1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цитати од Библијата

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 26 јануари 2011.

  1. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.370
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20220428-145451_Video Player.jpg
     
    На OmilenataZaNego и *Ева им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.179
    1 КОРИНТЈАНИТЕ 13
    За љубовта
    1Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.
    2Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера, што и планини да преместувам, – ако љубов немам, ништо не сум.
    3И да го раздадам целиот свој имот, да го предадам телото да ми изгори, – штом љубов немам, ништо не ми користи.
    4Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива,
    5не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло,
    6не се радува на неправда, туку се радува на вистина,
    7сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ поднесува.
    8Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците? Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне.
    9Зашто само делумно спознаваме и само делумно пророкуваме;
    10а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.
    11Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детското.
    12Сега гледаме како низ огледало, нејасно, а тогаш – лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен.
    13А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.
     
    На quattro, kuc, OmilenataZaNego и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Послание на ап. Павле до Римјаните: 1; 19-32

    Она, кое може да се знае за Бога, ним им е познато, бидејќи Бог тоа им го откри.
    Оти она, што е во Него невидливо, односно вечната Негова сила и Божеството, се гледа уште од создавањето на светот, гледани според нивните созданија, па така тие немаат изговор.
    Зашто, кога Го познаа Бога, тие не Го прославија како Бог, ниту, пак, Му благодарија, туку се заблудија во своите помисли, и нивното неразумно срце им се помрачи;
    наречувајќи се себе мудри, тие обезумија,
    и славата на вечниот Бог ја изменија во облик на смртен човек, на птици, на четвороножни животни и на лазачи, –
    затоа и Бог, според желбите на срцата нивни, ги предаде на нечистотата, за да се бесчестат телата нивни во самите себе.
    Тие ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на созданието повеќе отколку на Создателот, Кој е благословен во сите векови. Амин!
    Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните потреби ги заменија со противприродни;
    и мажите исто така; оставајќи го природното зближување со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи отплата каква што одговараше на нивната заблуда.
    И бидејќи не се обидоа да Го имаат Бога во разумот свој, тоа Бог ги предаде на изопачен ум – да го прават она, што не прилега;
    бидејќи исполнети со секаква неправда, блудство, лукавство, користољубивост, злоба; полни со завист, убиства, расправии, измами, лоши нарави;
    оговарачи, клеветници, богомрасци, силеџии, фалбаџии, горди, измислувачи на зло, непослушни кон родителите,
    неразумни, неверни, недружељубиви, непомирливи, немилостиви.
    Тие, иако ја знаеја правдата Божја дека оние, што вршат такви дела, заслужуваат смрт, сепак не само што ги вршат, туку се благонаклони и кон оние што ги вршат.
     
    На quattro, OmilenataZaNego, Mystic Girl 7 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    “Имаше голем и висок ѕид со дванаесет порти, а на портите дванаесет ангели и напишани имиња, а тоа се имињата на дванаесетте племиња на Израелевите синови.”
    ‭‭Откровение‬ ‭21:12‬ ‭
     
  5. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.370
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20220715-111205_Instagram.jpg
     
    На Босилче и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  6. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Кажува еден од најпрекрасните цитети од Библијата и како му помогнал. Ме трогна

     
    На Mic18, Босилче и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  7. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.370
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20220904-143913_Video Player.jpg

    Screenshot_20220904-143934_Video Player.jpg
     
    На OmilenataZaNego, GirlLove, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    “Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога!”
    ‭‭Матеј‬ ‭5:8‬ ‭

    “Почеток на мудроста е стравот Господов; само глупавите ги презираат мудроста и поуката.”
    ‭‭Изреки‬ ‭1:7‬ ‭

    “Возљубени, кога така нѐ возљуби Бог, тогаш и ние сме должни да се љубиме еден со друг.”
    ‭‭1 Јован‬ ‭4:11‬ ‭
     
    Последна измена од модератор: 30 октомври 2022
    На eliesaab, Босилче, Michaelalala и 3 други им се допаѓа ова.
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Машки
    "Скршениот дух ги суши коските“
    (Изреки 17:22)
     
    На OmilenataZaNego и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Машки
    "Болката која сега ја чуствуваш, не може да се измери со радоста која доаѓа"

    Римјани ( 8:18 )

    "Господ самиот ќе тргне со тебе, самиот ќе биде со тебе, нема да отстапи од тебе и никогаш нема да те остави, не плаши се и не ужалувај се"

    Второзаконие ( 31:8 )

    "Не плаши се, зошто јас сум со тебе, не вознимирувај се зошто јас сум твојот Бог, јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со мојата победоносна десница"

    Исаија ( 41:10 )
     
    На eliesaab, hermosa, GirlLove и 5 други им се допаѓа ова.
  11. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    “Уште зборови не ми дошле до јазикот мој, Ти, Господи, веќе ги знаеш:”
    ‭‭Псалми‬ ‭138:4‬ ‭

    “Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог. Тоа во почетокот беше во Бога. Сѐ стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана. Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето. Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати.”
    ‭‭Јован‬ ‭1:1-5‬ ‭

    “Му рече Господ на мојот Господ: „Седи од Мојата десна страна, додека ги ставам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.”
    ‭‭Псалми‬ ‭109:1‬ ‭
     
    Последна измена од модератор: 30 октомври 2022
    На hermosa, Mic18, Босилче и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Машки
    „Зло нема да Ти се случи, и неволја нема да Ти се приближи до телото Твое, затоа што ќе им заповеда на ангелите Свои за Тебе, да Те чуваат на сите патишта Твои
    Ќе те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата своја;
    на отровница и на змија ќе нагазуваш, лав и змеј ќе згазуваш.
    Бидејќи се надеваше во Мене, и ќе го избавам, и ќе го заштитам, зашто го позна името Мое.“

    (Псалм 90, 10-15).
     
    На GirlLove, Anah, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    “Ако непријателот твој е гладен, нахрани го со леб; и ако е жеден, напој го со вода; зашто, правејќи го тоа, ти натрупуваш жар врз главата негова, и Господ ќе ти воздаде.”
    ‭‭Изреки‬ ‭25:21-22‬ ‭

    “Ако си видел човек, кој се смета за мудар, тогаш повеќе надевај се на безумен, отколку на него.”
    ‭‭Изреки‬ ‭26:12‬ ‭

    “„Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби.”
    ‭‭Матеј‬ ‭10:16‬ ‭

    “На другиот ден Го виде Јован Исуса како доаѓа кај него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зема гревовите на светот врз Себе! Овој е оној, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред мене беше, бидејќи постоеше пред мене.”
    ‭‭Јован‬ ‭1:29-30‬ ‭

    “Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни; а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.“
    ‭‭Јован‬ ‭4:13-14‬ ‭

    “И кога беа поминале дваесет и пет – до триесет стадии, Го видоа Исуса како оди по морето и се приближува кон коработ, па се уплашија. Но Тој им рече: „Јас сум, не плашете се!“”
    ‭‭Јован‬ ‭6:19-20‬ ‭

    “А Марија стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И, плачејќи, се наведна над гробот; и виде два ангела во бели облеки како седат, едниот кај главата, а другиот кај нозете, каде што беше лежело телото Исусово. Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто плачеш?“ Им одговори: „Го земале Господа мој и не знам каде Го положиле!“ Штом го рече ова, се заврте назад и Го виде Исуса како стои; но не знаеше дека е Исус. Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого го бараш?“ Таа, мислејќи дека е градинарот, Му рече: „Господине, ако си Го зел Ти, кажи ми каде си Го положил, и јас ќе Го земам.“ Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни“ – што значи: „Учителе!“ И рече Исус: „Не допирај се до Мене, зашто уште не сум се вратил кај Мојот Отец; туку отиди кај браќата Мои и кажи им: се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог.“ Дојде Марија Магдалена и им кажа на учениците дека Го видела Господа и дека тоа ѝ рекол.”
    ‭‭Јован‬ ‭20:11-18‬ ‭

    “И видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина, и морето го немаше веќе. Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж.”
    ‭‭Откровение‬ ‭21:1-2‬ ‭

    “Потоа ми рече: „Се сврши! Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум. Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син. А на плашливците и неверниците, на поганите и убијците, на блудниците и маѓесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур, тоа е втората смрт.“”
    ‭‭Откровение‬ ‭21:6-8‬ ‭

    И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето.
    ‭‭Откровение‬ ‭21:23‬ ‭

    “Но не се плашиме и сакаме што поскоро да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ.”
    ‭‭2 Коринтјаните‬ ‭5:8‬ ‭

    “Ви велам дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од покајание.”
    ‭‭Лука‬ ‭15:7‬ ‭

    “Поради тоа, возљубени, препашете ги колковите на умот свој, бидете бодри и имајте целосна надеж дека ќе ви се принесе благодатта при јавувањето на Исус Христос.”
    ‭‭1 Петар‬ ‭1:13‬ ‭

    “А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос.”
    ‭‭Јован‬ ‭17:3‬ ‭

    “А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден бисер; улиците на градот беа од чисто злато како проѕирно стакло.”
    ‭‭Откровение‬ ‭21:21‬ ‭:l:


    “Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ‚Одам да ви приготвам место‘?”
    ‭‭Јован‬ ‭14:2‬ ‭

    “Ѕидовите му беа изградени од јаспис; а градот – од чисто злато, како чисто стакло.”
    ‭‭Откровение‬ ‭21:18


    “Има злато и многу скапоцени камења, но разумната уста е поскапоцена од сѐ.”
    ‭‭Изреки‬ ‭20:15‬ ‭
     
    Последна измена од модератор: 30 октомври 2022
    На hermosa, Босилче, Mic18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Машки
    ➕ Судбината на човекот е во рацете на Господ. Некој, можеби, мора да помине низ оган, вода, студ ,глад жед болест и тага да ги почуствува сите тие страданија , и така чуствувајки ја таа неподносливата болка од гревот , ќе се смири ќе се сврти кон светлината Божја.➕
     
    На hermosa и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  15. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    “Петтиот ангел ја излеа чашата своја врз престолот на ѕверот; и царството негово се помрачи и луѓето ги гризеа јазиците свои од болка”
    ‭‭Откровение‬ ‭16:10‬ ‭
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Машки
    Евангелието нè повикува своите добри дела да ги извршуваме не за да нè видат луѓето туку заради Господа, но ние продолжуваме да правиме добри дела, тајно очекувајќи и посакувајќи признанија и награди. Човек ретко ја сфаќа убавината и вредноста на тајното добротворење.
     
    На OmilenataZaNego му/ѝ се допаѓа ова.
  17. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    “Не станувај со духот свој брз на гнев, зашто гневот се крие во срцето на безумните. Не вели: „Зошто поранешните дни биле подобри од сегашните?“, бидејќи не е мудро да прашуваш за тоа.”
    ‭‭Проповедник‬ ‭7:9-10‬ ‭
     
    На eliesaab и Mic18 им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Corinthians 14 : 34–35

    34. Let your women keep silence in the churches: for it is not permitted unto them to speak; but they are commanded to be under obedience as also saith the law.

    35. And if they will learn any thing, let them ask their husbands at home: for it is a shame for women to speak in the church.
     
    На OmilenataZaNego му/ѝ се допаѓа ова.
  19. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    “Возљубената: Да, сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното.”
    ‭‭Песна над песните‬ ‭1:1‬ ‭
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    “Голема е мудроста на Господа; Тој е сесилен и гледа сѐ. Очите на Господа се врз оние што имаат страв од Него; Тој ги знае сите човечки дела.”
    ‭‭Сирахова‬ ‭15:18-19‬ ‭
     
    На Mic18 и Anah им се допаѓа ова.