Здраво сакам да ве прашам кои лекови или алтернативна медицина користите за циста на града ? На добив никакви препораки од гинекологот кој ми ја дијагностицира.
Порачај си од билна аптека Стојанови чај за цисти, мама микс така нешто беше. Или посебно пиј ајдучка трева, кантарион, невен. Без шеќер, горчат, ама се издржува. Мачкај го местото со рицинусово масло, стави марамче и спиј така. Можеш и облоги од кантарион или невен чај да ставаш. Лист од зелка или парченца компир. Кога правеш третман со облоги, терај од еден вид барем десетина дена. После друг. Помалце кофеин, стрес. И мој совет, отиди си на радиолог да ти направе ехо, не гинеколог.
На радиолог ќе си закажеш за ехо на дојка. Тој ќе ти каже подетално инфо, за каков вид на циста станува збор дали само да се следи или шо како.
Кога се прави ехо на гради во смисла дали е поврзано со менструален циклус ако знаеш да ми одговориш?
Одете на ехо кај специјалист радиолог, не се сите гинеколози за ова стручни, ама има некои што се. Мене мојот гинеколог, ми имаше кажано да си одберам др. дека не е стручна за таа област.
Мене мојава па сама ми направи, јас отидов за пап. Јас сакав на радиолог, и кога отидов се чудеше како гинекологот ми направил ехо на гради. Гинеколозите колку се стручни за ова не знам. Негде има одредено денови каде што доаѓа радиолог, ама гинеколог да прави ехо на гради, не знам.
Денес кој стигне прави ехо, и гинеколози и интернисти особено по малине градови. Многу го фалат докторон од Пзу Алексеј за се буквално, ама и тој е гинеколог, мислам дека има нешто плус завршено за да може да прави ехо на дојка ама не сум сигурна.
Бев кај докторот во април на преглед, се што тој ми кажа, ми кажа и радиологот, добар пристап и супер доктор.
Па мене гинекологот ми направил ехо на гради и ме прати на пункција, тоа од пункцијата резултатите си се, гинекологот ништо не ми кажа. Кога бев на радиолог се поново ми направија, и плус мамографија. Како и да е само на радиолог колку и да се стручни гинеколозите (мое мислење).