Езекиел 3:19 Но, ако го опоменеш грешниот, а тој не се одврати од својот грешен и зол пат, тој ќе умре поради својот престап а ти ќе ја избавиш својата душа.
23. Имајте вера во Бога. Зашто, вистина ви велам, ако некој и' рече на оваа планина: ,,Дигни се и фрли се в море!" И не се посомнева во срцето свое, туку поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже. 24. Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете - и ќе ви биде. Марко 11:23-24
Изреки 13:2-3 Од плодот на својата уста човекот го јаде она што е добро, а душата на оние што постапуваат неверно е полна со насилство. Кој си ја чува устата, си ја чува душата. Кој зборува непромислено, пропаѓа.
“Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште.” Откровение 22:11
“Потоа ми рече: Се сврши! Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум. Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син. А на плашливците и неверните, на поганите и убијците, на блудниците и магесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото, што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.” Откровение 21:6-8
5. Принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење, 6. кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност, 7. кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов. 2 Петар 1:5-7
“Нека дојде врз нив ненадејна замка и мрежата нивна, што ја поставија за мене, да ги улови самите нив; нека се сплеткаат во неа и нека загинат.” Псалми 34:8
Ете, посрамени и понижени ќе останат сите, што се наежени против тебе, – ќе бидат како ништо и ќе загинат оние што се препираат со тебе. Исаија 41:11
“А сега вака вели Господ, Кој те создаде, Јакове, и Кој те образувал, Израеле: не плаши се, зашто Јас те откупив, по име те повикав; ти си Мој. Преку води ли ќе минуваш – Јас сум со тебе; преку реки ли – тие нема да те потопат; ако тргнеш преку оган, нема да се изгориш, и пламенот нема да те обгори. Зашто Јас сум Господ, Бог твој, Светецот Израелов, твојот Спасител; откуп за тебе го дадов Египет; Етиопија и Сева ги дадов за тебе. Бидејќи си скап во очите Мои, многу си ценет; Јас те возљубив, затоа ќе дадам други луѓе за тебе, и народи за твојата душа. Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; од исток ќе го доведам твоето племе и од запад ќе го соберам. На север ќе му кажам: дај; и на југ: не задржувај; доведи ги синовите Мои оддалеку и ќерките Мои – од краиштата земни, секого, кој се нарекува со Моето име, кого сум го создал за Мое прославување, што сум ги создал и направил.” Исаија 43:1-7
“И побарај од Мене, и ќе Ти ги дадам народите во Твое наследство, и краиштата на земјата – во Твое владеење.” Псалми 2:8
“Отстапете од мене сите вие, кои вршите неправда, зашто Господ го услиша гласот на мојот плач. Господ ја услиша молбата моја, Господ ја прими молитвата моја. Ќе се посрамат и уплашат сите мои непријатели; ќе се повлечат и веднаш ќе се засрамат.” Псалми 6:8-10
“Затоа и вие, бидете подготвени, зашто Синот Човечки ќе дојде во часот кога не се надевате!“ Лука 12:40
"Ако двајца се степат, па жената на едниот тргне да го избави својот маж од рацете на оној кој го бие, и таа ја испружи својата рака и го фати оној за срамниот член, отсечи ѝ ја раката, и нека не ја сожалува твоето око." 5. книга Мојсеева (наречена и Деутроном или Второзаконие) 25:11-12
Осија 4:6 Мојот народ ќе изгине, зашто нема знаење. Спојлер кога само би правеле разлика помеѓу вистинско знаење и лажното и непотребно знаење кое се наметнува од системот...
Еве, ова ти заповедам Јас: биди цврст и храбар, не плаши се и не се ужасувај, зашто Господ, твојот Бог, е заедно со тебе, каде и да одиш.“ Исус Навин 1:9