Што мислите за ова - дали го поддржувате овој актуелен тренд и дали ви се допаѓа? Колку е цената кај нас за да се направи ова на заб? Дали боли кога се става и ако некој има искуство - нека сподели низ коментари и мислења.
Јас мислев 2005та беше тренд ова Не би ставила, не ме привлекува воопшто. Носи некој ова уште? Ама озбилно? Јас знам дека беше тренд тинејџери кога бевме...
Трендовите се враќаат Дангелке. Убаво изгледа пирс на заб, но на бели заби. Прво белеење, па после пирсање. Мене конкретно ме интересира колку би стоел пирсот на забот, не би сакала да ми падне после неколку миења. Ако стои подолго време, може да си го испирсам мојот. Околу цената, не е скапо, не знам точна бројка.
Земи Супер лепак, извади циркон од маица или бижутерија, и залепи си. Сите деца праеа така пред 10 години...
Ова беше мода некаде 2004 година се сеќавам другарките во школо имаа на забот , колку само и јас сакав
Мислев сум отворила некоја тема од пред десетина години, кога тоа, од вчера. Кога бев основно беа актуелни, отсекогаш ми било глупост.
Не сакам.. Треба млеко бели заби за ова.. А и не ми е убаво на изглед.. И да, пред 15год беше ептен актуелно.. ни тогаш а ни сега не сакам.
Се сложувам со мислењата на повеќето феминки, застарена мода е ова. Ни мене не ме привлекувало никад вакво нешо, многу ми е кичерај. Као еј види, ми светка забот.
Само да не се врати овој тренд. Не ми изгледа воопшто привлечно. Не сакам ни на себе вакво нешто ниту да ми се појави пред очи некој што носи.
Ај додека сме на темава, немам неколку заби и од увек ми било селско - симпатично сребрени да си ставам. Нема да се приметува ,иам мала уста , и не ми се ни гледаат тие заби кога се смеам, 5 и 6 се... И плус, баба ми имаше преден златен зуб, и личеше на Јованка Броз, и беше као кул, најака типка у маало и надалеку. Изглеа у ДНК ни е.
Дааа и едвај чекам Баш последно кога бев на контрола за протезиве ми вети докторот дека ќе ми стави розево цирконче, редовна цена е 500ден, не е болно воопшто. Иначе цирконче се става на природни заби
Мене пак јако ми е. Би сакала да ставам.. имам другарка која не е од тука и паа скоро 10 години носи вакво нешто и никогаш не сум ја прашала колку пари и на колку време менва. Иначе помошник (сестра) на забар е веќе 2 години.
Јас имав, 5-6 години ми стоеше и пред некое време ми падна. Инаку 300 денари е ставањето циркон на заб. Процедурата е следна: се прави мало дупче на забот со (грозно звучните) машинки и цирконот го лепат со пломба. Инаку нема никаква болка, се струга само забот, непцето не ти се чепка.