Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.” Римјаните 12:19
Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа. Матеј 7:13
Додека ја имате Светлината, верувајте во Светлината, за да бидете синови на Светлината. Исус го рече тоа, па отиде и се сокри од нив. Јован 12:36
Туку, ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден - напој го! Зашто, ако го правиш тоа, ќе натрупаш жар на неговата глава.” Римјаните 12:20
МАТЕЈ 6 25” Затоа ви велам: не грижете се за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар душата не е повеќе од храната, и телото од облеката? 26 Погледнете ги птиците небесни! Тие ниту сеат, ниту жнијат, ниту собираат во житници, и пак вашиот небесен Татко ги храни. Зар не сте вредни многу повеќе од нив? 27 Кој од вас може, грижејќи се, да му придаде на својот раст еден лакот? 28 Зошто се грижите и за облеклото? Погледнете ги полските лилјани како растат; не се трудат, ниту предат; 29а Јас ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече како еден од нив. 30 И, ако Бог ја облекува така полската трева, што денес е, а утре ја фрлаат во печка, нема ли многу повеќе вас, маловерни? 31 И така не грижете се, велејќи: ‘Што ќе јадеме?’ или: ‘Што ќе пиеме?’ или: ‘Што ќе облечеме?’ 32 Зашто сето тоа го бараат народите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова. 33 Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде. 34 И така, не грижете се за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.”
Погледајте ги Моите раце и Моите нозе - Јас Сум Истиот! Допрете Ме и видете, зашто духот нема месо и коски, а како што гледате Јас имам. Лука 24:39 и им рече: „Така е напишано дека Христос треба да пострада и да воскресне од мртвите во третиот ден, Лука 24:46 и да биде проповедано во Негово име покајание и прошка на гревовите на сите народи - почнувајќи од Ерусалим. Лука 24:47 Испрати ги Својата светлина и вистина: нека ме водат нека ме одведат во Твојата Света Гора, во Твоите живеалишта. Псалми 43:3 На Тебе се потпирам од раѓањето; Ти Си ми заштитник од мајчиното крило: на Тебе пеам секогаш. Псалми 71:6 За мнозина станав чудо, зашто Ти ми беше силна помош. Псалми 71:7 И мојот јазик секогаш ќе ја слави Твојата правда, зашто се засрамени и понижени оние, што сакаат несреќа за мене. Псалми 71:24 Ги пружам своите раце кон Тебе, мојата душа, како сува земја, жеднее по Тебе. Псалми 143:6 Послушај ме поскоро, о Господи, мојот дух изнемоштува! Не криј го Своето лице пред мене, за да не станам како оние што слегуваат во гробовите. Псалми 143:7 Соопшти ми ја наутро Твојата милост, зашто се надевам на Тебе. Покажи ми го патот по кој да тргнам, зашто ја вознесувам душата кон Тебе. Псалми 143:8 Избави ме, Господи, од моите непријатели, јас прибегнувам кон Тебе. Псалми 143:9 Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат. Псалми 23:4 Навистина, благоста и милоста ќе ме следат, низ сите денови на мојот живот. И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш. Псалми 23:6 Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните, и не стои на патот на грешниците, и не седи во седиштето на потсмевачите; Псалми 1:1 Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие! Колошаните 3:13 А кога се молите, не употребувајте напразни повторувања како народите; зашто мислат дека ќе бидат послушани, заради многуте зборови. И така, не бидете како нив, зашто вашиот Татко знае што ви е потребно, уште пред да Го помолите. Матеј 6:7-8 Кога преминуваш преку вода, со тебе Сум; или преку река, нема да те потопи. Ако тргнеш низ оган, не ќе изгориш, пламенот нема да те опали. Исаија 43:2 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Јован 3:17 И така, ако Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, и вие сте должни да ги миете нозете еден на друг; Јован 13:14 зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.” Римјаните 10:13 Не ќе успее оружјето исковано против тебе. Ќе докажеш дека е зол секој јазик што ќе се подигне против тебе на суд. Тоа е наследство на Господовите слуги, тоа им е победа од Мене” - слово е Господово. Исаија 54:17
"Ако светот ве мрази, знајте дека мене светот уште пред вас Ме замрази. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот- затоа светот и ве мрази. " Јован 15:18-19
И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жители да му направат биста на ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му се даде да вложи дух во бистата на ѕверот, та да прозборува тој и да направи да бидат убиени оние кои нема да се поклонат пред бистата на ѕверот. И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни, та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово. Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест. Откровение 13:14-18
А сега вака вели Господ, Кој те создаде, Јакове, и Кој те образувал, Израиле: не плаши се, зашто Јас те откупив, по име те повикав; ти си Мој. Преку води ли ќе минуваш – Јас сум со тебе; преку реки ли – тие нема да те потопат; ако тргнеш преку оган, нема да се изгориш, и пламенот нема да те обгори. Бидејќи си скап во очите Мои, многу си ценет; Јас те возљубив, затоа ќе дадам други луѓе за тебе, и народи за твојата душа. Исаија 43:1-2, 4
Ете, посрамени и понижени ќе останат сите, што се наежени против тебе, – ќе бидат како ништо и ќе загинат оние што се препираат со тебе. Исаија 41:11
1 James 4:6 “God opposes the proud but gives grace to the humble.” Proverbs 11:2 “When pride comes, then comes disgrace, but with humility comes wisdom.” Proverbs 16:5 “The LORD detests all the proud of heart. Be sure of this: They will not go unpunished.” Proverbs 16:18 “Pride goes before destruction, a haughty spirit before a fall.”
"Do not lie with a man as one lies with a woman; that is detestable" (Leviticus 18:22) and "If a man lies with a man as one lies with woman, both of them have done what is detestable. They must be put to death; their blood will be on their own heads" (Leviticus 20:13).