Tokmu taka, zdrav zab pretvoras vo rasipan, cirkonceto stoi dodeka stoi, a potoa imas plombiran zab, koj mozel da bide potpolno zdrav.
Толку сум осетлива на тема забар, што и да сакам вакво нешто, а неќам, не би го ставила само за да не одам на забар.
Колку и да било одамна актуелно и во мода ова,мене ми е сеуште типски.Малечко бело дијамантче да светка да,уште пред добри пет години сакав да ставам на 3ка одозгора на најшилестиот заб бидејќи имам како шилести на краевите како вампирски заби (но не гломазни туку нежни нормална големина и прави забчиња) но тотално изумив до ден денес то ес до овој момент кога ја видов темава Да не знае некој колку кошта?
Носев на времето, едно запче ми е повнатре, па да го истакнам малку. Ниту ме стругаа, ни ништо, така ми го залепија. Само падна после неколку месеци, таман меракот ми помина. И да, убаво личи на бели заби, дефинитивно. Дали пак би ставила? Не, ама ставам на оние кои имаат желба 500 до 1000 денари е, има различни бои.
Кога бев у градинка 2005-2006та мајката на најдобриот ми другар имаше вакво и ја мислев дека и е нешо расипан забот, па и реков зашо не си го поправи. Со темава ме потсетивте као се иам избрукано пред жената. Не, никад не би носела, дефинитивно срање големо. Поготово на жути заби ако се лупне нешо вакво, очобол!
Тоа е точно. Сега ќе го поправам забот да ми го израмни со пломба, сепак не е којзнае колкава дупка, минијатурно дупче е. Секој си одлучува сам за себе, секој има право на избор. Јас го дадов моето мислење како некој кој го има искусено тоа. Поздрав
Добра поента, се согласувам со коментарот. И мене ми е незамисливо свесно да си уништам заб (па и тоа да биде некој од предните) само заради хир. Не би ставила, не ми се допаѓа.
Има некој лепено со секундарен? Јас пак сум запнала но не ми се оди на забар а и не сакам да ми го стружат забот па помислував да си залепам и јас но.. хахаха во уста лепак
Бев на заболекар, ми беше паднат цирконот. Ептен малце ми го стругна забот и немам сега ништо. Значи нема некое којзнае какво оштетување после него. Ништо не ми се забележува на забот. Го нема ни дупчето ни пломбата.
Носев во средно, убаво изгледа ако се бели и средени забите. Но сега не би носела затоа што ми помина меракот