надостапни кај нас.
    Мајка ми е крааааај! :D 300 грама цимет еееј. Па уште се чуди вика тие продавачките сто пати ме прашаа колку грама??? :D Сигурно си мислеле дека женава има слаткарница.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    @mims-89 , мајка ти изгледа махинално кажала 300 грама, ко да купува сончоглед, ореви, или не знам, нешто сувомеснато:D.

    Епа обично во рецептите оди максимум по една кесичка, а таа е 10 грама, така што ќе имате за 30 јадења :D. Потоа нема да сакате да видите цимет.
    Ете пример можеш да направиш штрудла со јаболка и готови кори, циметот ќе го ставиш со изренданите јаболка и шеќерот и маргаринот на оган, и потоа со таа смеса ќе ги филуваш корите.
    Исто така се става и едно цело пакетче во колачот медено срце, не знам дали си го правела, ама мене освен со слатко или мармалад од смокви, со друг мармалад воопшто не ми се допаѓа. Познат е и како пензионерски или стабилизационен колач, бидејќи состојките се оскудни и евтини. Меѓутоа доста е вкусен, ако си љубител на медено срце. Него луѓето или го сакаат или не, нема средина.

    Исто така можеш да го ставаш и во варена пченица, мислам дека се мешаше пченицата со шеќер во прав и со цимет и мене лично многу ми се допаѓа.

    Можеш да си правиш и некои маски за коса со него, има доста рецепти по нетов.

    А можеш и да го поделиш со пријателите, ако сакаш и во иднина да не ти биде одбивен вкусот и мирисот на цимет :D.

    Се надевам дека малку помогнав.8-|
     
    На cresa-jagoda, simoncelicius и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    Мимс не знам дали пиеш турско кафе, но ако пиеш еве една интересна рецепта баш за овој ладен период:

    Потребни состојки за подготовка на ова кафе се: 8 филџани турско кафе, 70 грама шеќер, 50 ml чоколаден сируп, пола лажичка анис, 20 каранфилчиња и 4 стапчиња цимет.
    Подготовка : Турското кафе сварете го на вообичаен начин, а потоа оставете го да се олади. Кога талогот ќе се симне на дното, прочистената течност префрлете ја во друг сад, или пак процедете ја. Ставете ја течноста на тивок оган и додадете ги шеќерот, чоколадниот сируп, анисот, каранфилчињата и циметот. Добро промешајте. По желба, сервирајте го со шлаг или блага павлака.

    * Исто така јас честопати си правам маска за коса со маслиново масло, јајце и цимет.Што повеќе, тоа подобро.Еве со мајка ти правете ја почесто оваа маска да не го фрлате така за џабе. На тој начин можеш да го искористиш без да мора да го ставаш во секое јадење.:)
     
    На Annath и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Како ќе му дојде соодност со стапчињата и оној во прав? Зашто мојот е во прав, и дали воопшто е изводливо со цимет во прав да се направи ова иначе многу убаво ми изгледа... Баш обожавам каранфилчиња. :D
    Баш добро што ви текна дека може да се користи и во маски за лице, коса...
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    ^^
    Ич не знам кој му е соодносот на стапже/лажичка, ама јас користам четири лажички наместо четири стапчиња оти немам од каде да набавам, па малце ја изменив рецептата.Пробај и со мускатно оревче да изрендаш убаво е така малце оринтален вкус му доаѓа:)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Обожавам цимет,го ставам во салеп,сутлијач,кафе,благо ххх секаде каде што ќе стигнам.Но најомилено ми е кога си рендам јаболко и во неа ставам цимер.Сон :smirk:
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски

    Џабе и да ти даваме рецепти, кога цимет и онака не смее да се консумира во големи количини, максимумот е половина лажичка дневно. Ќе го искористиш не се секирај, нема краток рок на траење, особено ако го чуваш во добро затворена тегличка. И јас купувам големи количини, па брзо ги трошам. Изгледа мајка ти купила од тој цејлонскиот цимет, ама кај продаваат рефус? Јас имам видено само 100грамски пакувања, поголеми нема, а и рефус не сум начекала.
    Инаку, има тука цимет во стапчиња, во БиоКулт сигурно, а знам дека има и во големите маркети (Веро, Тинекс).
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Рефус продаваат во продавниците за Здрава храна

    ******
    Инаку јас во чај си ставам цимет и чајот е превкусен :coffee: ;)
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    @Annath поима немам каков е циметот, на сметката пишува цимет органски, рефус го земала од БиоКосмос на Зелено Пазарче. Околу 600 денари ми се чини дека беше 300 грама.
    :tmi: Малку чудно, органски демек, а рефус да се продава ама нема врска.
    Вчера го направив напитокот од Саломе, превкусно беше.
    Ви препорачувам на сите да го пробате. Измислен е за зимско време, ептен ми разбуди некои пранични чувства. Од сега редовно ќе го служам на гости. :)
     
    На simoncelicius, Annath, Espadrila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Карамел - какао со цимет и каранфилче

    За еден филџан:

    250 мл млеко (или вода за посна варијанта)
    1 голема лажица шеќер
    1 мала лачица какао
    цимет и каранфилче по вкус
    мед по желба за засладување

    Подготовка:
    Во садот во кој што ќе го приготвувате какаото ставете го шеќерот, подготвувајте го на оган и мешајте додека да се карамелизира.Кога ќе се карамелизира шеќерот се меша додека да се растопи и се додава млекото.Се додава мало лажиче какао, не многу полно. Штом зоврие се трга од оган и се додава по желба цимет и/или каранфилче.
    За засладување може да се стави мед, кој се додава откако ќе стане млако какаото за медот да не ги изгуби хранливите состојки.

    mims-89 Пијалокот е препорачлив за овој период од годината, па можеш да послужиш и некои пријатели во замена за кафе со што ќе ја избегнеш стереотипноста за црната напивка и ќе ја намалиш количината што непланирано ја имаш во домот ;)
     
    На Annath и mims-89 им се допаѓа ова.
  16. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Циметот е здрав зачин, се комбинира најчесто со штрудла, компот, јаболка, сутлијаш, салеп, зрнести плодови и мед и сл. Се препорачува цејлонски, и тоа во умерени количини.
     
    На cherrylips, KuklickaMoja, Lovelybaby<3 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.592
    Пол:
    Женски
    Топло млеко со мед и цимет мх :smirk:
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Се е штетно испаѓа. Го знам ова за индонезискиот цимет во продавниците и страв ми е да го користам како зачин и страв ми е што го користев некогаш (вкусен ми беше па не внимавав колку ставам).