1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цитати од Библијата

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 26 јануари 2011.

  1. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Машки
    Господ дава богатство и сиромаштија; понижува, но и возвишува. - Самоил 2: 7
     
    На SigmaMan, eliesaab, quattro и 3 други им се допаѓа ова.
  2. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.142
    Допаѓања:
    14.390
    Пол:
    Женски
    ПСАЛМ 20
    Благодарност за победите во минатото
    .

    1. Господи, со Твојата сила ќе се весели царот и за спасението од Тебе
    безмерно ќе се радува.
    2. Ти му даде, она што срцето негово посака, и молбата на устата негова не
    ја отфрли,
    3. зашто Ти го пресретна со добри благослови, му возложи на главата
    венец со скапоцени камења.
    4. Тој побара од Тебе живот, а Ти му даде долголетие во веки веков.
    5. Голема е славата негова поради спасението од Тебе; Ти го покри со чест
    и величие.
    6. Ќе положиш на него вечен благослов, развеселувајќи го со радоста на
    лицето Твое,
    7. зашто царот се надева на Господа и во милоста на Севишниот не се
    сомнева.
    8. Раката Твоја ќе ги најде сите Твои непријатели, десницата Твоја ќе ги
    најде сите што Те мразат.
    9. Кога ќе се разгневиш, ќе ги направиш како огнена печка; гневот
    Господов ќе ги погуби, и оган ќе ги проголта.
    10. Ти ќе го уништиш плодот нивни од земјата, и семето нивно – меѓу
    човечките синови,
    11. зашто смислија против Тебе зло, се договорија, но не можеа ништо да
    направат.
    12. Ти ќе ги поставиш како цел, а од Твоите лакови ќе пуштиш стрели во
    лицето нивно.
    13. Издигни се, Господи, со Твојата сила: ние ќе ја воспеваме и ќе ја
    прославуваме Твојата моќ.
     
    На GirlVolley, Anah, Mic18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Capture.PNG
    Capturemi.PNG
     
    Последна измена: 27 февруари 2023
    На tiggyboy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    -God-is-Light-1024x1024.jpg ,blessed be.png
    29817.jpg
     
    Последна измена: 27 февруари 2023
    На tiggyboy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Машки
    Кога праведникот се радува, непријателот Божји исчезнува како чад.
    ( Псалми Давидови)
     
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Божјото царство не доаѓа на видлив начин. Не може да се каже: Еве го овде! или Ене го онде! Божјото царство е во вас. Исус (Лука 17: 21)

    Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери.Исус(Матеј 13:45)
    Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат; Исус (Матеј 6:19)
    20. туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту 'рѓа ги уништува, и каде што крадци не поткопуваат и крадат.

    21. Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.

    Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сe тоа ќе ви се додаде. Исус(Матеј 6:33)

    Блажени се чистите во срце, зашто тие ќе го гледаат Бога! Исус (Матеј 5: 8 )
    Вистина ви велам, ако не се обратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно. Исус (Матеј 18:3)

    (1 Јован 3:7) Дечиња, никој да не ве заблудува. Кој врши правда праведен е, како што е Тој праведен.

    (1 Јован 1:6) Ако речеме дека имаме заедништво со Него, а одиме во темнина, лажеме и не ја вршиме вистината.

    (3 Јован 1:11) Возљубен мој, не угледувај се на злото, туку на доброто. Кој прави добро од Бога е; кој прави зло, не Го видел Бога..

    Влезете низ тесната врата; зашто широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив.
    Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат. Исус, (Maтej 7:13,14)

    (1 Јован 3 4) Секој што прави грев, го прекршува Божјиот Закон, зашто гревот е токму тоа:

    Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли Исус,(Јован 3 19)
    20. Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави.
    21. а кој ја извршува вистината оди кон светлината,за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога.

    Ќе ги препознаете по нивните плодови. Исус (Матеј 7;20)
    7:17 Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошото дрво дава лоши плодови.
    18. не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови.

    Исус (Лука 6:45) Добриот човек, од доброто сокровиште на своето срце, изнесува добро; а лошиот човек, од лошото сокровиште изнесува зло Исус (Лука 6:45)

    Уште многу имам да ви зборувам, но сега не можете да поднесете. Исус(Јован 16:12)
    13. Кога ќе дојде Духот на вистината, Тој ќе ве води во целосната вистина, зашто Тој нема да зборува Сам од Себе
    Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат мораат да го прават тоа сходно со вистината која им ја открива Божјиот Дух. Исус(Јован 4:24 )
    Тогаш ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи. Исус (Јован 8:32 )

    „Ова ви го реков за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот.“ Исус(Јован 16:33)

    заради вистината, што останува во нас и што ќе биде со нас довека.(2 Јован 1:2 )

    Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту скриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. Исус(Лука 8;17)

    Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг; како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг.(Јован 13:34)

    (2 Јован 1:5) И сега те молам, госпоѓо, - не како да ти пишувам нова заповед, туку онаа што ја имавме од почеток: да се љубиме еден друг.

    (1 Јован 4:18 ) Љубовта не остава место за страв. Совршената љубов го исклучува стравот, бидејќи стравот подразбира казна, а тој што се плаши нема искрена љубов

    (1Јован 4 16) Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог во него

    (1 Јован 4:7-8 ) бидејќи љубовта доаѓа од Бог.

    Љубовта е вечна (1 Коринтијаните 13)
     
    Последна измена: 25 мај 2023
    На SigmaMan, hermosa, Wideperpetual и 2 други им се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    img_4136.jpg
    download.jpg
     
    Последна измена: 2 јуни 2023
    На Wideperpetual му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Машки
    Немојте да си ја претставувате смртта од лошата страна, туку верувајте дека таа служи како преселување од времениот кон вечниот живот, а времето Господ го држи во своја власт. Ти се плашиш од смртта, но, кој од нас е бесмртен? Смртта не е уништување на нашето битие, туку премин од сегашниот, краткотраен и лош, кон подобар живот. Господ вели: кој верува во Мене и да умре ќе живее (Јн. 11, 25), зашто Он не е Бог на мртвите, туку Бог на живите; зашто во Него сите се живи (Лк. 20, 38).
    Смртта е преселување од овој свет во вечноста!
     
    На Amelia, Snowflake97 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Пораката што ја слушнавме од Исус и што ја пренесуваме е тоа дека Бог е Светлина, и во него нема трошка темнина.(1 Јован 1:5 )

    Јас дојдов за да бидам светлина на овој свет. Исус (Јован 12:46)

    Така и вие бидете светлина пред луѓето. Исус (Матеј 5:14)

    Ако си целосно исполнет со свелина, без ниеден темен дел, тогаш и насекаде околу тебе ќе зрачи светлина.
    Како кога куќна светилка осветлува со своите зраци. Исус (Лука 11; 36)

    Оваа Светлина свети во темнината и темнината никогаш не може да ја опфати.(Јован 1:5 )
     
    На Snowflake97, Biljarkata и Mic18 им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Зашто Ти си ја создал мојата внатрешност и ме оформи во мајчината ми утроба. Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го знае.
    Псалми 139:13‭-‬14
     
    На INNERBEAUTY, KittyAgnes, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Не давајте им го на пците тоа што е свето, не фрлајте ги своите бисери пред свињите, за да ги изгазат со своите нозе.
    Исус(Матеј 7:6)

    Оставете ги. Тие се слепи водачи на слепите, а кога слеп води слеп и обата ќе паднат во јама.
    Исус (Матеј 15:14)

    Затоа им зборувам во паралели, бидејќи тие, имајќи очи, не гледаат, и имајќи уши не слушаат, ниту пак се трудат да разберат. Исус (Матеј 13:13)

    Кај нив се исполнува претскажаното од Бог преку пророкот Исаија, кој вели:
    Исус (Матеј 13:14)

    Ќе го слушате моето слово, но нема да го разберете.
    Ќе ги гледате моите дела, но нема да ги сфатите.
    Зошто, срцата на овоие луѓе се закоравени!
    И со ушите одвај слушаат, а очите си ги затвараат.
    Не сакаат да видат, да слушнат и да разберат.

    Не секој што ми вели Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, туку оној што ја исполнува волјата на мојот Отец, кој е на Небесата. Исус (Матеј 7:21)

    Кој има уши нека слушне. Исус(Матеј 13:9)

    Оној што е од Бога ги слуша Божјите зборови. Исус(Јован 8:47)

    Па затоа пазете како слушате. Исус, Лука 8:18
     
    Последна измена: 14 јули 2023
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли му се на твојот Небесен Татко, кој е во тајност. Исус(Матеј 6:5, 6)

    Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот од Небото. Не чуди се што ти реков морате наново да се родите!

    Ветрот дува каде што сака. Звукот му го слушаш, но не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој што е роден од Духот.
    Исус, Јован 3:6, 7,8
     
    На Victorian и Mic18 им се допаѓа ова.
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    И кога се молите, не бидете како лицемерите, кои сакаат да се молат стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето.

    А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли му се на твојот Небесен Татко, кој е во тајност.

    Исус(Матеј 6:5, 6)
     
    Последна измена: 24 август 2023
    На Македонско04!#@, TMNT, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив.
    Матеј 18;20
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски

    Бога никој никогаш не Го видел; но ако се љубиме еден со друг, Бог останува во нас и Неговата љубов совршена во нас.
    По тоа познаваме дека остануваме во Бога и Бог во нас, што ни дал од Својот Дух.

    1 Јован 4:12,13
     
    Последна измена: 24 август 2023
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив;
    а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина го наоѓаат.
    Матеј 7;13-14

    Не секој што вели Господи, Господи, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен.
    Матеј 7;21
     
    На SigmaMan, Mic18, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. tiggyboy

    tiggyboy Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Машки
    Послание од Павле Галатјаните
    од 5.13 до 5.26
    Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.
    Оти, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе.
    А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.
    Ви велам: живејте по Духот, и желбите на телото ваше нема да ги извршувате.
    Оти, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се еден против друг, +за да не го правите она, што сакате.
    Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.
    Делата на телото се познати. Тие се: прељубодејство, блудство, нечистотија, бесрамност, служење на идоли, магии, непријателство, кавги, ревнувања, гнев, расправии, несогласности, ереси, зависти, убиства, пијанство, срамни гостувања и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо.
    А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон.
    Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите.
    Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.
    Да не бараме лажна слава, еден друг да не предизвикуваме, еден на друг да не завидуваме.
     
    На hermosa, SigmaMan и Mic18 им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Mudre izreke 21
    Biblija: suvremeni hrvatski prevod

    21 BOG upravlja kraljevim odlukama kako želi;
    usmjerava ih kao što kanali usmjeravaju vodu.

    2 Čovjek misli da sve dobro čini,
    ali BOG prosuđuje kakvi su mu motivi.
     
    На SigmaMan му/ѝ се допаѓа ова.
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Јаков 4
    1. Од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли – од вашите похоти, кои се борат во органите ваши?
    2. Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не молите.
    3. Просите, а не добивате, оти зло барате, за да го трошите во вашите похоти.
    5. Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: „Со ревност го љуби духот, што го вселил во нас.”
    6. А дава поголема благодат; затоа е речено: „Бог се противи на горделивете, а на смирените им дава благодат”.
    7. Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!
    8. Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои,лицемери и луѓе со разделена душа
    !
    10. Понизете се пред Господа, и Тој ќе ве возвиши!
    11. Не напаѓајте се еден со друг, браќа: оти, кој го напаѓа братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија.
    12. Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и погуби: а ти, кој си, што осудуваш друг?

    Јаков 5
    13. Кој е меѓу вас мудар и умен, нека ги покаже преку своето добро однесување делата свои во кротост и мудрост.
    14. Но, ако во срцата свои имате горчлива завист и карање, не фалете се и не лажете против вистината:
    15. тоа не е мудрост, која доаѓа одозгора, туку земна, душевна, бесовска;
    16. оти, каде што има завист и карање, таму има неслога и сè е лошо.
    17. А мудроста, што иде одозгора, е најнапред чиста, а потоа мирна, кротка, покорна, полна со милост и нелицемерна.
    18. Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротоворците.

    Така последните ќе бидат први, а првите - последни; зашто мнозина се повикани, а малкумина избрани. Исус (Матеј 20:16)
     
    Последна измена: 10 октомври 2023
    На Wideperpetual, Mic18, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.