1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Циста на вратот

Дискусија во 'Дете' започната од rainlover, 7 ноември 2013.

  1. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Покрај сите проблеми кои ги имаме со синчето, последно му открија и циста :sweat:
    Цистата се наоѓа под левото уво точно на долната вилица.
    Првпат му ја забележавме на 5 октомври, прво му ја виде матичната (според неа било реактивна жлезда, карактеристична за децата што се почесто болни, ќе се повлечела сама од себе), ама не се повлече за една недела, пак отидов и барав да не препрати на др. д-р. Бевме на ушен д-р рече според него ништо страшно не било, и не било поврзано со ушите. Добро. Ајде на максилофацијален, ја виде и не прати на ехо. Д-р виде циста со големина 5 мм, полна со вода. Се вративме кај максилофацијалниот д-р ни препорача витамин ц, б - комплекс и облоги ациди борици и контрола за 2 недели. Вчера бевме на контрола и ни вели дека мора да се прави хирушка интервенција. Прашање е дали сега ако сакаме да поминеме со помал рез или подоцна кога може да порасне и резот да биде поголем. За повлекување само од себе според него не било можно. Не сум од Скопје, па размислувам да го однесам на преглед на Клиника (ќе одиме за некој ден кај д-р во Козле на контрола и со неа ќе се консултирам да ме препрати негде), а за операцијата дефинитивно сум решена во Скопје да ја правиме.

    Неутешна сум, цел ден плачам, вчера од нервоза неколку пати повратив. Многу се плашам ;( ;( ;(
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752


    душо не е страшно не се секирај , може сама да се повлече а може и со некоја мала интервенција да му ја одстранат не се секирај само нее ништо страшно се ке се среди ...Посакувам да му се повлече сама само без гајле и кажи што ке направиш :*
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Сепак побарај повеќе мислења од повеќе д-ри.
    Во фамилија имав нешто сличен случај каде што му се појави на детето од пречести настинки, па крајници па уши....ама не ја оперираа. После некој си период како се стабилизира детето се повлече. Знам дека не е ништо страшно и не брзај со одлуки, првин слушни повеќе мислења.
     
  4. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Пред некој ден бевме на контрола во Козле д-р и ушниот д-р од таму исто така ми советуваат да се направат некои иследувања пред да се донесе одлука за хирушки зафат. Ќе почнеме со испитувања на имунологија затоа што (имам пишувано) дека сме со алергии на се' и сешто, чести бронхити, уште почести отити, и + ова со цистата, така да најпрво д-р бара мислење од имунолог. Ќе одиме веројатно другата недела најбрзо што може да не примат. После тоа ќе одлучиме кои понатамошни испитувања ќе се прават. Инаку еве 2 месеци има како му се појави намалена е малку, не се приметува толку, не го боли на допир, ФАЛА БОГУ нема некои промени на полошо, така да ќе почекаме со хирушкиот зафат.