Цистит

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од LaraL2001, 12 септември 2024.

  1. LaraL2001

    LaraL2001 Нов член

    Се зачлени на:
    12 септември 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум нова тука па можеби и веќе постојат овие теми.
    Профилов го направив специјално за ова, да слушнам слични искуства и мислења кои можеби ќе ме утешат.
    Веќе две недели се мачам со проблеми со мокрење, после секое мокрење имам притисок во долниот предел и не мине во текот на целиот ден.
    На брис ми најдоа уреаплазма, а на ехо задебелени ѕидови на мочен меур.
    Сепак она што мене ме загрижува е дали болките и симптомите навистина ми доаѓаат од оваа бактерија бидејќи за сите што прочитав немале никакви симптоми или ја откриле дури во текот на бременоста.
    Исто така ме загрижува тоа што и после две цели недели сеуште имам симптоми. Се плашам дане премине во хроночен цистит и како ќе го лекувам тоа.

    Ве молам споделете искуства и совети. Исто така да напоменам првите болки ми се појавија наредниот ден после односи и еве од тој ден па наваму јас се мачам.
     
  2. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    707
    Пол:
    Женски
    Уреаплазмата е подла бактерија и мора да ја излечиш да не ти направи поголеми проблеми ако се качи нагоре во матка, јајцеводи... Се надевам ти дадоа терапија, неа ја чисти доксициклин.
    Јас ја имав вагинално и цервикално, во урина не. Почни да конзумираш и пробиотици за вагинална флора.
     
  3. LaraL2001

    LaraL2001 Нов член

    Се зачлени на:
    12 септември 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Да моментално сум при крај со доксицилин терапијата, мене исто така ми ја најдоа вагинално, а урино-култура не ме пратија да направам бидејќи бев за време на циклус.
    На обичниот тест за урина во параметрите за присуство на бактерија пишуваше "ретко", но не негативно.
    И сега сум загрижена зошто и покрај ЛЕБЕЛ кој беше за доколку имам уринарна инфекција и доксицилин кој го примам сега за уреаплазмата јас сеуште имам болки при и после мокрење и не мокрам лесно како предходно.. ќе одам на контрола да се консултирам но читам секакви работи и одма се плашам - што ако и кај мене вака, што ако и кај мене така...
    До сега се поминати речиси 3 недели со проблемов. :(
     
    На Irenka5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    481
    Uriroyal kesicki(7) i brusnica ampuli barem 10dena ke ti pomagaat dopolnitelno, isto taka alkalna voda 2-3l na den, probiotik proven so brusnica, mozes i so razreden betadine vo voda da se izmies
     
    На LaraL2001 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Carpediemm

    Carpediemm Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Исто и задебелените ѕидови знаат да бидат зезнати,цело време чувство на нелагодност и на неиспразнетост,со присуство на болка.
    За нив не знам дали има лек искрено.
    За болката и за елиминирање на бактеријата јас имав добро искуство со Нитрофурантион,е сега не знам дали се осетливи на неа и дали ќе ти вршат работа да прашаш најубаво,не се јаки како другите антибиотици воопшто,можат да се пијаат и до две години.
    Јас ги пиев скоро два месеци.
     
    На LaraL2001 му/ѝ се допаѓа ова.