Инспирирана од темата за тоа кој што моментално чита морав да ја отворам темава. Не знам како е кај вас,но јас стандард имам навика читајќи книга без разлика од кој жанр да ја преобликувам во боенка. Подвлекувам со маркери,фломастери она што ми оставило голем впечаток. Кратки мисли,реченици,длабоки делчиња кој некако ми оставиле големо значење.И кога и да ја прелистам пак книгата,ми паѓаат во очи оние обоени делови. Темава ја отварам со цел да споделиме некој ваши омилени делови,цитати и исечоци. Некоја реченица можеби кај некој може да предизвика поттик за читање на област која не му делувала никогаш интересена или пак воопшто потик кон читањето.Можеби сега е шансата. Јас ќе започнам со книга што ја читам периодов. ,,Тоа што на умот му изгледа како срамота,за срцето е само убавина” ,,Само тебе,и уште една ,,подла” во која се вљубив,па тука и пропаднав.Но да се вљубиш не значи да сакаш.Човек може да се вљуби и мразејќи.” ,,Кој стапнал на најниското скалило,бездруго ќе се искачи и на највисокото” -Браќата Карамазови Фјодор Достојевски
Tomorrow, and tomorrow, and tomorrow, Creeps in this petty pace from day to day, To the last syllable of recorded time; And all our yesterdays have lighted fools The way to dusty death. Out, out, brief candle! Life's but a walking shadow, a poor player, That struts and frets his hour upon the stage, And then is heard no more. It is a tale Told by an idiot, full of sound and fury, Signifying nothing.— William Shakespeare, Macbeth