„А пред сѐ, имајте усрдна љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“ 1 Петар 4:8 на англиски звучи некако поубаво: ''Above all, love each other deeply, because love covers over a multitude of sins.'' 1 Peter 4:8
Јован, 3: 1. Меѓу фарисеите беше еден човек по име Никодим, кнез јудејски. 2.Тој дојде при Исуса ноќно време и Му рече: Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чудеса, што ги правиш Ти, ако не е со него Бог. 5. А Исус му одговори: Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо 6. зашто роденото од тело, тело е, а роденото од Дух, Дух е. 7. Затоа, не се чуди што ти реков: вие треба да се родите одозгора.
Да, среброто има свое наоѓалиште, а златото место каде се прочистува. Железната руда се вади од земјата, а од камена рудница се топи бакар. Луѓето ѝ поставуваат граница на темнината и копаат до најголемите длабочини, по камен закопан во мрак. Далеку во туѓина длаби ровови, до кои не допира човечката нога, виси, нишајќи се, далеку од луѓето. Крилото на земјата, од кое ни никнува лебот, сето е раскопано како од оган. Нејзините карпи се сокровиште на сафир, златен прав се крие во нив. Грабливите птици не ги знаат тие патишта, соколовото око не ги забележува. Дивите ѕверови не стапнаа на нив, ниту пак некогаш лавот помина по нив. Но човек крева рака против каменот, и ги превртува планините од корен. Засечува премини низ камен, неговото око забележува сè скапоцено.Тој го запира текот на водните жили; засолнати работи изнесува на видело. Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот? Човекот не ја знае нејзината цена, не ја открија во земјата на живите. Бездната зборува: „Ја нема во мене!” А морето: „Не се наоѓа кај мене!” Не може да биде купена со чисто злато, ниту да се измери со сребро нејзината цена. Не се мери таа со офирско злато, ни со скапиот оникс па ни со сафир. Не се споредува со злато, со кристал, ниту се дава за сад од чисто злато. Зошто да се спомнува кристалот, коралот, подобро е да стекне Мудрост отколку бисери. Што е спрема неа етиопскиот топаз, не се преценува ни со чисто злато. Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот? Скриена е за очите на сите живи, таа им избегнува на небесните птици. Пеколната пропаст и смртта изјавуваат: „Ние само чувме за нејзината слава.” Единствено Господ го разбира нејзиниот пат, единствено Тој знае каде се наоѓа. Зашто со поглед ги опфаќа границите на земјата и забележува сè под небесниот свод. Кога сакаше да му одреди тежина на ветерот и со мерилка да ја измери сета вода, кога му наметна закони на дождот и патишта на громовните облаци, тогаш ја виде и ја измери, ја зацврсти и ја испита до дното. А потоа му рече на човекот: „Стравот од Господа - ете што е мудрост, „Отстранувај се од злото” - тоа ти е разумност.” Од Јов 28.
"When you walk through the fire you will not be burned up. When you go through rivers of difficulty, you will not drown."
”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор. Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души; зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.” (Матеј 11:28-30)
"И Господ ќе тргне Самиот со тебе, Самиот ќе биде со тебе, нема да отстапи од тебе и нема да те остави: не плаши се и не ужасувај се.“ Второзаконие 31:8
Надевај се. O човеку, на Господа со сето свое срце.Во него разумот е бесконечен и се гледа:"Јас сум разум, Моја е силата" (Изреки, 8:14) .
Не плаши се, зошто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зошто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победоносна десница. Исаија 41:10
„Вистина ви велам, ако не се вратите и не бидете како деца, нема да влезете во Царството Небесно: Кој, пак, ќе се смири како ова дете, тој е поголем во Царството Небесно; И, кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима; (Матеј 18.3-5)
"Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ги создал небесните светила. Но за разлика од нив, Тој никогаш не се менува, кај Него нема сенка која би била резултат на поместување!" Jаков 1:17
Χριστός ανέστη εκ νεκρών, θανάτω θάνατον πατήσας, και τοις εν τοις μνήμασι ζωήν χαρισάμενος! (Xristos Anesti Ek Nekron Thanato Thanaton Patisas Kai Tis En Tis Mnimasi Zhoin Harisamenos) Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи , и на оние во гробовите живот им дарува!
Благословени се оние кои се чувствуваат духовно сиромашни, зошто на таквите им припаѓа царството небесно! - Исус Христос во евангелието на Матеј 5:3
Возљуби го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила, со сите свои помисли. (Лука 10, 27)