1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Циркус

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snow-Queen, 23 август 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Сега додека чекав автобус за на кај дома, го видов тоа гласникот на циркусот, возеше,ама лошо се рабираше кога како и што има.
    Па се потрудив малку да побарам по интернет.
    Еве за заинтересираните:

    Циркус во Скопје
    Светски познат циркус „Сафари“ од Унгарија вчеравечер ја имаше првата претстава пред скопска публика. Циркусот е сместен зад спортскиот центар „Борис Трајковски“ а во Скопје ќе биде до 16-ти септември.

    Циркусот е со капацитет од 1.000 луѓе, а цените ќе варираат во зависност од возраста. Унгарскиот циркус „Сафари“ постои од 1968 година, а за својот настап во Скопје подготвува специјално подготвени точки наречени „балет во воздух“ што ќе бидат изведени од воздушни акробатки од Италија.

    Унгарскиот циркус Сафари, по Тетово и Охрид, пристигна и во Скопје. Од вечерва скопската публика ќе може да го посети циркусот Сафари кој е сместен зад спортскиот центар „Борис Трајковски“.
    Претставите ќе се одржуваат се во деновите од среда до недела, до 16 септември, а билетите чинат од 200 денари за деца , 300 за возрасни до 400 за ВИП ложата. Дневно ќе има по две претстави, во 17 и во 19.30 часот.
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Јас ќе го бојкотирам циркусот. Имаат крајно нехуман однос кон животните. Ги малтретираат. Изгладнуваат за да направат некоја точка,ги удираат со стапови со електрицитет. Во голем број земји во Европа и светот циркусите се забранети.
     
    На daylight, antonina, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Јас не сум била којзнае од кога во цуркус,и сакав да одам на овој ама слушнав од тие што биле во тој циркусот во Охрид,дека било многу нечисто,имало еден тон прашина... па сеа незнам. А за животните имам исто така слушнато дека ги малтретираат многу :worried:
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Баш сакав да прашам дали некој знае што како, цена , време .... Некако цените ми изгледаат страшни 5евра за наш стандард |(
    Али добро, тоа е . И јас не сум љубител на циркусите но најверојатно ќе одиме со маж ми, зависи до кога ќе биде тука, планот ни е накај 05септември
     
  5. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    Циркузот е забавен за нас, но дали е за животните?При дресирањето се употребуваат нехумани и болни методи.Кутрите животни не заслужуваат да бидат тепани ,малтретирани и чувани во нехумани услови.Бојкот за циркусот!!!Не одете,не ги поддржувајте со вашите пари и присуство!
     

    Прикачени фајлови:

    • 12.jpg
      12.jpg
      Големина на фајлот:
      114,9 KB
      Прегледи:
      304
    На daylight, rossonerka, LittleFairy и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Whatsername997

    Whatsername997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    јас не сум против циркус и ќе гледам да ги убедам другаркиве да одиме
    иначе не се согласувам со тоа дека ги мачат дотолку, ако претерано ги тепаат и тие знаат да вратат со иста или поголема мера, животните памтат и добро и лошо ,еве ви пример : една жена го удри кучето што ни седи пред зграда и едаш ќе ја каснеше и секогаш и лае и 'ржи додека пак јас му давам храна и си играм со него и никогаш ми нема лаено и си се мази со мене - но сепак во воспитувањето секогаш се удира дури и мајками кога бев мала и коа ќе направев нешто лошо, по газето ќе ме удреше и толку, или пак што слушам нешто дека не ги хранеле животниве од циркусот. Како можи да ризикуваат така? па ако не ги хранат тие можат да убијат човек и да си се нагостат :fubar:
     
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Денес по мојата улица поминаа со мегафон и кога видов дека зад возилото влечат приколка со животно (мислам дека беше слон.... од далеку така ми се виде, а и небитно кое животно е) ми се згади. Па колку треба да си нечовек за кутрото животно да го влечеш на 40 степени низ цел град, цел ден.

    И уште нешто, малку офф но морам - и змиине во Охрид којзнае на која дрога се, па пола Македонија се слика со нив. Да ги игнорираме во пакет ќе биде најдобро.
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^не е вистинско животно тоа што си го видела.
     
  9. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ми кажуваа сакале да има циркус негде кај Борис Трајковски мислам, салата, ама протестирале.И ич неќам. Неможам да ги поднесам коа ги малтретираат кутриве животни, нечисто оставаат , се е лом после нив.Како мала бев со тетка ми, коа едно мало мајмунче неможев да го тргнам од глава , еден идиот ми го пушти , нездрав, ја па појма немав дека е мајмун, од памет се извадив. Од тогаш не сум била, ни пак ке одам :!:
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Ние конечно се убедивме да не одиме, што ми е навистина мило.
    Еднаш сум била на циркус пред едно 4год, но излегов многу разочарана. Сопругот сакаше да одиме, но нема.
    Па и кога го видов на флаерот тоа слончето со главата надолу :x
    Синоќа поминавме од таму, баш за време кога требаше да има претстава, но немаше ич гужва. А гледам низ град давале флаери 1+1 гратис, демек ако го приложиш тој флаер имаш една карта за возрасен и една за дете по цена од 300ден. Слабо работата изгледа :lol:
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Меу, за слабо работа не можам да се согласам, вчера јас бев по карти и преполно беше.
    Земав за мене и брат ми карти за место во ,,ложата'' по 400 денари, затоа што пред да ги купам случајно ѕирнав внатре во шаторот на циркусот да видам каде седат луѓето со стандард карта и не ми се допадна, бидејќи седиш на расклатени клупи кои се наклонети надоле и сеа ти пази му ја цело време да не паднеш, наместо да гледаш изведбите. ( еден човек дури пропадна во клупата пред крајот, па малце ја поремети изведбата што беше тогаш, знаете, аll eyes oh him :D ) Не дека моето место беше подобро, ама добро...

    Дојдовме што дојдовме, се сместивме во ложа нели, на пластични искршени столчиња (се прашувам како издржаа до крајот), се изнадишевме прашина колку ти душа сака и назад кучи. :D Јас искрено, многу се разочарав од крајно дрскиот однос на вработените во циркусот, кон нас публиката. Не би да разглабувам што - како, јас не би ни отишла ама ете да не му кршам кеиф на брат ми...

    Е сега, лаком гз - трагедија е работава.
    Да се качиш на камила и да свртиш еден круг околу арената, кој се состоеше од нецели 3 чекора, е нескромни 150 денари ;), да свртиш кругче со коњ или пони е 100 денари а да прошеташ низ нивната мини зоолошка е 50 денари. Шеќерна волна 50 денари, а едно балонче исто 50 денари :D. Види ти логика. Пуканки 60 денари.

    И нормално забрането сликање, дури и кога даваш цело мало богатство да прошета дете 3 чекора со камилата.
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC02421.JPG
      DSC02421.JPG
      Големина на фајлот:
      110,7 KB
      Прегледи:
      231
    • DSC02425.JPG
      DSC02425.JPG
      Големина на фајлот:
      76,4 KB
      Прегледи:
      231
  12. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Јас сум читала дека животните ги чуваат со денови во кафези каде што немаат место ни да се свртат, а камо ли удобност. Исто знам дека ги изгладнуваат и тепаат додека не ги научаат тие точки. И се согласувам со сите тие што се борат ЗА правата на животните.
    Некој што има само малку повеќе мозок од нив да заработува на нивна сметка? Не е фер, не е хумано.
    Ние луѓето како разумни суштества би требало разумно да се однесуваме.
    Ама за жал има некои чудовишта што само се грижат за пари и ништо друго.
    Циркусите не треба да постојат. Се срамам што сум се воодушевувала како дете на точките кои тие кутри животинки ги изведуваа.
    Само тие си знаат низ што се поминале за да стигнат на таа сцена. Кутрите..
    Не е точно ова. Не се работи тука за куче што цел живот е слободно и неизмачувано.
    Еден слон не е свесен дека има сила со еден удар да ги усмрти сите тие што го мачат поради тоа што ги гледа како супериорни суштества. Не знае дека може да побегне. Знае само дека ако се спротистави ќе го измачуваат. Тие од мали ги дресираат. Не смеат да мрднат. Кога имаше кај нас циркус еден слон тргна накај мојата зграда и човекот само му свирна и веднаш се врати. Каков страв имаат тие чудовишта вгнездено во животните.. Срам да им е!
     
    На daylight и anabel-a им се допаѓа ова.
  13. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    Како помала многу сакав да одам ,ама ете бидејќи слабо моите ме носеа имам сеуште желба. Може сега имам поразумни мислења и кога ќе го видам истото што сум го видела како помала НЕМА да се воодушевам, али кога на дете не му е исполнета желбата, цел живот си ја има. Памтам пред 5-6 и повеќе години кога дојде циркус ,кога беше кај веро центарот што е сега,тетками зема кафе, ама кафето беше од 3 голтки, буквално (само тоа запамтив) и погодете колку чинеше? 100 денари :fubar:
     
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Истиов овај циркус "Сафари"беше во мојов град пред еден некој месец.Е абе со тоа главава ми е подуја,со тие рекламите нивни.
    Инаку да сум била на циркус како помала,мислам дека циркусот се викаше "Европа" и имаше секакви животинчиња.Карта се шлапнав околу 300 денари,не памтам точно цена.
    Незнам дали да го обравдувам овој циркусов,мене ми е жал за животинчињата.Што ли не им прават. Кутрите тие.Ги третираат исто како робовите,кои некогаш служеле за забава.За гледање,денешно кажано циркус.
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    До утре е, а децава не ги однесов. Прво бевме на одмор, па после бевме заангажирани со почетокот на новата учебна година, па после се разболевме сите еден по еден, и помина времето.
    Јас не сакам циркуси, сум била како мала и уште од тогаш не сакам, ама децава сакаа да одиме. Плус не е нешто што секој ден можеш да видиш, најмногу ми е заради тоа.

    Се мислам за денес или утре, ама не ми се оди заради прашината, дечкиве ептен ми се нежни, кај оздравеа едвај, па уште прашина им фали.
     
  16. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Ne e do utre,prodolzeno e do 23.09.
     
  17. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Ќе го бојкотирам циркусот нехумано се однесуваат со животните!!
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    порано (кога бев помала 6-7 годинки) обожавав Циркуси, ама сега кога сватив како се се однесуваат кон животните..... :x едно големо НЕ за Циркуси
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Жалче е. Ги измачуваат кутрите животинчиња за забава.

    Не за циркус.

    Мислам, нели ви е грев, нели помислувате како им е затворени во кафези?
    ..Се знае каде им е местото на животните...
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Обозавам циркус :rofl: :D