"Но ти господи си штит мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја" - Псалм 3:3 "Ти господи си светило мое. Господ ја просветлува мојата темнина" - Самоил 22:29 И напуштајќи го овој живот, со надеж на живот вечен да стигнам во севечниот покој, таму каде што е непрестан гласот на оние што празнуваат и бескрајна е сладоста на оние што ја гледаат неизговорливата убавина на Твоето лице. Зашто Ти Си вистинска желба и неизговорлива радост на оние, што Те љубат, Христе Боже наш, и Тебе Те воспева сета твар, вечно. Амин.
"Блажени се на оние што тагуваат,зашто ќе бидат утешени." - Матеј 5:4 Исус му рече: "Го љубиш Господа, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сето свое срце". Ова е прва и голема заповед. А втората заповед е : "Љуби го својот ближен исто како и себеси". (Матеј 22: 37-39)
само што пишав на чет колку го мразам денов после минута ми стига нотификацијава. апликацијава е топ и кога сум тотално у дистракција ме потсетуваат на Божјиот збор, секојдневно ми стигаат цитати од Библијата или било што поврзано со христијанството.
"Бидете радосни во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани" "И така, бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец"
”Јас Сум Алфа и Омега”, почетокот и крајот, - вели Господ Бог, Кој е и Кој беше и Кој иде - Сèмоќниот - Откровение 1:8
И кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се вплоти од Светиот Дух и пречиста Марија Дева и стана човек. И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен. И воскресна во третиот ден, според Писмото и се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот. И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство ќе нема крај.
34 Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. 35 По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе.” Јован 13; 34-35
Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене. Матеј 5:11
Затоа убијте ги сите машки деца! А убијте ја и секоја жена, која запознала маж! А оставете ги живи за себе сите девојки, кои не запознале машко. Броеви 31: 17, 18;
Римјаните 6:9 зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира: смртта нема веќе власт над Него.
“Соопшти ми ја рано милоста Твоја, зашто во Тебе се надевам, Господи. Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја издигам душата своја.” Псалми 142:8
1 Коринтјаните 11:15 Но, ако жената си ја остави косата, тоа е украс за неа, бидејќи косата ѝ е дадена место превез.
Псалми 18:2 Господи, карпо моја, крепост моја, спасение мое; Боже мој, карпо моја, во Кого барам прибежиште, штит мој, рог на моето спасение, тврдино моја!